Стрежевска Населба

Стрежевска Населба — населба во северното преградие на Битола, што го најавува излезот кон Прилеп или пристигнувањето во градот. Сите жители се дојдени од раселеното село Стрежево, приморани да се доселат овде поради изградба на хидросистемот Стрежевско Езеро.

Населбата се наоѓа на излезот од градот, на 1.5 км од Широк Сокак во Битола, источно од падините на Облаковска Планина и од левата страна на магистралниот пат Битола - Прилеп. Веднаш до неа, преку патот, се наоѓа приградската населба Горно Оризари.