Andreina
Страницата за помош и ЧПП ќе ви помогнат по регистрацијата. Тие објаснуваат како да се користи Википедија, како да се уредуваат статии и како треба да изгледаат статиите. Погледнете и како да почнете нова статија. Не треба да имате некакви стручни знаења за да допринесете на Википедија. Работете слободно на Википедија и разговарајте со другите. Ова е вики - сè е едноставно. Повеќе информации се достапни на Порталот каде што можете да ги поставите Вашите прашања. Прашањето може да го поставите и на ИРЦ, каде што веднаш ќе добиете одговор. Можете да ги контактирате и администраторите доколку имате некое посебно прашање. |
|
--Brainmachinewtf? 17:51, 8 јуни 2008 (UTC)
Никулци, категоризација
уредиДобредојдовте на википедија на македонски јазик. Статиите кои ги создавате пред се се никулци, од тие причини додавајте на крајот од статијата шаблон {{никулец}} и секако категоризирајте ги вашите статии со додавање на интервики линкови, како на пример во статијата за Модиљани додадени се категорииите: Категорија:Италијански сликари, Категорија:Италијански скулптори. Поздрав. --brest 21:47, 8 јуни 2008 (UTC)
Здраво и од мене
уредиЗдраво и од мене! До сега имате направено голем број уредувања, па мислам дека е доволно за да научите и нешто повеќе. Да почнеме:
- На статијата Димче Јанко беше поставена ознаката {{викифицирање}}, што значи дека таа статија нема доволно внатрешни вики-врски (на англиски) или не се правилно распределени. Со ова, вие ја викифициравте статијата. Ве молам прочитајте го и ова (кажува кога треба, а кога не треба да се прават вики-врски), иако многу добро ја викифициравте таа статија. На друго место имавте направено ваква вики-врска:
[[11]] [[декември]]
.
Датумите треба да се поврзуваат споено, бројката со месецот, вака: [[11 декември]]
. Тоа ќе даде: 11 декември.
- Многу важен дел од Википедија се интервики-врските. Тоа се врски до другите јазични верзии за статијата, односно до истата статија на Википедија, но на други јазици. Интервикија се прават вака:
[[јазиченкод:ИМЕНАСТАТИЈА]]
.
Под јазичен код се подразбира ISO 639-1 кодот на јазикот (пример en, it, de...). Под ИМЕНАСТАТИЈА се подразбира името на статијата на странскиот јазик. Пример, за Андреја Де Карло, англиското интервики е [[en:Andrea De Carlo]], а италијанското е [[it:Andrea De Carlo]]. Интервикијата секогаш се додаваат најдолу на статијата. Најдобар начин за да ги најдете интервикијата е да побарате на англиската „Andrea De Carlo“, па оттаму да ги ископирате кај нас. Не заборавајте секогаш да го додавате и англиското интервики, со [[en:ArticleName]].
- Сакав да ви кажам повеќе и за категориите, но сметам дека прво треба сами да се запознаете малку повеќе, особено со тоа што ќе погледнете како се средени статиите што вие ги создадовте (споредете ги измените и видете што е додадено). Ако сакате да прочитате за категории, видете en:Help:Category или en:Wikipedia:Categorization (на англиски).
На Википедија сѐ се учи со тек на време, ако обрнувате внимание на постапките на другите, читате помошни текстови и, многу важно, користите здрава логика. :) За било какви прашања, слободно можете да се обратите кај мене. Патем, кога ќе напреднете доволно, можете да ја уредите вашата корисничка страница и да напишете нешто за себе, вашите интереси, полиња на уредување, јазиците што ги познавате, итн. Поздрав! --iNkubusse A? 14:50, 9 јуни 2008 (UTC)
Здраво од мене
уредиГледам дека уредуваш јазици и баш ми е многу мило. На мк Википедија само јас и уште двајца други корисници пишуваме за нив. За која било помош за јазици слободно пиши бидејќи највеќе пишувам за нив и проектот за јазик го уредувам најчесто јас. Би ти препорачал да се зачлениш во проектот и ако сакаш има таму листа на јазици што моментално ги правам заедно со корисникот Тиверполник. Have e nice time, поздрав --MacedonianBoy 22:30, 10 јуни 2008 (UTC)
- Се најдовме, јас студирам англиски, се надевам лингвистиката ќе ја обработиме добро на Википедија. Поздрав--MacedonianBoy 00:07, 11 јуни 2008 (UTC)
ЕКВ
уредиИзвини што сега ти одговарам, бев многу зафатен. Има два проблема со врската до ЕКВ. Прво, и многу важно, на две места си напишал/а „Екатeрина Велика“ со латинично e, коешто се разликува од кириличното. Сепак, дури и да беше со кирилично, ја избришав страницата Екатерина Велика, бидејќи тој поим се однесува на повеќе работи, меѓу кои и две руски царици. Секогаш кога ќе правиш врска до групата ЕКВ, треба всушност да правиш врска до „Екатерина Велика (музичка група)“, односно т.н. piped link (користејќи го знакот |, којшто на англиски се нарекува пајп), вака: [[Екатерина Велика (музичка група)|Екатерина Велика]]
. Така, врската ќе има изглед Екатерина Велика, а ќе води до статијата за групата. Патем, те молам користи ги македонските наводници „ и “. Поздрав. --iNkubusse A? 16:28, 11 јуни 2008 (UTC)
- Нема проблем, слободно прашувај ме сѐ што те интересира. Сум заборавил да ти споменам една ситница, но многу важна: кога оставаш пораки на страници за разговор, секогаш треба да ги потпишуваш твоите пораки, со внесување на четири тилди ( ~~~~ ) на крајот од твојот коментар. Ако не можеш да внесуваш тилди со твојата тастатура, кликни на копчето за потпишување што се наоѓа над прозорецот за уредување. Тоа автоматски ќе внесе потпис со твоето име и времето на испраќање на твојата порака. Погледни го мојот потпис на крајот од поракава, ќе видиш како изгледа. :) Инаку, те молам, ќе можеш ли на твојата корисничка страница да дадеш барем најопшти информации за тебе, како на пример, твојот пол, бидејќи ми е многу незгодно кога треба да ти напишам глагол што бара род. :S Ова не е воопшто задолжително и е апсолутно твој избор, јас само те замолувам, бидејќи ми е непријатно. Фала однапред. --iNkubusse A? 18:20, 11 јуни 2008 (UTC)
- Важи, исто и обратно! :) Фала и на тебе за соработката. --iNkubusse A? 21:04, 11 јуни 2008 (UTC)
Едно прашање
уредиПоздрав од мене. Би ти пишал на мејл вакви прашања, но гледам дека не си навела и-мејл адреса на корисничката страна. :) Имено, гледам дека убаво си ја разработила статијата за италијанска граматика, по што претпоставувам дека студираш италијански? Јас оваа година ќе се запишувам на филолошки и сум во недоумица дали да одам на англиски или италијански, па сакав малку да се распрашам... :) Како е на италијански, лесно/тешко? Каде е полесно, на превод или книжевност? Исто, може ќе знаеш да ми кажеш... Ако одам на Англиски превод и толкување, дали можам да одберам шпански како втор јазик (да не кажам и португалски како трет :) ) ?
