Каналски Острови
Каналски Острови (англиски: Channel Islands, нормандски: Îles d'la Manche, француски: Îles Anglo-Normandes или Îles de la Manche) — архипелаг од британски крунски поседи во каналот Ламанш, помеѓу Англија и Нормандија во Франција. Распоредени се во состав на две бејлифства (bailiwicks): Бејлифство Гернзи (Bailiwick of Guernsey) и Бејлифство Џерси (Bailiwick of Jersey). Се сметаат за остатоци од некогашното Војводство Нормандија и не му припаѓаат на самото Обединетото Кралство.[1] Имаат вкупно население од 158.000 жители. Главен град на Гернзи е Сент Питер Порт (16.488), а главен град на Џерси е Сент Хелиер (28.310). Островите зафаќаат вкупна површина од 194 км2.
Бејлифствата се административно независни едно од друго уште од доцниот XIII век и речиси да немаат заеднички установи.
ГеографијаУреди
Населени острови се Џерси, Гернзи, Олдерни, Сарк и Херм (главни); Жету, Бреку и Лиу (сите освен Џерси припаѓаат на Бејлифството Гернзи). Помали ненаселени острови се: Менкјер, Екреус, Дирује и Пјер де Лек во состав на Бејлифството Џерси) и Беру и Каскетс близу Олдерни. Поголемите острови завршуваат на „-и“, а помалите на „-у“, што е остаток од старонордискиот јазик.
Највисока точка на островите е врвот Платонс во Џерси, со 143 м надморска височина.
ЗнамињаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Каналски Острови - royal.gov.uk (англиски)
Надворешни врскиУреди
„Каналски Острови“ на Ризницата ? |
- Управа на Олдерни (англиски)
- Управа на Гернзи (англиски)
- Управа на Џерси (англиски)
- Управа на Сарк (англиски)