Хопегартен (германски: Hoppegarten) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија.

Хопегартен
Хиподром во Хопегартен
Хиподром во Хопегартен
Хиподром во Хопегартен
Грб на Хопегартен
Хопегартен во рамките на Германија
Хопегартен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Меркиш-Одерланд
Месни единици 3
Градоначалник Карстен Кноббе (DIE LINKE)
Основни податоци
Површина 31,88 км2
Надм. височина 50 м
Население 18.469 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 579 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MOL
Пошт. бр. 15366
Повик. бр. 03342, 030
Портал [1]
Местоположба на Хопегартен во рамките на округот Меркиш-Одерланд
Карта
Карта
Координати 52°31′0″N 13°40′0″E / 52.51667° СГШ; 13.66667° ИГД / 52.51667; 13.66667

Историја

уреди

Општината била создадена во 2003, кога поранешните општини Хенов и Минхехофе биле обединети со Далвиц-Хопегартен.

Географија

уреди
 
Хауско Езеро кај Хенов

Хопегартен се наоѓа близу источните предградија на Берлин. Други општини со кои се граничи се Аренсфелде (Барним), Вернојхен (Барним), Алтландсберг, Нојенхаген кај Берлин и Шенајхе (Одра-Шпре).

Општината е составена од градот Хопегартен и единиците Хенов (одвоена од остатокот на опшината), Биркенштајн, Валдесру и Минхехофе.

Сообраќај

уреди

Општината е опслужувана од берлинската С-Железница и има две станици на линијата С5 (Биркенштајн и Хопегартен). Линијата У5 на берлинската У-Железница завршува во Хенов.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди