Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 4

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Портали уреди

Мислам дека е добро да се води сметка и на создавањето на инфокутии, како и нивното преведување од другите јазици, а исто така мислам дека ни се потребни нови Проекти со што мислам ќе може некои корисници да се специјализираат на уредувањето на нови статии зависно од нивните интереси. Во секој Проект е добро да се постават задачи и цели што ќе го водат корисникот во уредувањето на статиите. Наведувањето на потребните статии исто така е од голема корист. Кај уредувањето на статиите мислам дека има многу статии никулци кои бараат проширување, а тоа е возможно поради големиот број на податоци кои се лесно достапни. Ги поддржувам некои корисници дека на статиите им се потребни слики, но мислам дека е потребно да се обрне внимание, доколку е можно да се подигнат датотеки за слики на што еможно поголем број на статии, а не многу слики за мал број на статии.

Ве молам разгледајте го особено предлогот за нови Проекти и пишете ми доколку ви се допаѓа или не.--Kiril Simeonovski 18:48, 16 јули 2008 (UTC)


Ок, на место е забелешката дека ни се потребни проекти да ја координираме работата. Кога ќе има уредувачи и интерес за некоја тема (некој проект), покажете иницијатива и ќе го отвориме. Всушност, и не е толку голема философија: почни страница Википедија:ВикиПроект (именатемата), постави кои се целите на проектот, кои статии се во опсегот на проектот, на кој начин ќе функционирате (конкретни планови; ќе се пишуваат ли статии, ќе се средуваат ли), поставете правила или конвенции за тој тип на статии, една листа на учесници и почнувајте. Не мора да е нешто којзнае колку свечено, ова е за функционалност и подобра соработка. Значи почнувајте слободно википроекти. А за сликите моментално имаме поголеми проблеми, бидејќи половината не се убаво средени. --Brainmachinewtf? 22:27, 16 јули 2008 (UTC)

Олимписка треска уреди

Понесен од Олимписката треска, во последниве месец и половина уредував статии поврзани со Олимписките игри. Ја средив и статијата Летни олимписки игри - 2008 во чест на престојните Олимписки игри во Пекинг и веќе ја предложив неколку седмици пред почетокот на игрите за избрана статија на седмицата од 3 август до 10 август кога и игрите ќе бидат свечено отворени. Очекувам доколку ја разгледате статијата да напишете барем нешто или пак да напишете што би смениле и се разбира слободно сменете го. Се надевам дека нема да ми забележите за ваквиот ран предлог. ПОЗДРАВ. --Kiril Simeonovski 04:04, 19 јули 2008 (UTC)

Спречување на девијација уреди

Мислам дека е добро да го следиме примерот од Википедија на другите јазици и да не им дозволуваме на анонимни уредувачи да уредуваат статии. Причината е и повеќе од јасна. Речиси половина од статиите коишто се уредени во еден ден треба да бидат предложени за брзо бришење поради недостаток од содржина, неенциклопедиска содржина, вулгаризам и слично. --Кирил Симеоновскиразговор 22:20, 25 август 2008 (UTC)

каде е македонскиот ? уреди

каде е македонскиот јазик во листата на јазици ? зошто го нема ? —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Marko-mk (разговорпридонеси) 14:36, 29 август 2008

Извинете, но на која листа на јазици? Појаснете, Ве молам. --Brainmachinewtf? 12:44, 29 август 2008 (UTC)

Нов бирократ уреди

Би замолил некој од тековните администратори да се пријави за позицијата бирократ. Тековните 3 бирократи (меѓу кои сум и јас) се во голема мера неактивни, а некогаш се јавува потреба за интервенција. Патем, морам да ве пофалам, Википедија на македонски јазик добива одлична форма, и се радувам што читам се подобри статии. Само продолжете така! --Милош (разговор) 00:51, 26 септември 2008 (UTC)

Предлог: „Википедија: Рецензија“ и систем за оценување на квалитетот на статиите уреди

Почитувани Википедијаници, сметам дека нашата енциклопедија до сега нема оформено цврст систем на вреднување на квалитетот на статиите. Го имаме терминот „избрана статија“ за оние статии кои еднаш неделно ги „ставаме на излог“, метафорично кажано. Сепак, избраните статии на Википедија најчесто не се она што треба вистински да го претставуваат — пример за нашата најквалитетна работа како заедница. Многу од статиите кои се изгласуваат како избрани најчесто и не се детално прочитани и прегледани од заедницата и затоа се далеку од целта — полни се со нешта кои се косат со критериумите за квалитет: правописни и граматички грешки, промашен енциклопедиски стил и/или структура, недоволно покривање и истражување на темата, определеност кон ставови, неверодостојност и непроверливост. Сметам дека прагот на квалитет на енциклопедиските статии на мк.вики може и мора да се подигне. Во продолжение ќе објаснам детално како тоа можеме да го сториме со помош на една нова сфера на мк.вики која ќе ја наречеме Википедија:Рецензија.

Ќе ви го претставам патот на една идна новосоздадена статија:

  1. Некој корисник започнува нова статија — никулец;
  2. Вики-заедницата ја проширува статијата во нормална статија (веќе не е никулец);
  3. Заедницата го зголемува нејзиниот квалитет водејќи се по кратките критериуми за една одлична статија;
  4. Статијата е номинирана за преглед во Википедија:Рецензија — таму добива поправки и конструктивна критика за тоа како да се подобри статијата. Овде статијата добива една оценка на скалата за квалитет според тоа кои критериуми ги исполнува (ова ќе биде подолу објаснето). Доколку статијата има квалитет на избрана статија, се оди директно на чекор 7;
  5. Вики-заедницата со помош на конструктивната критика го подобрува квалитетот на статијата;
  6. Статијата повторно се дава на Википедија:Рецензија сѐ додека не се утврди дека квалитетот на статијата е на врвот на скалата — таа е валидна за избрана статија;
  7. Статијата се номинира за избрана статија и се гласа за тоа во која седмица да биде прикажана на главната страница;
  8. Статијата е веќе избрана и претставува одличен енциклопедиски извор на знаење и понатаму има потреба од само ситни одржувања.

Она што досега го немаме се чекорите 4, 5 и 6. Сега ќе појаснам неколку работи за тоа што би претставувал и како би функционирал овој систем.

