Островски игри
Островските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA).
Историја
уредиОстровските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години.
Домаќини
уредиГодина | Игри | Остров-домаќин | Земја |
---|---|---|---|
1985 | I | Ман | британски крунски посед |
1987 | II | Гернзи | британски крунски посед |
1989 | III | Фарски Острови | дански автономен регион |
1991 | IV | Оланд | финска автономна покраина |
1993 | V | Вајт | англиска грофовија |
1995 | VI | Гибралтар | британска прекуморска територија |
1997 | VII | Џерси | британски крунски посед |
1999 | VIII | Готланд | шведски округ |
2001 | IX | Ман | британски крунски посед |
2003 | X | Гернзи | британски крунски посед |
2005 | XI | Шетландски Острови | шкотска грофовија |
2007 | XII | Родос | грчки остров |
2009 | XIII | Оланд | финска автономна покраина |
2011 | XIV | Остров Вајт | англиска грофовија |
2013 | XV | Бермуда | британска прекуморска територија |
2015 | XVI | Џерси | британски крунски посед |
Спортови
уредиДомаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список:
Освоени медали
уредиЕве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.
Место | Земја | Вкупно | |||
1 | Џерси | 418 | 408 | 387 | 1203 |
2 | Ман | 343 | 333 | 353 | 1029 |
3 | Гернзи | 335 | 349 | 363 | 1047 |
4 | Готланд | 208 | 173 | 170 | 551 |
5 | Фарски Острови | 162 | 155 | 183 | 500 |
6 | Оланд | 153 | 160 | 134 | 447 |
7 | Остров Вајт | 150 | 138 | 182 | 470 |
8 | Кајмански Острови | 65 | 44 | 49 | 158 |
9 | Сарема | 60 | 72 | 71 | 203 |
10 | Бермуда | 56 | 54 | 64 | 174 |
11 | Исланд | 50 | 45 | 41 | 136 |
12 | Родос | 50 | 43 | 43 | 136 |
13 | Гибралтар | 44 | 48 | 74 | 166 |
14 | Шетландски Острови | 37 | 52 | 81 | 170 |
15 | Менорка | 28 | 25 | 33 | 86 |
16 | Оркни | 19 | 31 | 37 | 87 |
17 | Англси | 19 | 30 | 38 | 87 |
18 | Гренланд | 15 | 19 | 26 | 58 |
19 | Остров Принц Едвард | 6 | 6 | 9 | 21 |
20 | Малта | 6 | 2 | 2 | 10 |
21 | Надворешни Хебриди | 3 | 5 | 13 | 21 |
22 | Сарк | 2 | 8 | 6 | 16 |
23 | Фолкландски Острови | 1 | 5 | 11 | 17 |
24 | Хитра | 1 | 2 | 0 | 3 |
25 | Фреја | 1 | 1 | 2 | 4 |
26 | Олдерни | 0 | 2 | 3 | 5 |
27 | Света Елена | 0 | 0 | 2 | 2 |
Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4.
Надворешни врски
уреди- Островски игри - официјална страница (англиски)