Атанас Михаjлов (учител)
Атанас Михајлов Калиманов — македонски просветен деец.
Атанас Михајлов | ||
Роден | 1867 Бобишта, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 11 мај 1933 Пловдив, Бугарија |
Животопис
уредиМихајлов е роден во 1862[1] или 1867 г. во селото Бобишта, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1889 година ги завршил педагошките курсеви во Солунската егзархиска машка гимназија[2], а потоа завршува педагошки курсеви и во Загреб. Долго време бил учител низ Македонија. Бил директор на гимназии во Скопје, Битола и Солун. Предавал психологија и практика во Скопското егзархиско педагошко училиште. Во 1909 година бил уапсен од властите и осуден на 2 години затвор поради говор кој го одржал на погребот на војводата Васил Аџаларски во Скопје.[3]
Во 1910-1911 и 1912-1913 година предавал во Солунската егзархиска женска гимназија.[4] По Втората балканска војна предавал во Ѓумурџинската гимназија. По Првата светска војна, предавал во Пловдивската духовна семинарија. Татко е на Димитар Михајлов, деец на Македонскиот младински сојуз.[5][6]
Тој бил убиен во Пловдив на 11 мај 1933 година од противници на крилото на Ванчо Михајлов[7], а подоцна бил погребан во Софија.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Танчев, Иван (2001). „Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912)“. Македонски преглед (3. изд.). XXIV: 55.
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 109.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 37, 11 декември 1909, стр. 3.
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 155.
- ↑ 5,0 5,1 „Парцел 34“. София помни. Посетено на 2024-01-29.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 173 – 174.
- ↑ Михайловъ, Иванъ (1973). Спомени IV. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (продължение) (PDF). Western Newspaper Publishing Co., Inc. стр. 813–814.