1000 години Сведок на Светлината
„1000 години Сведок на Светлината“ е македонски документарен филм од 2022 година во режија на Илија Ико Каров. Филмот е посветен на Бигорскиот манастир и монашкиот живот во него одржан 1000 години од неговото постоење. Прикажани во документарниот филм се монасите и другите членови на светата обител на манастирот кои живеат и ја вршат својата богослужба, како и неколку сведоци за чудата кои им се случиле благодарение на Бог. Главен глумец е Благој Веселинов.
„1000 години Сведок на Светлината“ | |
---|---|
Постер на филмот | |
Режисер | Илија Ико Каров |
Продуцент | Илија Ико Каров |
Раскажувач | Благој Веселинов |
Главни улоги | Света Обител на Манастирот Бигорски |
Жанр | Документарен филм |
Дистрибутер | КАТ продукција |
Премиера | 15 април 2022 |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски јазик |
Продукцијата на филмот траела околу 3-4 години. Филмот бил издаден на 15 април 2022 и набргу добил добри критики од публиката како и од новинарите.
Заднина
уредиБигорскиот манастир е еден од најпознатите македонски манастири кој се наоѓа во западниот дел на државата, помеѓу градовите Гостивар и Дебар, во непосредна близина на селата Ростуше и Битуше. Тој бил основан во 1020 година и ѝ припаѓа на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Во 2020 година, манастирот одбелеѓал 1000 години од неговото постоење.[1] Продукцијата на документарен филм посветен на приказната зад манастирот како и за животот на светата обител која ја врши својата богослужба во него започнала околу 2018 година од страна на режисерот Илија Ико Каров.[2] Филмот е прослава на 1000 години од постоењето на манастирот, а како таков го добил и благословот од страна на владиката Партениј Антаниски. Режисерот на филмот го опишал како филм кој „говори за љубовта, постоењето, заборавените вредности, духовната преобразба и е морално патување нагоре кон вечноста.“[3] Говорејќи за идејата позади концепцијата на филмот, режисерот го изјавил следново: „На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, којшто сведочи за една друга убавина, не од овој свет. Тоа е токму оној петтиот елемент кој им дава потекло на сите оние познати четири елементи, тоа е онаа убавина којашто многу просветлени и филозофско освестени луѓе ја сместиле во центарот, како есенција на мудроста. И овој филм е токму за таа убавина што веќе еднаш го спаси светот.“[1]
Издавање и промоција
уредиПрвиот трејлер и најавата на филмот биле споделени на официјалниот Јутјуб канал на Бигорскиот манастир на 8 септември 2020 година.[4] Првите најави за филмот биле споделени на официјалната веб страница на манастирот на 15 април 2022. Премиерата на филмот се одржала на 15 април 2022 година на националниот телевизиски канал на МРТВ и на офиијалнот Јутјуб канал на манастирот.[5] На премиерата на филмот биле присутни и Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Фатмир Бесими, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за правда Никола Тупанчевски и градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска.[1] Филмот бил прикажан пред Офицерскиот дом во Битола во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ на 24 август 2022.[6]
Прием
уредиСпоред сестра Ефимија, која била задолжена за промоција на филмот, тој постигнал „огромен интерес“ и добил позитивни критики од фановите на филмската уметност.[6] Од август 2022 година, филмот има преку 200.000 прегледи на Јутјуб.[2] Eтнологот Владимир Деловски во критика на филмот напишал дека тој е „автентичен, вистинит, а во неговата срж е љубовта“.[3]
Екипа
уредиПродукциска
уреди- Режисер и сценописец: Илија Ико Каров
- Глумец: Благој Веселинов
- Кинематограф: Илија Зоговски
- Филмски уредник: Бранко Блажевски
- Филмски уредник: Горан Костадинов
- Музички автор: Горан Трајковски
- Продукциска куќа: КАТ продукција
Филмска
уреди- Камера: Никола Грнчаров, Кристијан Тодоровски, Александар Ивановски, Стојан Стојановски, Томе Љушев, Александар Пауновски
- Дрон: Дарко Данилов
- Оператори на дрон: Бојан Маринковиќ, Александар Дончев, Кристијан Љушев, Стојан Стојановски, Костас Клитсогијанис
- Уредник на звук: Бранко Блажевски
- Продукциски звук: Симон Кипровски, Александар Тодоровски, Братислав Зафировски
- Препродукција на глас: Сашко Мицевски, Дарко Димитриевски, Марко Ѓургик
- Миксер на препродукција: Братислав Зафировски
- Режисер на фотографија и оператор на камера на трејлер: Горан Кузмановски
- Помошник уредник: Никола Грнчаров
- Гафер: Сашко Стојановски
- 3D анимација: Ѓорѓи Димовски
- Продуцент: Илија Жоговски, Бранко Блажевски
- Егзекутивен продуцент: Илија Ико Каров
- Пост-продукција: Бранко Блажевски
- Шминка: Елена Цветковска
- Графички дизајн: Марија Мицевска
- Сведок: Јован Милеусниќ
- Сведок: Христина Милеусниќ
- Сведок: Мартин Георѓиевски Валтер
- Сведок: Бранко Богучевски
- Сведок: Душанка Бојаџиева
- Сведок: Даниел, Герасим Колевски
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Премиера на документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години-Сведок на светлината"“. Mkd.mk. 16 април 2022. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 18 септември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Наскоро „1000 години сведок на Светлината" документарен филм“. Бигорски манастир. 25 август 2020. Посетено на 22 август 2022.
- ↑ 3,0 3,1 „Премиера на документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години-Сведок на светлината"“. Телевизија 24. 16 април 2022. Посетено на 18 септември 2022.
- ↑ 1000 years witness of the Light - Trailer. Манастирот Бигорски. 8 септември 2020. https://www.youtube.com/watch?v=2V6vZsDCDhs&t=4s&ab_channel=BigorskiManastir. Retrieved 18 септември 2022.
- ↑ „Премиера на документарецот за Бигорски“. Бигорски манастир. 14 април 2022. Посетено на 22 август 2022.
- ↑ 6,0 6,1 „„1000 години Сведок на Светлината" на фестивалот Браќа Манаки“. Курир. 16 август 2022. Архивирано од изворникот на 2022-08-22. Посетено на 22 август 2022.
Надворешни врски
уреди- (film) 1000 years - Witness of the Light - (1000 години - Сведок на Светлината) - целосниот филм поставен на официјалниот Јутјуб канал на Бигорскиот манастир