Цосен
Цосен (германски: Zossen) е град во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, јужно од Берлин. Цосен е составен од неколку помали општини, кои биле споени заедно во 2003 со цел да го создадат градот.
Цосен | |
Црква Св. Тројство во Цосен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Телтов-Флеминг |
Градски единици | 16 |
Градоначалник | Михаела Шрајбер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 179,57 км2 |
Надм. височина | 38 м |
Население | 21.433 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 119 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TF |
Пошт. бр. | 15806 |
Повик. бр. | 03377 |
Портал | www.zossen.de |
Местоположба на градот Цосен во рамките на округот Телтов-Флеминг | |
Координати | 52°13′0″N 13°26′59″E / 52.21667° СГШ; 13.44972° ИГД |
Географија
уредиСо општинската реформа во 2003, Цосен се состои од неколку окрузи и единици:
|
|
Историја
уредиЦосен, како многу места во Бранденбург, бил првично основан како словенска населба. Неговото име потекнува од Зосна што означува бор, кој е воочаено дрво во областа.
Во 1875 била отворена железничката станица Цосен на линијата Берлин - Дрезден и пруската воена железница за артилериското поле во Кумерсдорф-Гут, денес во Ам Мелензе.
Во 1910 градот станал гарнизон за царската германска армија. Во Првата светска војна бил користен за неколку затворенички кампови, меѓу кои и „кампот полумесечина“ (Halbmondlager) за муслиманските борци на Антантата, каде била изградена и првата дрвена џамија во Германија. Од 1939 до 1945, во Винсдорф се наоѓале подземните седишта на германскиот Вермахт и командата на армијата.
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Цосен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Воена база Цосен Винсдорф Архивирано на 6 декември 2008 г.