Никаде не можам да најдам подетални информации, па затоа вака се гребам. :)
Фала и поздрав --Игор 09:12, 29 јули 2008 (UTC)
Копче „Прегледај“
уредиТе молам да го користиш копчето „Прегледај“, се наоѓа веднаш до „Зачувај ја страницата“. Не ја зачувувај страницата сѐ додека не си прилично сигурна дека нема веќе да ја уредуваш. Прегледите многу ќе ти помогнат во утврдувањето на грешките што си ги направил и што уште ти недостасува и нема да се создаваат преголем број на верзии на една страница во нејзината историја. Поздрав, Brainmachinewtf? 18:43, 5 август 2008 (UTC)
Zdravo
уредиДали ќе може да ми потенцираш за која статија мислиш бидејќи има и неотворена статија Италски јазици, па затоа посочи ми која поточно статија за да можам да ти одговорам соодветно. Поздрав --MacedonianBoy 22:51, 18 август 2008 (UTC)
Одг
уредиЈас веќе одговорив кај мене но еве и кај тебе. Секоја статија поврзана со јазици или јазични теми треба во страната за разговор да има Шаблон:ВикиПроект Јазици за да јазикот или јазичната тема го има во категоријата статии поврзани со Вики проектот Јазици. Тоа за да имаме евиденција колку статии имаме и за подобра прегледност. Тука не треба да има информации за јазикот туку тоа е сако една формалност. Инаку, ако пишуваш и понатака статии за јазици, би можела и ти во страната на соодветниот јазик или јазична тема да го вметнуваш шаблонот. Поздрав--MacedonianBoy 09:36, 19 август 2008 (UTC)
- Бидејќи си заинтересирана за италијанскиот јазик, дали би сакала да напишеш статија за Италски јазици? --MacedonianBoy 09:44, 19 август 2008 (UTC)
Благодарам за одговорот и сугестијата. Секако дека веднаш штом најдам време ќе се посветам и на статијата за Италски јазици. Приоритетот им го давам на статиите кои се започнати но имаат потреба од надополнување, особено Граматика на италијанскиот јазик, треба да се допишат уште податоци за да биде статијата како што треба. Поздрав!Andreina 14:34, 20 август 2008 (UTC)
- Ок нема проблем. Сепак ти си поголем екперт од мене за италијански јазик и статии поврзани за италијански јазик па се надевам дека не е товар што те замолив за таа статија. Се најдобро--MacedonianBoy 14:37, 20 август 2008 (UTC)
Иницијатива
уреди Здраво, Andreina! Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--MacedonianBoy (разговор) 18:54, 16 септември 2008 (UTC)
Категоризација на датум и место на родени/починати и сл.
уредиБи сакал да ве информирам дека постoјат шаблони {{роден на}}, {{роден во}}, {{починал на}}, {{починал во}}, како и соодветни пренасочувања {{родена на}}, {{родена во}}, {{починала на}}, {{починала во}}. Овие шаблони вршат автоматска категоризација на статиите во соодветни категории од типот на Категорија:Роден на тој и тој датум, Категорија:Роден во таа и таа година, Категорија:Роден во тоа и тоа место, како и соодветно за починати. Подетални инфомрации за начинот на употреба на овие шаблони можете да погледнете во соодветната документација за конретен шаблон. Со помош на овие шаблони не е неопходно мануелно да се додаваат соодветните категории, како и се намалуваат можностите за грешка при уредувањето. Поздрав. --brest (разговор) 11:29, 24 септември 2008 (UTC)
За новата Главна страница
уредиЗдраво, Andreina. И јас тоа го забележав, но откако проверив на страницата Скорешни промени до која има лин во горниот лев агол, видов дека проблемот е што нема воопшто многу придонеси, а истото го забележав и на страницата нови статии. Порано се случуваше да треба да се почека за впишување на бројот на новите статии некое време по нивното уредување. Уреди некоја кратка статија, па ќе видиш дека ќе се смени по кратко време. Поздрав и аирлија нова Главна страница нека ни е.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 26 септември 2008 (UTC)
ДСЗ факт
уредиЕден факт од статијата пица за која дадовте поголем придонес се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница. --Brainmachinewtf? 20:52, 11 октомври 2008 (UTC)
--Благодарам, се надевам дека ќе има и други добри статии и информации од моја страна. Поздрав.Andreina (разговор)
Предлог: „Википедија: Рецензија“ и систем за оценување на квалитетот на статиите
уредиЗдраво! Ве повикувам да го разгледате овој предлог. Прашањето е отворено за дискусија. Благодарам, Brainmachinewtf? 11:48, 25 октомври 2008 (UTC)
Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:58, 28 октомври 2008 (UTC)
Иницијатива 22,222
уреди Здраво, Andreina! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, Andreina! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:50, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, Andreina! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:50, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива за градови во Македонија
уреди Здраво, Andreina! Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:47, 30 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, Andreina! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:46, 1 февруари 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, Andreina! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:46, 1 февруари 2009 (UTC)
10 години Википедија
уреди Здраво, Andreina! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
Покана за Вики средба
уреди Здраво, Andreina! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес не е достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:44, 10 јули 2012 (CEST)