Зошто „рецензија“? уреди

Рецензирање (латински: recensere) означува критичко прегледување, стручно прикажување, оценување на некој труд, како и постапка во која преку споредба со други ракописи се бара најдобриот текст на еден писател. Токму тоа и ќе го правиме во Википедија:Рецензија — ќе воспоставиме определени стандарди (скала на квалитет) и ќе ги споредуваме статиите според тие стандарди. Така ќе можеме да дадеме конструктивна критика за нив и да покажеме каде тие треба да се подобрат, но и ќе добиеме шанса веднаш да ги поправаме некои од недостатоците (на пр. правописот и стилот). Затоа сметам дека „рецензија“ е соодветен термин за овој проект. Името е отворено за дискусија, доколку некој има подобар предлог, слободно нека го изјасни.

Каква ќе биде скалата на квалитет? уреди

Скалата на квалитет ќе ги дели статиите во неколку основни групи. Ова е приказ на тоа како би можело да изгледаат групите (сѐ уште е предлог):

  • Никулец-класа — почетна статија составена само од вовед и неколку параграфи.
  • Почната статија — статијата не е веќе никулец, таа подетално ја објаснува темата и веќе има оформено секции, но сѐ уште не е доволно информативна.
  • Б-класа — оваа статија е пообемна и е составена од повеќе секции. Таа истражува повеќе области од темата, но сепак има проблеми со стилот/покриеноста со извори и проверливоста. Некои од клучните аспекти на темата се пропуштени. И фалат определени критериуми за А-класа.
  • А-класа — Статиите во оваа класа треба да бидат добро покриени со референци и да бидат проверливи, да имааат дефинирана структура и прифатлив и јасен стил, како и покриена содржина, но не целосно покриена. Некои аспекти во содржината и стилот треба да се подобруваат и прошируваат.
  • Добра статија — Оваа статија е стабилна (нема контроверзии, уредувачки војни итн.), целосно е покриена со извори, неутрална е и има јасна и разбирлива проза. Илустрирана е со слики и темата е скоро целосно покриена. Некои уредувања од експерти на темата врз содржината и стилот би биле корисни за разработување на определени слаби точки на статијата кои треба да се разрешат за да биде избрана.
  • Избраната статија има веќе целосна содржина покриена со дополнителен материјал, а останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали. Има брилијантна проза од професионален стандард што му овозможува на читателот комплетно едукативно искуство. Понатаму се потребни само ситни ажурурања, ако има потреба од нив.

(Забелешка: Ова е само пример)

Она што треба да го направиме е да се договориме кои критериуми да ги дадеме за која група на статии. Ова ќе го направиме преку дискусија и консензус на заедницата.

Како ќе се одвива целата работа? уреди

Некој ќе ја даде статијата за рецензија на посебна потстраница: Википедија:Рецензија/Именастатија. Понатаму волонтерите-рецензенти (искусни уредувачи, јазични лектори или експерти на дадената тема) ја читаат статијата, вршат поправки и даваат совети каде може да се подобри статијата. Потоа преку консензус на рецензентите (не гласање!) се дава оценка во која група спаѓа статијата. На нејзината разговорна страница се става шаблон и кратко сумирање на проблемите на статијата за да знае заедницата на што да работи. Преку подобрувањето и рецензирањето, значително ќе ја подигнеме продуктивноста.

Како да дојдеме до ВП:Рецензија? уреди

Најпрвин ќе создадеме ВикиПроект за да ја координираме целата работа, а потоа е клучно да се договориме за стандардите кои ќе важат за секоја класа на статии. Откако ќе се договориме за нив, следниот чекор е технички: создавање на сите потребни предлошки, категории и страници за функционирање. Потоа следува тестирање од неколку рецензии за да видиме како ќе се одвива работата. На крај, ако е успешен тестот, ја усвојуваме рецензијата како официјално напатствие преку консензус на заедницата.

Тоа е мојот предлог. Ве повикувам на дискусија. --Brainmachinewtf? 11:35, 25 октомври 2008 (UTC)

