Достојно ест

(Пренасочено од Достојно Ест)

Достојно ест (грчки: Άξιον εστίν, црковнословенски: Достóйно éсть) икона на Мајката Божја наречена „Достојно Ест“ (Милостива). Во чест на чудото кое што се случило по повод јавувањето на архангел Гаврил на еден послушник на Света Гора. На 11 јуни 982 година архангелот Гаврил ја испеал Архангелската песна „Достојно ест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего

„Достојно Ест“ - чудотворна икона во Бигорскиот Манастир

Чудото кое се случило[1] уреди

 
Икона: Претстава на чудото кое се случило

Оваа икона се наоѓала во една од атонските ќелии со мала црква, посветена на Успението на Богородица, во која во тоа време живееле старец и послушник. На 11 јуни 982 година, во недела, старецот заминал во Протатскиот храм, а во ќелијата останал послушникот, кој според обичајот, застанал на сеноќно бдение. Одеднаш пред него застанал непознат монах, кој исто така сакал заедно со него да земе учество во службата. И кога дошле до деветтата песна од канонот и го започнале величанието на Богомајката, тогаш непознатиот гостин пред иконата запеал до тогаш непозната песна: „Достојно ест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего“, а потоа го додал и „Чеснејшују Херувим…“ За време на пеењето на таа досега неслушната песна иконата на Богомајката блеснала со небесна светлина, а послушникот плачел од умиление. Откако ја завршил песната, непознатиот монах му рекол на послушникот отсега сите православни да ја пеат таа песна во чест на Богомајката. Тогаш послушникот побарал да бидат запишани зборовите на песната, зашто не се надевал на своето паметење. Непознатиот побарал мастило и хартија, но немало во ќелијата, и тогаш зел камена плоча и со прстот ги напишал зборовите на песната. На прашањето: „Кое е твоето име брате?!“ – тој одговорил, дека неговото име е Гаврил. Потоа непознатиот станал невидлив, а послушникот ја продолжил службата, пеејќи ја таа песна. Кога дошол старецот, се восхитил, слушајќи ги новите зборови. Дознавајќи од послушникот, дека него го научил непознат монах по име Гаврил, а исто така и тоа што зборовите од песната биле напишани на камена плоча, старецот сфатил: извршеното чудо и непознатиот е од Архангел Гаврил. Потоа, таа икона, пред која се молеле, почнале да ја нарекуваат „Достојно ест“ и била пренесена во главниот храм во Кареа, административниот центар на Атон – Протат, поставувајќи ја на горното место од олтарот, а плочата, на која биле напишани зборовите, ја испратиле во Цариград кај Вселенскиот Патријарх.

Славопој на Достојно ест уреди

Според Светото Предание, архангелот Гавриил му го открил овој славопој на монахот. Самиот славопој всушност се состои од два дела: првиот дел го прикажува славењето и почитувањето на Богомајката од небесните силе („Достојно е...“), а втората половина се состои од претходно познатиот ирмос „Почесна од херувимите“, творба на свети Козма Мајумски Песнописец.

Интегралниот текст, откриен од светиот архангел Гавриил, и запишан на камена плоча со прст гласи:

Достојно е навистина
блажена да те нарекуваме, Богородице,
секогашблажена и пренепорочна,
и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога - Логосот девствено што Го роди -
тебе - вистинската Богородица
ние те величаме.

На црковнословенски јазик уреди

Досто́йно є҆́сть ꙗ҆́кѡ вои́стинꙋ,
бл҃жи́ти тѧ̀, бг҃оро́дицꙋ, прнобл҃же́ннꙋю и҆ пренепоро́чнꙋю,
и҆ мт҃рь бг҃а на́шегѡ.
Честнѣ́йшꙋю херꙋві́мъ,
и҆ сл҃внейшꙋю безⸯ сравне́нїѧ серафі́мъ,
безⸯ и҆стлѣ́нїѧ бг҃а сло́ва ро́ждшꙋю,
сꙋ́щꙋю бг҃оро́дицꙋ, тѧ̀ велича́емъ.

На грчки јазик уреди

Άξιον εστίν ως αληθώς
μακαρίζειν σε την Θεοτόκον,
την αειμακάριστον και παναμώμητον
και μητέρα του Θεού ημών.
Την τιμιωτέραν των Χερουβείμ
και ενδοξοτέραν ασυγκρίτως των Σεραφείμ
την αδιαφθόρως Θεόν Λόγον τεκούσαν,
την όντως Θεοτόκον,
Σε μεγαλύνομεν.

