Шенефелд
Шенефелд (германски: Schönefeld) — општина во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија. Се граничи со југоисточните окрузи на Берлин. На нејзина територија се наоѓа поранешниот меѓународен аеродром Берлин-Шенефелд.
Шенефелд | |
Црква во Шенефелд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Даме-Шпревалд |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Удо Хазе (AFE) |
Основни податоци | |
Површина | 81,57 км2 |
Надм. височина | 44 м |
Население | 19.174 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 235 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LDS |
Пошт. бр. | 12529 |
Повик. бр. | 030, 03379, 033762 |
Портал | www.gemeinde-schoenefeld.de |
Местоположба на Шенефелд во рамките на округот Даме-Шпревалд | |
Координати | 52°23′18″N 13°30′17″E / 52.38833° СГШ; 13.50472° ИГД |
Географија
уредиСе наоѓа на околу 22 километри југоисточно од Берлин, веднаш до еден од двата берлински аеродрома, Берлин-Шенефелд (SXF), кој беше заменет од новиот аеродром Берлин-Бранденбург (BER). Новиот аеродром се наоѓа во Шенефелд, веднаш до поранешниот аеродром.
Општински единици
уредиОпштината Шенефелд е составена од шест населени места, поранешни општини пред да бидат припоени во 2003:
- Шенефелд
- Гросцитен
- Зелхов
- Кикебуш
- Валтерсдорф
- Васмансдорф
Населбата Кинберг, дел од Валтерсдорф, била целосно раселена поради проширувањето на аеродромот Берлин-Бранденбург и сега се развива како комерцијална зона.
Историја
уредиПрвото зачувано спомнување на Шенефелд на територијата Мителмарк потекнува од 1242. Сконенфелде, потоа посед на грофовите од Зелхоф, е документиран во 1375 во земјишната книга на императорот Карло IV, кога владеел како маркгроф на Бранденбург. Селската црква, повторно изградена во 1904/05 според плановите на Франц Хајнрих Швехтен, вклучува голем барокен олтар. Валтерсдорф и Васмансдорф исто така имаат свои селски цркви кои потекнуваат од првата половина на 13 век.
Од 1933 постои авионската компанија Хеншел и поседува три писти веднаш до селото. Повеќе од 14.000 воздухоплови биле направени во фабриката до 1945, кога објектите биле заземени од Црвената армија. Во гробиштата Гросцитен има споменик на 200 воени заробеници и присилни работници кои умреле во текот на Втората светска војна. Советските воздухопловни сили ги користеле пистите од 1946, а една година подоцна било наредено отпочнување на цивилни летови за снабдување на Источен Берлин.
Пред повторното обединување на Германија, Шенефелед се граничел со окрузите на поранешниот Западен Берлин (денешните Нојкелн и Темпелхоф-Шенеберг[2]), а од 1961 до 1990 бил одделен со Берлинскиот ѕид.[3][4]
Сообраќај
уреди- Аеродром Берлин-Шенефелд, се очекува да биде заменет од новиот аеродром Берлин-Бранденбург
- Железничката станица Берлин Шенефелд отворена во 1951 на берлинската обиколница
- Уште една железничка станица го опслужува новиот аеродромски терминал и станица за С-Железницата во Васмансдорф
- Излезот Шенефлед
Економија
уредиАеродромскиот центар, индустриска област во Валтерсдорф и аеродромот се важни извори на приход за Шенефелд.
Седиштето на Private Wings се наоѓа на самиот аеродром.[5][6][7] Пред нејзиното распуштање, источногерманската авионска компанија Interflug го имала своето седиште на аеродромот.[8] Bremenfly исто така го своето седиште во Шенефелд.[9]
Познати луѓе
уреди- Роземари Клаузен — театарски фотограф
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ Извор: "ADAC StadtAtlas - Berlin-Potsdam". ed. 2007 - pages 232, 233, 234 - ISBN 3-8264-1348-2
- ↑ Map and info about the wall on "Berlin Wall Online" (германски)
- ↑ Info, maps and pictures
- ↑ "Anfahrt GAT Schönefeld." Private Wings. 7 јануари 2013.
- ↑ "Access Business Aviation Center/GAT." Private Wings. 7 јануари 2013.
- ↑ "Imprint." Private Wings. 7 јануари 2013. "Postal adress: [sic] PRIVATE WINGS Flugcharter GmbH Chief executive officers: Peter Paul Gatz und Andreas Wagner Flughafen Berlin - Schönefeld 12521 Berlin, Germany" and "Delivery adress: Private Wings Flugcharter GmbH Waßmannsdorfer Straße 12529 Schönefeld (ehemals Diepensee)"
- ↑ "World Airline Directory," Flight International, 26 март 1988, p. 82. (pdf)
- ↑ "Kontakt." Bremenfly. 27 август 2010. 7 јануари 2012. "Zeppelinstr. 1 Berlin-Schönefeld 12529 Deutschland"
Извори
уреди- Bernd Kuhlmann. Schönefeld bei Berlin - 1 Amt, 1 Flughafen und 11 Bahnhöfe. Berlin: Gesellschaft für Verkehrspolitik und Eisenbahnwesen, 1996. ISBN 3-89218-038-5 (германски)
Надворешни врски
уреди- Шенефелд на Ризницата ?
- Матична страница