  -- MacedonianBoy  Oui? 11:51, 25 октомври 2008 (UTC)   Мислам дека е добра идејата и треба така да се постапува. Најсоодветно би било да се става на страната за разговор соодветен шаблон што ќе ја оценува статијата и со кој квалитет е (а, б, в..). Ова треба да е во склоп на ВикиПроект Одржување. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 11:51, 25 октомври 2008 (UTC)
  Andreina (разговор) Дефинитивно треба да се стремиме првенствено кон квалитет на статиите. Предлогот е добар и јас сметам дека треба да постојат предлошки на кои јасно ќе биде дефиниран квалитетот на секоја статија. Предлагам предлошките да имаат различни бои, да бидат лесно препознатливи. Ако се работи за три нивоа на квалитет, можеби би одговарале боите на семафорот (црвена, жолта и зелена) бидејќи на некој начин поренесуваат порака, на пример „внимание“ и сл. Поздрав.
Ќе го имаме тоа во предвид. На пример никулец статиите со црвена, добрите статии со зелена, а избраните со стандардната златна ѕвезда. --Brainmachinewtf? 13:53, 25 октомври 2008 (UTC)
  --Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 25 октомври 2008 (UTC) Одамна ни требаше нешто вакво. Веднаш се фаќам на работа. Претпоставувам дека и гласовите ќе го потврдат тоа.
   Виолетова 15:45, 25 октомври 2008 --- Мене како понова овде, нешто друго ми падна во очи - на пример, најдов неколку статии (од моите области на интерес) кои би ги изменила, а не знам дали треба да побарам дозвола од тој што ги поставил... Квалитетот на информациите и на напишаното е многу важен, инаку сè паѓа во вода, т.е. делува несериозно. Ова не ми е јасно: дали за рецензија мислите да се предложи статија која треба да се преработи? Или пак статија која е веќе добра, ама да биде ставена за гласање за на насловна? Тоа не го сфатив од предлогов...
Ова особено е важно за статии кои не се добри. Ете на пример, некоја од тие статии кои сте ги забележале, ќе ја предложите за рецензија и ние ќе направиме поправки и ќе дадаме совети во кои насоки да се развива во иднина. А важи и за добрите статии: ако е предложена некоја статија која навистина е со натпросечен квалитет, ѝ даваме ознака дека може да биде ставена за гласање за на насловна. Рецензијата ќе биде за сите статии — да се открие до кој степен на развој се. --Brainmachinewtf? 13:59, 25 октомври 2008 (UTC)
PS. Заборавив да кажам, слободно уредувајте ги статиите кои би ги измениле — нема потреба од никаква дозвола! Таков е вики-духот. --Brainmachinewtf? 14:01, 25 октомври 2008 (UTC)
ОК :) -- Виолетова 16:18, 25 октомври 2008
  --Boyan (разговор) 14:37, 25 октомври 2008 (UTC)
  --Црноризец (разговор) 16:48, 25 октомври 2008 (UTC) Прекомплицирано и прешироко. Некогаш и првата верзија на некоја статија може да е добра и содржајна (не е никулец), а некогаш и по 100 рецензии може да остане на никулец. Јас секако рецензирам или дополнувам-средувам понекоја статија што ми е од интерес, ама мислам дека тоа треба да се остави на индивидуалните уредувачи и на конкретни проекти што и кога ќе уредуваат. И на крајот, не е во духот на википедија да се бирократизира процесот на уредување на статиите. Секој може да придонесе кога сака и кајшто сака. Ако некој мисли за некоја статија или некој навод дека не задоволува некој од критериумите на википедија, за тоа постојат соодветни предлошки-семафори. Сево ова што е предложено едиствено има смисла во рамките на конкретни тематски проекти: унифициран изглед, потребни информации, предлошки, поднаслови, тим кој ја разбира областа за да може меродавно да рецензира, ... Поздрав, --Црноризец (разговор) 16:48, 25 октомври 2008 (UTC)
   --Raso mk (разговор) 19:39, 25 октомври 2008 (UTC)    Идејата е убава, но сметам дека е премногу сложена. Ние немаме некој голем број на уредувачи за вакви проекти. Ние неколкумината кои навистина пишуваме статии се трудиме да напишеме статии колку што може повеќе. А со вакви проекти, дискусии и внимавања само ќе го губиме ценетото време во дискутирање и оценување на статии. И на крајот кој ќе ри рецензира неколкуте илјади статии?
Црноризец, сметам дека бирократија е несоодветен збор за ова што планираме да го направиме. Оваа служба ќе делува како советувалиште. Да, точно е дека имаме мал број на уредувачи кои пишуваат статии, но токму тоа е и проблемот: голем број од статиите имаат само еден единствен уредувач. Со ова ќе доведеме плурализам во уредувањето; ќе ги воочиме грешките кои се невидливи за некој уредувач, без разлика колку е искусен. Не е целта само да создаваме и да создаваме и да создаваме статии, за нашата статистика да биде поголема од другите википедии на пр. Имајте ја во предвид и дистрибуцијата на статии: голем број од есенцијалните теми за една енциклопедија не се покриени. Најконкретен пример — сѐ уште немаме напишано статија за технологија (а имаме портал:технологија)! Штом не можеме да влијаеме врз тоа кои статии да се пишуваат (секој пишува за она што го интересира), можеме барем да се обидеме да го подобруваме квалитетот на веќе постоечките статии. Јас сум прв волонтер за рецензент. Мојата активност на Википедија во последниве месеци не е насочена кон пишување на статии, туку целосно е насочена кон решавање на најразлични технички проблеми и можам да се нафатам со ова. Вака оние неколкумина кои навистина пишуваат статии можат да продолжат непречено со работата, нема да изгубат од ценетото време во дискутирање и оценување на статии. Ние ќе им бидеме од помош! Дозволете да се обидеме, да видиме како ќе профункционира целата работа. Знам дека ќе даде резултати. Ваквиот систем е усвоен на голем број други википедии — имајте ги во предвид англиските Peer review и Requests for feedback, руското Статьи для рецензирования и уште дваесетина други верзии. И уште нешто: нема да ги рецензираме сите илјадници статии, туку само оние кои ќе побараат рецензија. --Brainmachinewtf? 23:02, 25 октомври 2008 (UTC)
   --Фичо (разговор) 12:10, 26 октомври 2008 (UTC)    Сѐ е во ред со идејата. Но, што точно ќе се случува со статиите за кои има уредувачки војни (а такви има многу, особено од областа на историјата). Мислам дека би било добро да ги класифицираме како статии подложни на уредувачки војни или така нешто, во секој случај во посебна категорија.
   --Виктор Јованоски (разговор) 22:14, 26 октомври 2008 (UTC)    Овој Brainmachine е неверојатен - уште една генијална идеја. Ги разбирам сите сомнежи и критики, но, барем мое мислење, е дека доколку ВП:Рецензија овозможи и само една страница да биде подобрена - што и не се сомневам дека ќе се случи - веќе ќе си го оправда своето постоење. --Виктор Јованоски (разговор) 22:14, 26 октомври 2008 (UTC)
   --brest (разговор) 07:23, 28 октомври 2008 (UTC)    Убава иницијатива, која веројатно нема да има кој да ја спроведе. Доколку ги видам поддржувачите на оваа идеја малку повеќе активни во иднина тогаш има шанси да успее иницијативата, во спротивно истата ќе предизвика контраефекти и негативно ќе влијае на развојот на мк.википедија.--brest (разговор) 07:23, 28 октомври 2008 (UTC)
   Брест, благодарам многу за големиот ентузијазам и за помошта која ни ја давате, тие секогаш се ценети. </sarcasm> --Brainmachinewtf? 15:06, 28 октомври 2008 (UTC)
и кој ми ги блокира "на денешен ден" и "дали сте знаеле" на гл. стр. кога и онака речиси само јас ги уредував?!? --Црноризец (разговор) 01:07, 27 октомври 2008 (UTC)
Црноризец, пробајте сега, нема да имате проблеми. Се извинувам за непријатностите. --Brainmachinewtf? 15:06, 28 октомври 2008 (UTC)


Предлог: да се активира македонскиот Викицитат уреди

Досега неколкупати наидувам на таа страница, ама вечерва се изнамачив да пишам еден куп цитати од Карлос Кастанеда, и излезе дека на англиската верзија пишувам... ме блокираа - не било на македонски... :( Предлагам да го средиме тоа, инаку џабе стои на некои статии дека „Викицитат има збирка цитати поврзани со:...“ --- Корисник:Виолетова 22:15 9 ноември 2008 (CET)