На англиски јазик уреди

It is truly right to bless thee, O Theotokos,
ever blessed, and most pure, and the Mother of our God.
More honorable than the cherubim,
and beyond compare more glorious than the seraphim.
Without corruption thou gavest birth to God the Word.
True Theotokos, we magnify thee.

Чудото во 1488 година уреди

Во 1488 година од иконата на Богомајката „Достојно ест“ се извршило следново чудо. Богоносните древни отци, кои блескале во Света Гора, од древност востановиле да се извршува литијна поворка со таа чесна икона околу Кареа во вториот ден на Пасха. Затоа сите монаси кои живееле во Кареа и во ќелиите во нејзината околина, биле должни да се соберат на црковна служба во храмот Протат и после Литургијата да учествуваат во литијната поворка. Во 1488 година, четири монаси кои живееле во Кареа, во обителта на свети Дионисиј, под дејство на сатаната, го нарушиле ова светоотечко предание. Кога литијната поворка поминувала покрај нивната обител, монасите не само што не излегле да ја пречекаат светата икона, туку се затвориле во своите ќелии, а учесниците во литијната поворка ги нарекле „чревоугодници и винопијци“, а востановената литија поворка – противзаконско дело. Богомајката не ги оставила без вразумување тие нечесни потсмевачи на светињата. Вечерта од истиот ден, без претходни признаци на бура, се излеал силен дожд со град. Утрото на другиот ден виделе, дека сите растенија биле целосно уништени. А нај восхитувачко е тоа што несреќата го засегнала само метохот на свети Дионисиј. Во тој настан сите јасно го виделе гневот Божји врз хулителите на светињата. Кога монасите соопштиле во својата обител за несреќата што ги снашла, светиот цариградски патријарх Нифонт, кој во тоа време престојувал во нивниот манастир, во својот праведен гнев им наложил строга епитимија за нивното безумие и за презирот кон светата икона. Наредната година по влијание на светиот патријарх Нифонт, тие монаси веќе пројавиле почит кон светињата, а од учесниците на литијната поворка торжествено побарале прошка – и ја добиле.

Други чуда кои се извршиле од иконата „Достојно ест“ уреди

Таа икона, повеќе од илјада години се наоѓала на горното место во Протат и трипати го напуштала Атон и го посетувала светот. Во 1963 година – иконата ја посетила Атина. Во 1985 година иконата го посетила Солун, кога Синодот на Грчката Црква се обратил за помош кон Небесната Царица, барајќи од светогорците да ја донесат чудотворната икона „Достојно ест“ во Атина за осветување и омекнување на ожесточените срца. Последен пат иконата го напуштила Атон во ноември 1987 година и две недели се наоѓала во Атина.

Стотици илјади жители на Атина секојдневно доаѓале да се поклонат пред иконата. Меѓу нив имало и луѓе кои страдаат од нечисти духови. Кога ги доведувале во храмот, тие на неколку метри оддалеченост од иконата почнувале да испуштаат страшни крици, а нивните лица и гласот станувале непрепознатливи.

Тие сцени се повторувале секојдневно во текот на деветнаесет дневното пребивање на чудотворната икона „Доспојно сет“ во Атина.

До последниот ден храмот во кој пребивала иконата не се затворал ни дење ни ноќе. Секојдневно се вршеле цел циклус богослужби, се пееле канони и акатисти на Мајката Божја.

Кога иконата била вратена во протатскиот храм, пристигнало писмо од бившиот архиепископ Атински Јероним. Во писмото напишал дека како парализиран бил донесен во храмот каде што пребивала иконата на Мајката Божја и веднаш почувствувал олеснување и сам го напишал благодарственото писмо, а до тогаш не можел да мрдне ни со прст.

Исто така и после посетата во Солун во 1985 година, во храмот Протат биле крстени две дечиња. Нивните родители биле неплодни, но откако се помолиле пред чудотворната икона во Солун, ветиле, дека, ако Пресветата ја разреши нивната неплодност и ако добијат дете од машки пол, тогаш во знак на благодарност ќе го крстат на Атон. Така и се случило.

Чудата, кои се јавуваат по молитвите пред иконата на Мајката Божја, се случуваат и во ново време. Летото 1990 година беснеел пожар на Атон, кој бил близу до неколку манастири и кога чудотворната икона била донесена на местото каде што беснеел пожарот и откако бил отслужен молебен кон Мајката Божја, пожарот наеднаш изгаснал.

