Презвитеријанство

Презвитеријанството е облик на протестантско христијанство кое се придржува до калвинистичките богословски традиции и чија верска служба се врши према Презвитеријанското учење, која нагласува Божја милост низ верата во Исус Христос, авторитетот на Светото Писмо и каде не се признаваат повисоки црковни чинови од презвитерското. Презвитер потекнува од грчки збор кој значи свештеник. Презвитеријанството се развило во текот на XVIII век, во најголема мера во Шкотска, т.е. потврдено е како црковна власт во Шкотскиот Закон во Унијата 1707. Мнозинството на презвитеријанци кои денес живеат во Англија се од шкотско и ирско потекло, а презвитеријанството се исто така проширило и во Северна Америка благодарение на доселениците од Шкотска и Ирска. Презвитеријанските деноминации во Шкотска ја користат теологијата на Калвин и неговите непосредни наследници, иако постои широк распон на теолошки погледи во современото презвитеријанство.

Жан Калвин, основач на калвинизмот