Како те блокираа?-- MacedonianBoy  Oui? 22:00, 9 ноември 2008 (UTC)
Прво ставив на кратко и ја зачував страницата за да видам како изгледа, а потоа не можев да направам `апдејт` со нови информации... сега стои пишуванка дека ќе ја избришат за 7 дена, затоа што не е на англиски јазик - еве [ОВДЕ]

--- Корисник:Виолетова 23:06 9 ноември 2008 (CET)

Ништо не може да се стори бидејќи тоа е правило мора да биде на абглиски. Не сум запознаен со тоа јас, па мислам Брејнмашин ќе знае повеќе.Поз-- MacedonianBoy  Oui? 22:23, 9 ноември 2008 (UTC)

Сега им пишав дека е грешка: You can delete this article right now, because this is mistake... I just follow link from my site (macedonian wiki), and it brought me here... I thought mаybe this is Wikiquote site for all users... и така, да не се брукам, штом тоа си е Викицитат само за англиски, треба тогаш кутијата со Викицитат кај нас што се појавува да ме води до наша страна каде ќе можам да пишувам... --- Корисник:Виолетова 23:30 9 ноември 2008 (CET)

Избрана слика на денот уреди

Предлагам да се премине на избрана слика на денот, наместо како досега избрана слика на седмицата, со цел да се зголеми честотата на нови содржини на главната страница. За оваа цел да се искористи избрaната слика на денот на Commons:Слика на денот, т.е. мој предлог е она што е избрано на Commons да се презема и на нашата википедија. Бидејќи избраните слики на Commons се бираат отприлика еден месец пред тековниот, нема да биде проблем да ги адаптираме описите на соодветно избраните слики. На овој начин ќе обезбедиме висококвалитетни слики со дневна зачестеност. Исто така ќе ги подигнеме критериумите за избрани слики и секој кој ќе сака да предложи своја слика за избрана треба да помине низ филтерот на Commons заедницата. Сепак, со оглед на тоа што ова е википедија на македонски јазик потребно е да се воведат случаи кога ќе може да се избираат слики различни од избраните на Commons а се од особена важност за вики заедницата која твори на македонски јазик. Ова пред се би се однесувало на слики од значајни настани за викизаедницата. Согласно ова би требало да се модифицираат и правилата за избрани слики. Еве го мојот предлог на новите правила:


Избрани слики се оние слики кои корисниците на Commons ги сметаат за најквалитетни согласно правилата за избрани слики на Commons. Овие слики се прикажуваат на Главната страница.
Доколку викизаедницата која создава на и ја користи википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден треба да биде избрана слика која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика со посебно значење, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините посебности.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.
Избрана слика е сликата која на Commons била избрана за слика на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана слика која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{Против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{Против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{Воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{Против}} и {{Воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Commons.
Избраната слика се поставува на главната страница.

Молам за дискусија и гласање, --brest (разговор) 23:15, 9 ноември 2008 (UTC)

Гласањето закажано да заврши до 23.59.59 на 20.11.2008
   --brest (разговор) 23:15, 9 ноември 2008 (UTC)    Види опис и образложение на предлогот. --brest (разговор) 23:15, 9 ноември 2008 (UTC)
  -- MacedonianBoy  Oui? 23:23, 9 ноември 2008 (UTC) И јас сакав да спомнам нешто вакво. Поздрав
   --Kiril Simeonovski (разговор) 23:33, 9 ноември 2008 (UTC)
  --Raso mk (разговор) 23:35, 9 ноември 2008 (UTC)
   --Brainmachinewtf? 13:40, 11 ноември 2008 (UTC)    Силно го поддржувам овој предлог. Некое време и јас размислував да го предложам. На овој начин со малку труд ќе добиеме квалитетни слики секој ден.

Гласањето е завршено во предвидениот рок. За (  ) гласале 5 корисници, Против (  ) или воздржано (  ) ниту еден. Предлог идејата се смета за прифатена и ќе биде имплементирана на главната страница.--brest (разговор) 07:27, 21 ноември 2008 (UTC)

   Предложив гласањето да трае до 20.11.2008. А за тоа време, бидејќи гледам овој предлог дека наиде на добар одзив во самиот старт, што велите да ги спичкаме (да ги испреведеме) овие слики Commons:Template:Potd/2008-11 (нека биде од 21.11.2008 па натака) и Commons:Template:Potd/2008-12 (декември), како би можеле веднаш после завршувањето на гласањето да ги имплементираме тука, и да не се секираме до нова година. Преведувањето да го вршиме директно на Commons, после лесно ќе ги превземеме овде на mk.wiki. Ако имате прашања како тоа да го направиме слободно прашувајте, многу е едноставно.--brest (разговор) 23:48, 9 ноември 2008 (UTC)

   Ајде да ги „спичкаме“, ама од утре. Треба да се стане за работа.--Raso mk (разговор) 23:52, 9 ноември 2008 (UTC)

   Преведени се описите на сликите од Commons за месец ноември 2008 година, погледнете ја галеријата на избрани слики за месец ноември тука и направете корекции на преводот во шаблонот {{Главна страница / избрана слика / опис / 2008 / ноември}}, оти можно е да има поголеми грешки. Како би изгледала главната страница откако ќе се воведе овој начин на функционирање на слика на денот може да погледнете тука. Благодарам за досегашната помош и поддршка и ни останува да го средиме месец декември 2008 година, како и другите месеци кои ни претстојат.--brest (разговор) 19:49, 15 ноември 2008 (UTC)

   Потребен е превод на описот за сликите за секој ден за месеците: {{Главна страница / избрана слика / опис / 2008 / декември}}, {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / јануари}}, {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / февруари}} и {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / март}}. Средени се соодветните страници за слики на денот за месеците: декември 2008, јануари 2009, февруари 2009 и март 2009. Може да се даваат специфични предлози на соодветните страници за разговор: ноември 2008, декември 2008, јануари 2009, февруари 2009, март 2009, ... За понатаму ќе видиме. Преводите е пожелно да се прават синхронизирано и на Commons и на мк.википедија.--brest (разговор) 21:41, 15 ноември 2008 (UTC)

