Телтов-Флеминг
Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) — округ во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин.
Телтов-Флеминг Teltow-Fläming | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Лукенвалде | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,092 км2 (808 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 176.648 | ||
• Густина | 84/км2 (220/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | TF | ||
Мреж. место | teltow-flaeming.de |
Географија
уредиОкругот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк.
Историја
уредиОкругот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау.
Разно
уредиВо периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2]
Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) — 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија.
Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд.
Грб
уредиГрбот го покажува орелот на Бранденбург во левиот дел, бидејќи маркгрофовите на Бранденбург започнале да владеат со северниот и северозападниот дел на округот во 13 век. На десно е бастунот на игуменот. Ја симболизира верската држава Магдебург, на која припаѓале јужниот и средишниот дел на округот. Црнобелата шаховница потекнува од династијата Торгов, кои ја поседувале областа околу Цосен до 1478. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини | Општинска заедница |
---|---|---|
1. Даме/Марк
|
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Телтов-Флеминг“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Флеминг-Скејт (германски)