Горен Хафел
Горен Хафел (германски: Oberhavel) — округ во северниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Мекленбуршка Езерска Област во Мекленбург-Западна Померанија, окрузите Укермарк, Барним, сојузната покраина Берлин и окрузите Хафеланд и Источен Пригниц-Рупин.
Горен Хафел | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Ораниенбург | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1,795,3 км2 (693,2 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 218.551 | ||
• Густина | 120/км2 (320/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | OHV | ||
Мреж. место | http://www.oberhavel.de |
Географија
уредиОкругот се наоѓа долж горниот тек на реката Хафел од нејзиниот извор до предградијата на Берлин. Во северниот дел се наоѓаат многу езера, вклучувајќи го Големото Штехлинско Езеро, кое е позната поради романот од Теодор Фонтане, наречен „Штехлин“ (Der Stechlin).
Историја
уредиОкругот бил создаден на 6 декември 1993 преку спојување на поранешните окрузи Гранзе и Ораниенбург.
Грб
уредиГрбот прикажува орел како симбол на Бранденбург во горниот дел. Долу се двата летачки лебеда на зелена позадина претставувајќи ја природата со многу езера. Грбот бил неофицијално користен од претходниот округ Ораниенбург пред спојување, но никогаш не бил официјално донесен. Бил донесен од округот Горен Хафел на 18 мај 1994. |
Градови и општини
уредиГрадови | Општински заедници | Слободни општини |
---|---|---|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Горен Хафел“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 4 март 2021 г. (германски)