Црква „Св. Јован Претеча“ - Вич
Свети Јован Претеча и Свети Ѓорѓи (грчки: Τιμίου Προδρόμου και Αγίου Γεωργίου Ελευθερωτή) — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Јован Претеча | |
---|---|
Τιμίου Προδρόμου | |
40°38′8″N 21°23′11″E / 40.63556° СГШ; 21.38639° ИГД | |
Место | врв Вич кај Блаца, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1980 - 2010 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена на билото на врвот Вич, над селото Блаца.
Историја
уредиХрамот е подигнат во спомен на грчките владини војници загинати во победоносната борба со партизаните на ДАГ во решавачката Битка на Вич во август 1949 г. со која е ставен крајот на Грчката граѓанска војна. До неа има и споменик на победата.[1]
Следната Битка на Грамошта (Грамос) завршила на 29 август 1949 г., односно на празникот Отсечение (обезглавувањето на Јован Крстител) и затоа храмот го носи неговото име, како и на Свети Ѓорѓи Победоносец.[1]
Камен-темелникот на црквата е удрен во 1980 г. од митрополитот Григориј II Костурски, но со неговата смрт изградбата е запрена. Градежните работи продолжиле по доста време, за на 26 јуни 2010 г. храмот да биде осветен од митрополитот Серафим Костурски.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ο ιερός ναός του Τιμίου Προδρόμου στο αιματοβαμμένο όρος Βίτσι. Πανηγυρίζει την 29η Αυγούστου“. Φως της Καστοριάς. 21 август 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 29 јануари 2021.