Иконата „Достојно ест“ пред која Архангел Гаврил на 11 јуни 982 година ја испеал Архангелската песна, денес се наоѓа во протатскиот храм во Кареа – престолнина на Света Гора Атонска, во скит на исток близу до Егејското Море. Близу до него е изграден рускиот Андреевски скит, на чие место била древната обител Успение на Мајката Божја, каде и се случило јавувањето на Архангелот пред иконата „Милостива“. На вториот ден од Пасха торжествено се извршува литијна поворка околу Кареа на радост на Ангелските чинови со пеење пасхални песни, поросување со света вода и читање на воскресни Евангелски зачала.

Тропари и Кондаци уреди

Тропар, глас 4 уреди

Денес сите Атонски отци се собираат и верно празнуваат, денес се радуваат и светло воскликнуваат во веселие: Мајката Божја од Ангелот преславно е воспеана. Затоа Богородица секогаш Светло ја славиме.

Друг тропар, глас 4 уреди

Да прибегнеме верни, со смелост кон Милостивата Царица Богородица и умилно да повикаме кон Неа: испрати ни ја Твојата богата милост! Сочувај ја нашата Црква, луѓето во благоденствие запази ги, нашата земја избави ја од секакви беди, дарувај му мир на светот и спасение на душите наши.

Кондак, глас 4 уреди

Денес празнува Атон, зашто чудна песна прими од Ангелот за Тебе, Чиста Богомајко сите созданија Тебе Те слават.

Друг кондак, глас 8 уреди

Со Архангелски глас извикувам кон Тебе Сецарице: Достојно ест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего.

Молитва уреди

Податотека:Молитва пред чудотворната икона „Достојно Ест“ - Бигорски Манастир.jpg
Празнување на чудотворната икона „Достојно Ест“ во Бигорски Манастир

О, Пресвета и Премилостива Владичице Богородице! Смирено припаѓаме кон Твојата света икона и Те молиме: слушни го гласот на нашето молење, види ги тагите, види ги нашите беди и како Мајка со обилна љубов, притекни ни на помош, нам беспомошните! Умоли го Твојот Син и Бог наш, да ја пројави врз нас Својата човекољубива милост. Измоли Владичице, од Неговата благост телесно здравје, душевно спасение, мирен живот, плодородност на земјата, благорастворување на воздухот и благослов од височините за сите наши дела и постапки. И како што од древноста милостиво си погледнала кон смиреното славословие на атонскиот послушник, воспевајќи Те пред твојата Пречиста икона и си му испратила Ангел да го научи да пее небесна песна, со која Те славословат Ангелите, така и сега прими ја нашата сесрдна молитва, што Тебе Ти ја принесуваме. 0, Царице Сепеана! Пружи ги кон Господа Твоите богоносни раце, на кои си Го носела Младенецот Исуса Хриса и измоли од Него да нè избави од секакви зла. Пројави ја Владичице Твојата милост кон нас: болните исцели ги, тажните утеши ги, помогни им на несреќните и удостој нè побожно да го живееме овој земен живот, да добиеме непосрамен христијански крај и Небесно Царство да наследиме, по Твоето Мајчинско Застапништво пред Родениот од Тебе Христос, нашиот Бог, на Кого заедно со Беспочетниот Негов Отец и Пресветиот Дух Му прилега секоја слава, чест и поклонение, сега, и секогаш, и во сите векови. Амин.

Празнување уреди

Едно од тие чудотворни изображенија на Пречистата, омилено и насекаде познато, е славната икона ‘Достојно ест’, со која е удостоена и Бигорската Света Обител. Икона која проповеда без зборови, поучува не со слова, ами со чудата на љубовта и милоста на Мајката наша. Затоа бденијата во Бигорски за ‘Достојно ест’ секогаш се одликуваат со посебна убавина и благодат. Секоја година на вечерта на 23 јуни према 24 се служи сеноќното богослужение во Претечевиот храм Св. Јован Бигорски, каде се чувствува посетата на Преблагословената Богородица.

  1. Митрополит Повардарски, Агатангел; Запрова Анастасова, Гонца (2016). Животот на Пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони. Велес: Повардарска епархија - „Св. Ѓорѓиј Полошки“. стр. 167–172. ISBN 978-608-4739-15-9.