   Предлошките на описот за сликите за секој ден за месеците: {{Главна страница / избрана слика / опис / 2008 / декември}}, {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / јануари}}, {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / февруари}} и {{Главна страница / избрана слика / опис / 2009 / март}}, не се потребни и се избришани. Описите се вклучени во соодветните страници за слики на денот за месеците: 2008 XI, 2008 XII, 2009 I, 2009 II и 2009 III. Специфични предлози за слика на денот се даваат на соодветните страници за разговор: 2008 XI, 2008 XII, 2009 I, 2009 II, 2009 III, ... Се препорачува преводите да се прават синхронизирано и на Commons и на мк.википедија.--brest (разговор) 11:11, 16 ноември 2008 (UTC)

Правило за создавање галерија и вметнување на слики по статии уреди

Имам еден предлог што мислам дека ќе биде од доста голема корист за Википедија. Имено мојот предлог е да се создаде правило за креирање галерии и вметнување на слики по статии. Ова го предложувам бидејќи сум испровоциран од голем број статии што имаат повеќе слики одошто текст. Најосновните причини за создавање на такво правило се:

  1. Статиите на Википедија сѐ повеќе наликуваат на сликовница- сѐ помалку текст а сѐ повеќе слики се ставаат,
  2. Естетиката на статиите се губи и сликите не личат на енциклопедиски содржини,
  3. Премногу слики се вметнуваат за оставарување на одредени скриени цели- туристичка промоција на одредена локација, место или држава и за политичко-пропагандистички цели,
  4. Галериите на статиите не личат на ништо, има премногу слики, бидејќи нема правило на Википедија што би одредило колку слики би се ставале на статиите, бидејќи да не заборавиме треба да има помалку слики бидејќи имаме ризница на слики и сликите можат таму да се видат а не на статиите,
  5. Википедија почнува да наликува на Фликр или слични страни за фотографии.

Ве молам размислете за овој предлог и да го составиме правилото заеднички. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 19:40, 11 ноември 2008 (UTC)

Се согласувам со овој проблем. Во продолжение го изложувам моето решение. Википедија функционира врз принципи (порано познати како напатствија, ова е терминот кој ќе го употребуваме), правила кои сите уредувачи мора да ги почитуваат и напатствија, правила кои ги насочуваат/советуваат корисниците како да работат. Кога некој корисник ќе додаде преголема галерија на слики во една статија, намалете ја галеријата или отстранете ја (по своја проценка, користејќи здрав разум), додадете врска до категоријата на слики во Заедничката ризница со шаблонот {{Ризница-врска|Commonscatname}} и преминете на поучување на корисникот. Најпрвин покажете му го принципот: Википедија:Што не е Википедија#Википедија не е збирка на надворешни врски, галерии на слики или медиуми (искористете ја практичната кратенка ВП:НЕГАЛЕРИЈА). Принципот гласи:

Википедиините статии не се збирки на галерии на фотографии или мултимедијални датотеки без текст кој би одел со статијата. Доколку сакате да додадете некоја слика, обезбедете енциклопедиски контекст или размислете за тоа да ја подигнете на Заедничката ризница на Викимедија. Во статиите додавајте само слики кои се поврзани со контекстот и служат исклучиво за илустрирање на содржината. Википедија не е сликовница. Ограничете ја употребата на слики во галерии — наместо тоа додавајте врска до соодветната категорија на Заедничката ризница.

Следно нешто што треба да се направи е да се напише секција во Википедија:Прирачник за стилот која концизно ќе даде напатствија за тоа како да се додаваат слики во статиите. Мојот предлог е за урнек да го земеме ова напатствие — en:MOS:IMAGE (англиски). Едноставно да го преведеме (го прочитав и мислам дека е ок, мислам дека и ние може да ги користиме тие напатствија на ова вики) и да го вметнеме во секција ===Слики=== во ВП:СТИЛ. --Brainmachinewtf? 20:57, 11 ноември 2008 (UTC)

lele oti nema statija za marko cepenko уреди

? —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 213.135.189.29 (разговор) 02:37, 23 јануари 2009

Има бре, Марко Цепенков. --Brainmachinewtf? 00:56, 23 јануари 2009 (UTC)

Подигнување на слики и останата мултимедијална содржина во Заедничката ризница уреди

Почитувани Википедијанци. Сакам да Ве известам дека врз основа на бројните дискусии и разговори за правилата и стандардите за подигнување на слики и сите проблеми коишто настануваат со нивното неправилно подигнување ја отворам оваа дискусија со цел преку Вашите комен тарии мислења да дојдеме до соодветен заклучок дали е потребно да се покрене соодветна иницијатива за подигнување на сликите директно на страницата на Заедничката ризница.

Заедничка ризница (Wikimedia Commons)претставува мултемидска колекција, која содржи слики, звучни содржини и други мултимедијални содржини, кои може слободно да бидат употребени на било кој друг Викимедија проект, вклучувајќи ги сите јазични изданија.

Предностите од подигнувањето на ваквите содржини, пред сѐ сликите во заедничката ризница, наместо на едно јазично издание на Википедија се многубројни, но најзначајните се следниве.

  1. се зголемува бројот на мултимедијални содржини, кои мое да бидат искористени на сите Викимедиа проекти;
  2. се намалува ризикот од погрешно подигнати слики (погрешна лиценца, содржини ез посочен извор, без конкретен опис и употреба и др.);
  3. се намалува бројот на сликите за внатрешна употреба на само еден Викимедија проект поради што доаѓа до контрол на внатрешното работење на еден проект од страна на стјуардите на Мета, а понекогаш при интензивно неправилно подигнување на слики може да дојде и до закана за укинување на проектот;
  4. се зголемува прегледноста на подигнатите слики, бидејќи тие за многу краток временски период се уредно класифицирани во категории кои најсоодветно ги опишуваат, со што временскиот период за нивно пребарување се намалува.

Имено, целта на иницијативата (видете во планирани иницијативи на страницата Википедија:Иницијативи/2009) е да се запознаат корисниците на Википедија на македонски јазик за оваа можност, којашто ги обезбедува горенаведените предности.

За таа цел, во план е покренување на соодветна иницијатива, која ќе овозможи популаризација на ваквото подигнување на мултимедијални содржини. Затоа, Ве молам да гласаме и слободно да коментираме околу покренувањето на ваква иницијатива наскоро.

