Бобишта

село во Костурско, Егејска Македонија

Бобишта (дијалектно: Бобишча; грчки: Βέργα, Верга, до 1926 г. Μπόμπιστα, Бобиста или Μπόεμπιτσα, Боебиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Бобишта
Βέργα
Поглед на Бобишта. Во далечината е Б’мбоки, а горе-лево се наѕира Костурското Езеро
Поглед на Бобишта. Во далечината е Б’мбоки, а горе-лево се наѕира Костурското Езеро
Бобишта is located in Грција
Бобишта
Бобишта
Местоположба во областа
Бобишта во рамките на Костур (општина)
Бобишта
Местоположба на Бобишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°33′N 21°26′E / 40.550° СГШ; 21.433° ИГД / 40.550; 21.433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвети Врач
Надм. вис.&10000000000000836000000836 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно147
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и јужно од градот Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 836 метри.

Историја

уреди

Во времето на Кримската војна, во реонот беснееле разбојничките чети на Али Зот и Коста Рели, кои го нападнале селото, но четите биле уништени по крајот на војната[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бобишта се состоело од 60 семејства со 190 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бобишта имало 684 жители Македонци[4][6].

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 150 куќи[7] додека биле убиени Дине Качаров, Дине Џинар, Митко Јанков, Иван Сарков, Мите Христов, Кузман Митрев, Мите Ѕилија, Ване Џаклев, Тасе Димитров, Кузо Христо, Тана Љакова, Тана Стефова и Катерина Јаловчева. Од селото 33 души учествувале во востанието, а загинале Манол Розов, Андреј Сидов, Насе Орлов и Кузо Розов[8].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 840 Македонци и работело егзархиско училиште[4][9]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 50 семејства. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 125 македонски семејства[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[11]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бобишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 115 куќи.[12]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 243 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 141 жител.

Во 1926 година, селото било преименувано во Верга.[13]

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и 50 жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа, додека десетина биле убиени. 33 деца од селото биле протерани како деца-бегалци[14]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 198 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 131 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 157 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 159 жители, додека во 1991 година имало 147 жители[16]. Денеска, населението на селото е 147 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 198 131 157 142 159 147 147 97
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Родови

уреди

Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:

  • Ќичевци (2 к.), Петревци (1 к.), Рибовци (3 к.), Чоканевци (2 к.), Фотовци (2 к.), Кара-Костовци (2 к.), Мичовци (1 к.) и Љузовци (1 к.) сите порано чинеле еден род, и се староседелци.
  • Шилиман (1 к.), Чулевци (1 к.), Тараљам (1 к.), Тутинци (1 к.), Розовци (3 к.), Папа-Николовци (1 к.), Дановци (3 к.), Горгановци (2 к.), Сарафовци (1 к.), Качаровци (2 к.), Илковци (1 к.), Парделовци (1 к.), Фаслевци (1 к.), Левендовци (1 к.), Љатовци (1 к.), Путловци (1 к.), Џимовци (1 к.) и Коковци (1 к.) и они порано чинеле еден род. Исто така староседелци се.[17]

Личности

уреди
Родени во Бобишта
 
Михаил Николов
Починати во Бобишта

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόεμπιτσα -- Βέργα
  3. Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 38.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  7. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
  8. Илюстрация Илинден, бр.136, стр. 13
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181
  10. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  12. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  13. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-12.
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-12.
  17. Милојевиќ, Боривоје. Јужна Македонија.
  18. Николов, Борис J. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Во jводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 149.
  19. 19,0 19,1 Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 18.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 177.
  21. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009[мртва врска]
  22. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случа j на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Интитутъ, печатница П. Глушковъ. стр. 112.
  23. 23,0 23,1 Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 34.
  24. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случа j на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Интитутъ, печатница П. Глушковъ. стр. 111.
  25. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 363.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 805.
  27. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 45-47.
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 218.
  29. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случа j на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Интитутъ, печатница П. Глушковъ. стр. 94.
  30. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 523.
  31. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009[мртва врска]
  32. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 771.
  33. Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 19.
  34. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 700.
  35. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 661.
  36. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 577.
  37. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22.
  38. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-21. Посетено на 2016-03-12.
  39. Галчев, Илия. Българската просвета в Солунския вилает, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр. 119.
  40. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 332.
  41. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 582.
  42. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 510.
  43. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49.
  44. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 704.
  45. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 360.
  46. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72.