Штраусберг (германски: Strausberg) е најголем град во округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на 30 километри источно од Берлин.

Штраусберг
Панорамски поглед од Штрауското Езеро
Панорамски поглед од Штрауското Езеро
Панорамски поглед од Штрауското Езеро
Грб на Штраусберг
Штраусберг во рамките на Германија
Штраусберг
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Меркиш-Одерланд
Градоначалник Елке Штаделер (независна)
Основни податоци
Површина 67,86 км2
Надм. височина 94 м
Население 27.344 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 403 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MOL (порано: SRB)
Пошт. бр. 15344
Повик. бр. 03341
Портал www.stadt-strausberg.de
Местоположба на градот Штраусберг во рамките на округот Меркиш-Одерланд
Карта
Карта
Координати 52°35′0″N 13°53′0″E / 52.58333° СГШ; 13.88333° ИГД / 52.58333; 13.88333

Историја

уреди

Штраусберг бил основан околу 1240 и во 1333 било изградено првото градско собрание. Денес се зачувани остатоци од одбранбените ѕидини околу стариот град. Во 19 век започнала индустријализацијата и во градот се развило работничко движење, вклучувајќи синдикати и локални комитети на Социјалдемократската и Комунистичката партија на Германија.[2] По 1945, градот станал дел од Источна Германија. Штраусберг бил административно седиште на истоимениот округ до 1993, кога се споил со Бад Фрајенвалде и Зелов и го создале Меркиш-Одерланд, а Зелов станал новото административно седиште на округот.

Географија

уреди

Штраусберг е 30 километри источно од Берлин и 30 километри западно од Костшин, на полската граница. Претставува дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург и еден од средните центри на областа. Се граничи со (гледано од север надесно), Алтландсберг, Обербарним, Буков, Гарцау-Гарцин, Рефелде, Ридерсдорф и Петерсхаген-Егерсдорф.

Градски единици

уреди

Градот е поделен на девет области (Gebiet): Фазаненпарк, Гартенштат, Хегермиле, Ноје Миле, Постбрух, Шилерхее (со Шпицмиле), Штраусберг Норд, Штраусберг Штат и Форштат.

Во градот влегуваат и три единици (Ortsteile):

  • Гладовсхее (217 жители[3])
  • Хоенштајн (233 жители[3])
  • Рулсдорф (44 жители[3])

Сообраќај

уреди

Градот е опслужуван од железничката станица Штраусберг, сместена на околу 6 километри јужно од градот, која е една од станиците на линијата 5 на берлинската С-Железница и линијата Берлин-Лихтенберг — Костшин на Германските железници. Постојат и други три станици на линијата С5 во рамките на градот, како Штраусберг Хегермиле, Штраусберг Штат и Штраусберг Норд.

Штраусберг е опслужуван и од Штраусбершката железница (Strausberger Eisenbahn), лесна железница со девет застанувања, која ја поврзува главната железничка станица со центарот на градот. Штраусбершката железница управува и со фериботот низ Штрауското Езеро (Strausseefähre).

Градот има мал аеродром („Flugplatz Strausberg“, ICAO: EDAY),[4] отворен во 1927, со писта од 1200 метри х 28 метри и се наоѓа на 2 километри источно од центарот на градот.

Спорт

уреди

Локалниот фудбалски клуб е ФК Штраусберг, кој настапува во регионалната лига во Бранденбург. Домашните натпревари се одигруваат на стадионот Енерџиарена.

Галерија

уреди

Партнерства

уреди
 
Трамвајот во градот
 
Аеродромот Штраусберг

Збратимени градови

Луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Horst Klein: Zur Geschichte der Ortsgruppe der KPD Strausberg 1920 bis 1946 (Thesen), in: Jahrbuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, No. I/2002; and Horst Klein: 110 Jahre organisierte Arbeiterbewegung - 1887–1997 Sozialdemokraten in Strausberg (Thesen), in: Jahrbuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, No. II/2003.
  3. 3,0 3,1 3,2 (германски) Информации за број на жители
  4. (германски) Информации за аеродромот

Надворешни врски

уреди