Дискусија уреди

Може да коментирате за сѐ во врска со оваа тема. Вашите мислења се добредојдени, но гласовите пред сѐ се насочени дали треба или не наскоро да се покрене иницијатива.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:00, 26 јануари 2009 (UTC)

П.С.Најголем проблем претставуваат неправилно подигнатите слики, па пред сѐ иницијативата би била покрената со цел да се намали бројот на неправилно подигнати слики.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 26 јануари 2009 (UTC)

Македонската Википедија има голем број на подигнати слики во однос на статиите, како и во однос на другите Википедии со слична големина. Ова е добра иницијатива, со тоа што мислам дека мора да се внимава. Слики на Commons може да бидат издадени само по ГЛСД лиценца, а за тоа е потребна писмена согласност од авторот на делото. Би избегнувал ставање на слики, издадени под CC и други полиберални лиценци. Исто така, сликите од јавен домен од владини сајтови (како на пр., сликите што ги закачив за Дабиље), на македонски теми, мислам дека би требало да се избегнува да се ставаат на Commons, бидејќи и покрај тоа што се работи за јавно достапни информации според некои закони; нејасно е тоа што владините сајтови имаат копирајт знак, а освен тоа, мислам дека тие закони според кои владините слики се во јавна сопственост, се однесуваат само на граѓаните на РМ. --FlavrSavr (разговор) 16:11, 26 јануари 2009 (UTC)
Можеби е надвор од темата но би сакал да искоментирам нешто. Нашава Википедија не само со сликите и со милион други работи има мали да речам проблеми. Секој ама секој корисник макар и да е администратор знае дека речиси ниедно правило не го почитуваме во врска со што и да е, секој си прави што сака, на никој не му е грижа дали има правило за тоа или не, но тоа не ми беше поентата туку сакам да потенцирам за едно такво „правило“ во врска со сликите кое не се почитува. Кога некој подигнува слика (на стандарден начин) има напомена дека ако сликата не е на пример вака Крсте_Петков_Мисирков.jpg (ова е само пример тој ми падна прв на памет) ќе биде избришана. Што значи не смеело да биде ваква GPS54SF.jpg (и ова е пример :)) или Krste_Petkov_Misirkov.jpg (пример. Ќе ве замолам сите да го почитуваме ова правило, јас во последно време го почитувам но некогаш знам и да остапам. Значи предложувам пред навистина да се внесеме во оваа идеја (која патем е одлична) сакам да заклучиме некои норми по кои СИГУРНО ќе работиме и ќе ги почитуваме. Што значи од сега па понатаму да подигнуваме според правилата, а тие слики што не се подигнати според правилата да бидат избришани, НО досегашните подгинати слики кои сите се „грешно“ подигнати да не бидат избришани. Туку секој корисник да нафати секој ден или кога може по некоја слика, да ја смени во правилна форма и потоа да отиде на статијата каде таа слика има врска и таму исто така го смени нејзиното име за да не покажува дека сликата непостои. Но секоја нова подигната слика ќе биде избришана. Дали се согласувате со мене за ова. Ако не сум во право слободно кажете, а и да сум и да не сум мислам дека најпрвин сите предлози и правила поврзани со сликите да ги поставиме овде, да ги подискутираме па ПОТОА да преминеме на следниот „чекор“. Се согласувате!
P.S. Инаку идејата/предлогот е одлична/ен и 100% ја поддржувам, но неможев да „оддолеам“ а да не го пишам тоа што го пишав! --Макс(разговор) 20:43, 26 јануари 2009 (UTC)
Се согласувам со Макс, но работата е што мислам дека колку и да дискутираме за нив, се сомневам дека ќе има ефект. Ние веќе имаме одличн правила за подигнување на слика, но проблемот е што никој не ги почитува. Изгледа на сите што подигнуваат слики им е рутина да не го менуваат името на датотеката или ги мрзи. Не знам точно што е, но колку и да дискутираме нема многу да смениме, бидејќи сѐ е во ред со правилата, само што не се почитуваат. --Kiril Simeonovski (разговор) 16:21, 27 јануари 2009 (UTC)
Според мене, најдобро е сите слики што се на македонската Википедија да се преподигнат на Комонс, а тие што се веќе подигнати, нормално нема потреба. Така, нема да имаме проблеми со подигнување слики тука, а и раат ќе бидеме од тоа. Сликите што би се подигнале таму ќе можат да се користат и на други Википедии, а не само тука. Цврсто стојам на овој предлог а како пример за ова е шпанската Викиепедија. Таму нема ниту една слика, сите се на Комонс. Поздрав --MacedonianBoy (разговор) 16:28, 27 јануари 2009 (UTC)
ПС:Рашо и еден друг корисник работаат на случајот, директно подигаат слики на Комонс.

За уреди

Против уреди

Воздржан уреди

Избрана мултимедијална содржина на денот уреди

Во согласност со дискусијата за медија на денот, со Б. Јанкулоски, Предлагам да воведеме избрана мултимедијална содржина на денот. Порано имаше секција на главната страница со слична намена која што одеше еднаш седмично (види тука), но беше презентирана во друга форма од онаа која што сега се предлага.

Целта е да се зголеми честотата на нови содржини на главната страница. За оваа цел да се искористи избрaната мултимедија на денот на Commons:Медија на денот, т.е. мој предлог е она што е избрано на Commons да се презема и на нашата википедија. Бидејќи избраните медија содржини на Commons се бираат отприлика еден месец пред тековниот, нема да биде проблем да ги адаптираме описите на соодветно избраните медии. Впрочем Б. Јанкулоски веќе работи на Commons подолго време во ова поле. На овој начин ќе обезбедиме висококвалитетни медија содржини со дневна зачестеност. Очекувам ова да испровоцира активности за избрани мултимедијални содржини од интерес на вики заедницата на википедија на македонски јазик. Значи ќе може да се избираат мултимедијални содржини различни од избраните на Commons а се од особена важност за вики заедницата која твори на македонски јазик. Ова пред се би се однесувало на мултимедијални содржини од значајни настани за вики заедницата и Македонија.

Јас би креирал соодветни предлошки по урнек на предлошките за избрана слика на денот, како на Commons така и на мк.википедија, со што целиот процес на одржување би се автоматизирал максимално можно. Избраната мултимедијална содржина на денот предлагам да оди во секцијата заедно со избраната слика на денот. Ова го предлагам од причини што сметам (барем кога ја прелистувам главната страница на wide screen со повисока резолуција) има доволно празен простор во секцијата слика на денот кој би можел да се искористи за мултимедијална содржина на денот. Доколку некој име поинакви искуства би замолил за забелешки и предлози.

Види Корисник:Brest/Тест/Медија на денот како би изгледала содржината на главната страница кога ќе се имплементира овој предлог, со напомена дека сѐ уште се бара вистинскиот распоред на елементите на главната страница).

Оние кои сакаат да помогнат во преведувањето на описите на медија содржините, се препорачува тоа да го направат на Commons:Медија на денот, од каде пред почетокот на месецот ќе се преземат на мк.википедија.

Предлог правила за избор уреди

Согласно ова предлагам и правилата за избрана мултимедијална содржина на денот. Еве го мојот предлог на правила:

Трансклудирано од Предлошка:Напатствија за избрана медија

2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница.

Дискусија уреди

Молам за дискусија и гласање, --brest (разговор) 12:55, 28 јануари 2009 (UTC)

   Пред да почнете, инсистирам да ја прочитате оваа дискусија и да продолжете со создавање и превметнување на сите последователни предлошки од формат Википедија:Избрана мултимедија/2009/MM/DD (од причините кои ги наведов во дадената дискусија). Исто така, додека ја читате дискусијата, барам волонтери (поконкретно: сисопи) за помош при реализирање на истата — преместување на сите страници од типот на „Главна страница / избрана статија / 2007 / седмица 49“ во формат „Википедија:Избрана статија/2007/49“. Се надевам дека ќе обрнете внимание на овој апел, бидејќи ова мораме да го реализираме. Инаку ја поддржувам мултимедијалната содржина (  ), мислам дека ќе ни ја збогати главната страница. --Brainmachinewtf? 00:35, 29 јануари 2009 (UTC)

Гласање уреди

Гласањето закажано да заврши до 23.59.59 на 15.02.2009

   --brest (разговор) 12:55, 28 јануари 2009 (UTC)    Види опис и образложение на предлогот. --brest (разговор) 12:55, 28 јануари 2009 (UTC)
  --Kiril Simeonovski (разговор) 13:30, 28 јануари 2009 (UTC)
  --MacedonianBoy (разговор) 13:48, 28 јануари 2009 (UTC)
  --√ гитардэмонговори со мной √ 13:50, 28 јануари 2009 (UTC)    Имам само една забелешка, на нашата Википедија се случило понекогаш да нема ниту еден активен корисник 3-4 дена, значи никакво уредување (иако се надевам, и мислам дека во иднина нема да се случува тоа бидејќи има повеќе корисници сега). Кој е задолжен да ја менува содржината, со оглед на тоа што админите понекогаш се отсутни?
   Јанкуловски редовно работи на Commons, а се надевам дека и некој друг ќе притрча да помогне. Идејата е за подолг временски период да се креираат овие предлошки така да нема да биде потребно ден за ден присуство доколку се сработат на време некои работи.
   --FlavrSavr (разговор) 16:00, 28 јануари 2009 (UTC)   Само да се внимава да не се уништи компактноста на главната страница, бидејќи моментално делува одлично. --FlavrSavr (разговор) 16:00, 28 јануари 2009 (UTC)
   Wikimk (разговор) 18:16, 28 јануари 2009 (UTC)
   --Boyan (разговор) 18:25, 28 јануари 2009 (UTC)
  --Raso mk (разговор) 19:15, 28 јануари 2009 (UTC)
  --Б. Јанкулоски Да, за одржувањето нема грижа бидејќи секој месец ги ставам сите содржини за наредниот, барем неколку дена пред тоа. Исто така се трудам колку што можам да правам статии за истакнатите мултимедијални содржини, т.е. за врските во описот. Ви благодарам на сите за поддршката. --Б. Јанкулоскиразговор 20:26, 28 јануари 2009 (UTC)
   --Макс(разговор) 20:37, 28 јануари 2009 (UTC)

:Гласањето е завршено, 10 гласа   , ниту еден против или воздржан. Предлогот ќе биде имплементиран.--brest (разговор) 15:47, 16 февруари 2009 (UTC)

Македонската Википедија на Facebook уреди

Сакам да предложам нешто. Дали сакате да направиме група на Facebook Wikimedia Macedonia? Мислам ваквата група може да ни придонесе кон придобивање на нови членови. Името на групата мислам треба да се вика Wikimedia Macedoni или Wikipedia Macedonia. Поздрав--MacedonianBoy 19:19, 19 февруари 2009 (UTC)

Веќе е направена кој сака може да ја види и да се зачлени тука: Wikimedia Macedonia. Поздрав и се надевам ќе има резултат оваа група.--MacedonianBoy 19:30, 19 февруари 2009 (UTC)


здраво, и јас се зачленив на групата. Сакам да предложан нешто. Ако има согласност и бидејќи поголемиот дел од членовите на Wiki мрежата по мое убедување имаат фејсбук сметка, да направиме настан на фејсбук, одреден ден, настанот ќе трае цел ден и би ги поканиле сите наши пријатели од фејсбук да напишат по една статија на фејсбук. Со тоа вики мрежата би добила на масовност и популаризација. Што мислите вие? Поздрав, LazialeStojakovo (разговор) 23:32, 3 мај 2009 (UTC)

Ako postoi sekcija za POZNATI LICNOSI so poteklo od makedonija, moj predlog e da se vmetne i tekst, po moznost so pratecki foto ili drugi prilozi, za poznatiot makedonec ZORBA, /ili vo svetot poznat kako Grkot Zorba/, koj ziveel vo dra~evo. Posle lutaweto po svetot, dosol vo "rodniot kraj" kako sto sam izjavil, a toa bilo Skoje, i ziveel vo hotel na mestoto vo blizina na bivsa "BEBA" ili za pomladite karsi MekDolald,so negovata }erka. Pocinal vo Skopje i e zakopan na grobistata vo Butel, kade i denes se naoga negoviot grob. /ovaa storija e dokumentirana na film, go gledav na nasa tv, poodamna/ Povikuvam entuzijasti koi ke ja oformat ovaa stranica. Dafina950 (разговор) 13:26, 25 февруари 2009 (UTC)

