Аеродром Берлин-Бранденбург


Аеродромот Берлин-Бранденбург или службено Аеродром Берлин-Бранденбург Вили Брант (IATA: BERICAO: EDDB) (германски: Flughafen Berlin Brandenburg Willy Brandt) е меѓународен аеродром во изградба, сместен во близина на моменталниот Аеродром Шенефелд во Шенефелд, 18 километри јужно од центарот на Берлин, Германија. Планирано е да ги замени аеродромите Тегел и Шенефелд и да стане единствен комерцијален аеродром, кој ќе го опслужува Берлин и околната покраина Бранденбург, област со над 6 милиони жители. Именуван е по поранешниот германски канцелар Вили Брант.

Аеродром Берлин-Бранденбург

Flughafen Berlin Brandenburg
(во изградба)
BER Logo en.svg
Luftbild Flughafen Berlin Brandenburg 02.jpg
Summary
Airport typePublic
OperatorFlughafen Berlin Brandenburg GmbH
ServesБерлин, Германија
LocationШенефелд, Бранденбург
Elevation AMSL157 ft / 48 m
Websiteberlin-airport.de
Map
BER is located in Берлин
BER
BER
Местоположба на аеродромот на границата на Берлин и Бранденбург
[[Runway|Предлошка:Colors]]
Предлошка:Infobox airport/datatable

Првично планиран да биде отворен во 2010, аеродромот Берлин-Бранденбург доживеал серија на доцнења поради слабото планирање, управување и изведба на градбата.[1] До март 2013 не било познато кога аеродромот ќе биде отворен, иако секој датум пред 2014 бил отфрлен.[2][3] Поради овие проблеми, првично најавениот буџет за изградба на аеродромот ќе биде значително надминат.[4]

Lufthansa (вклучувајќи ја и нејзината подружница Germanwings) се очекува да бидат водечки авиопревозници на аеродромот Берлин-Бранденбург, како што и обете компании најавиле свое седиште тука. EasyJet се очекува да стане трет најголем авиопревозник. Со проектиран број на патници од околу 27 милиони на година,[2] Берлин-Бранденбург ќе стане трет најпрометен аеродром во Германија и еден од петнаесетте најпрометни во Европа.

НаводиУреди

  1. Холгер Хансен; Сара Марш (6 јануари 2013), Тим Добин (уред.), Новиот берлински аеродром дополнително одложен до 2014, Ројтерс, reuters.com, Посетено на 7 јануари 2013
  2. 2,0 2,1 „„Berlin Airport Fiasco Shows Chinks in German Engineering Armor". Bloomberg L.P. 14 март 2013.
  3. Мелиса Еди (7 јануари 2013), „Mayor to Leave Panel Overseeing Delayed Berlin Airport“, The New York Times, nytimes.com, Посетено на 2 февруари 2013
  4. „Berlin Airport Opening Delayed Yet Again“, Der Spiegel, Spiegel Online, 7 јануари 2013, Посетено на 2 февруари 2013

Надворешни врскиУреди