Řř

Ř, ř (R со квачка, т.е. хачек) — буква од чешката, и горнолужичката и шлеска азбука.

Употреба уреди

Во чешкиот јазик, буквата ја претставува повишената венечна трепетна согласка [r̝]. Начинот на творба е сличен како кај другите венечни трепетни согласки, со таа разлика што јазикот е поткренат. Овој глас е делумно струен. Обично е звучен, но има и безвучен алофон [r̝̊] што се јавува во близина на безвучни согласки.

Во горнолужичкиот истата ја означува безвучната задновенечна струјна согласка [ʃ].

Во шлескиот ја претставува звучната свиена струјна согласка [ʐ], обезвучена на [ʂ] во близина на безвучни согласки.

Брзозборка уреди

чешки: Tři sta třicet tři střibrných střikaček střikalo přes tři sta třicet tři střibrných střech.
(„333 сребрени шприца шприцаа вода врз 333 сребрени покриви“.)

Поврзано уреди