За Зорба уреди

Не знам колку е паметно да се прикаже Зорба како човек со кого треба да се гордееме, бидејќи бил гркофил, најмен како платеник и андарт (член на вооружените грчки ети кои крстареле низ Македонија кои со употреба на сила се обидувале на македонскиот народ да му всадат вештачка грчка свест) ... --Виолетова (разговор) 14:06, 25 февруари 2009 (UTC)

Предлог за предложување на избрани статии во посебни страници уреди

Почитувани Википедијанци. Сакам да дадам еден предлог, со кој мислам дека ќе се обезбеди поголема прегледност во средувањето на избраните статии на Википедија на македонски јазик. Имено, сакам да предложам, во иднина сите ваши предлози за избрана статија да ги предложувате во посебна статија, што има неколку предности:

  1. се обезбедува поголема прегледност;
  2. се намалуваат проблемите со предолги страници, а со тоа и проблемите со прелистувачот, со тоа што содржината од една годишна, ќе биде поделена на 52/3 неделни страници;
  3. на секоја страница оделно, покрај предлогот и гласањето, може да се разговара за статијата и да се предложуваат некои промени или поправки; доколку додадем и секција дискусија, тогаш и онака долгата статија за кандаидати за избрана статија би била уште подолга;

Ве молам за дискусија и гласање.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:37, 19 март 2009 (UTC)

Дискусија уреди

Може ли да направиш еден прототип за тоа како го замислуваш тој систем со посебни страници? Направи некаде неколку страници за да видиме како ќе изгледа и функционира. Инаку јас силно ја поддржувам оваа идеја (  ) оти навистина ни е непрегледен начинот на бирање, не за друго, туку заради предолгите страници кои бавно се отвораат (како што и ти спомна погоре). --Brainmachinewtf? 21:12, 19 март 2009 (UTC)

По примерот на Википедија на руски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:17, 19 март 2009 (UTC)
Не станува збор само за едноставно ажурирање на страниците, па затоа мислам дека потребен е консензус од целата заедница. Сепак е работа со исклучително големо значење.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:48, 24 март 2009 (UTC)

Гласање уреди

Гласањето закажано да заврши до 23.59.59 на 29.03.2009

За уреди

Против уреди

Воздржан уреди

Правопис уреди

Здраво на сите и сакам да дадам еден предлог кој се надевам ќе биде добро прифатен. Имено, бидејќи имаме поголем број спорови околу именување или користење на одредени зборови, сакам да предложам една страна за македонски правопис и лексикон. Дигиталниот речник на македонскиот јазик е одлична и добро проверена страна на која можеме да се осврнеме за правилно користење на одреден збор, негово постоење или не. Оваа страна и заедно со корисникот Виолетова, можат да помогнат во голем дел за разрешување на споровите. Така на пример, неодамнешниот проблем со рускиот збор ополчение, можеше лесно да се реши со тоа што ќе се видеше во овој речник. Тој збор не постои во македонскиот јазик и речникот не дава никакви резултати. Поздрав и ве молам за коментари.--MacedonianBoy 09:10, 21 март 2009 (UTC)

Даа, а јас се маем и се чудим зошто толку много лепи слова, који се наjдат во бугарскиот и рускиот, када ги пишувам овде, се бришат, а то те били исфрлени од језиковата норма... Эх, да не се беа карали Тито и Сталин, могли се да постоат. Јас сакам тек да ви помолам да сохраните лепото слово ополчение, то е много важно за борбата на балканските народи за независимост од сарацинското робство, не е само при бугарите, и грците су имали ополчение (Ипсиланти), па за србите не знам, треба и те да су имали. Потребител:Bogorm (разговор) 08:25, 25 март 2009 (UTC)

Bogorm, навистина не е во ред да го нарекуваш македонскиот јазик "јазична норма", кога знаеш дека се наоѓаш во Википедија на македонски јазик. Те молам, без деградирање и подлости од тој тип. Едноставно, како што ти сакаш некои да ја прифатат реалноста за одредени личности или настани, така и ти прифати ја - македонскиот си е јазик, кодифициран и не е никаква "езикова норма" на бугарскиот. Boyan (разговор) 09:18, 25 март 2009 (UTC)

Имаш право Богорм, да не беа русите вашиот јазик ќе беше македонски или можеби ќе го задржевте стариот од Азија. Види за рилскиот конгрес и види си кој јазик го превзеле бугарите за свој.--MacedonianBoy 12:23, 25 март 2009 (UTC)
MacedonianBoy, молам те без етнички навреди(ethnic slurs) кон Русија, подобре да не расправљаме/discuss/besprechen/обсуждаем што би било на Балканот, ако не беа русите, во секоj случаj би било уште пострашно отколку на курдите во источна Мала Азија. Потребител:Bogorm (разговор) 13:25, 25 март 2009 (UTC)
Е сега кога виде дека боли и не е убаво да се навредуваат народи, знаеш како е кога тресеш зелени за Англија, Македонија и скоро сите англиски говорни држави. Еднаш те предупредив и сега за сега ќе го игнорирам коментарот погоре инаку ќе беше блокиран. Само еден збор да ти видам против дрги народи ќе бидеш блокиран најмалку еден месец, се разбравме?--MacedonianBoy 13:28, 25 март 2009 (UTC)

Предлог за процесот за избрани статии уреди

Новиот начин на избор на статии кој веќе е дискутиран е добар начин за заштеда на време и труд. Јас тука направив листа на избрани статии од порталот 500 статии и има избрани статии се до јануари 2010. Листата мислам е добра и има шаренило во областите. Ако таа е добра, предлагам да се направат предлошките за статии и автоматски да се менуваат. Доколку некој корисник сака да се додаде статија меѓу постоечките, тоа ќе се одлучи преку гласање и тогаш ќе се вметне таа статија на посакуваното место. Ако во Порталот 500 се додадат нови статии тие ќе се ставаат на крајот од листата. Да напоменам, останаа не вметнати околу 15 статии бидејќи листата ќе беше монотона составена од географски и билошки теми. Молам за коментари и ако листата е ок, да се создадат 50- те предлошки. Поздрав--MacedonianBoy 16:15, 9 април 2009 (UTC)