Блаца
Блаца или Блаце (грчки: Οξυά, Оксија, до 1927 Μπλάτση, Блаци)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Блаца Οξυά | |
---|---|
Координати: 40°36′N 21°20′E / 40.600° СГШ; 21.333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Костур |
Општ. единица | Вич |
Надм. вис. | 1.200 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 69 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Алтернативното име Бугарска Блаца[3] или Бугарско Блаце е превод на другото грчко име за селото, Βουλγαρομπλάτσι (Вулгароблаци)[4] со кое Грците го разликувале од кајларското село Влашка Блаца, негирајќи го македонскиот идентитет на населението и нарекувајќи го „бугарско“.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 15 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро, во историско-географската област Пополе, на јужниот дел од Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1200 метри.
Историја
уредиСпоред преданието, во минатото селото било сместено на врвот од планината додека неговите жители се занимавале исклучиво со сточарство. Подоцна, жителите се преселиле на месноста Милеви Ливади, од каде поради силните ветрови повторно се вратиле на местото каде денеска се наоѓа селото[5]. Селото во минатото било колибарско, кои постепено биле заменети со куќи од тврд материјал[5].
Во 1710 година во селото била изградена црквата „Св. Никола“, од која остатоци се забележуваат и денес. Во 1769 година селото било нападнато од албански разбојници[6], а потоа започнало постепеното раселување на жителите во Северна Македонија. Во 1885 година била осветена новата црква „Св. Константин и Елена“[7].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Блаца се состоело од 160 семејства со 470 жители Македонци[5][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Блаца имало 555 жители Македонци[5][9].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Блаца се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 95 куќи.[10]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 760 Македонци и работело егзархиско училиште[5][11].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски, додека 12 лица биле убиени.
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 650 жители[12]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади[13]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 140 македонски семејства[14].
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[15].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 424 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 264 жители.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 218 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 277 жители.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови, а 173 лица се иселиле во некоја од социјалистичките земји[18]. По војната започнува масовна емиграција во Австралија, САД и Канада.
Селото во пописот од 1951 година броело 122 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 154 жители, во 1971 година имало 121 жител, во 1981 година имало 79 жители, додека во 1991 година имало 73 жители[19]. Денеска, населението на селото е 69 жители според пописот од 2001 година.
1886 | 1900 | 1905 | 1913 | 1920 | 1928 | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 |
650[20] | 555[21] | 760 [22] | 424[23] | 264 [24] | 228[25] | 277 | 122 | 154 | 121 | 79 | 73 | 69 |
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- „Св. Константин и Елена“ од 1885 г.
- „Св. Никола“ од 1710 г., но во урнатини
- „Св. Јован Претеча“ во атарот на Блаца, подигната во чест на паднатите владини војници во борба со ДАГ
- Планини
- Вич — врвот на Нередска Планина, познат по војувањето на македонските дејци во Граѓанската војна
Личности
уреди- Родени во Блаца
- Анастас Манолов (1890 - ?)[26]
- Анастас Попманолов[27]
- Атанас Шапарданов (? - 1901)
- Константин Дамјанов (1850 - 1927)
- Коста Василев (1880 - ?)
- Кузман Анастасов[28]
- Кузман Шапарданов (1849 - 1893)
- Кузо Попдинов (1875 - 1907)
- Пантелеј Сеферов (1891 - 1977)
- Павел Симеонов
- Сребрен Дамјанов Василев (1890 - 1974)
- Тома Шапарданов (1885 - ?)
- Христо Наков
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Οξυά
- ↑ Вамваковски, Димитар Љоровски. Германос Каравангелис: Грчката пропаганда во Костурската епархија (1900 – 1903), ИНИ, Скопје, 2017, стр. 82, 94
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Μπεράρ, Βίκτωρ. Οδοιπορικό στη Μακεδονία (1890-1892), σ.362
- ↑ Παροικιακός Ελληνισμός, Ίδρυμα Μείζονος Ελληνισμού, κεφ. Γιουγκοσλαβία
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Oksies-Oksia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-10.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.
- ↑ Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 4.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје 1998.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-10.
- ↑ 650 χριστιανοί [Σχινάς, 1886]
- ↑ Блаца Бугарско/ Костурска каза, 555 χριστιανοί Βούλγαροι [Кънчов 1900]. «Αν και το χωριό παρέμεινε εξαρχικό σε όλη τη διάρκεια του Μακεδονικού Αγώνα φαίνεται ότι πριν το 1903 οι πατριαρχικές οικογένειες αποτελούσαν το 1/3 του πληθυσμού (30 έναντι 50 εξαρχικών)» [Γούναρης]
- ↑ D. M. Brancoff γραμματέας του Βουλγαρικού Εξαρχάτου αναφέρει, ότι στο χωριό κατοικούν 760 Βούλγαροι Brancoff: La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, p. 180-181. Είναι εμφανής η διόγκωση των στοιχειών κατά 38% (άτομα 205)
- ↑ 216 άρρενες και 208 θήλεις [Απαρίθμιση]
- ↑ 61 οικογένειες (96 άρρενες και 168 θήλεις)
- ↑ Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 420. Вероятно идентичен с Анастас Попманолов.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 578.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22.