Ораниенбург

град во Бранденбург, Германија

Ораниенбург (германски: Oranienburg) — град и административно седиште на округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Ораниенбург
Замок Ораниенбург
Замок Ораниенбург
Замок Ораниенбург
Грб на Ораниенбург
Ораниенбург во рамките на Германија
Ораниенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Градски единици 9
Градоначалник Ханс-Јоахим Лезике (СДП)
Основни податоци
Површина 162,37 км2
Надм. височина 34 м
Население 47.752 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 294 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16515
Повик. бр. 03301
Портал www.oranienburg.de
Местоположба на градот Ораниенбург во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Карта
Координати 52°45′16″N 13°14′13″E / 52.75444° СГШ; 13.23694° ИГД / 52.75444; 13.23694

Географија

уреди

Ораниенбург е сместен на бреговите на реката Хафел, 35 километри северно од Берлин.

Градски единици

уреди

Градот се состои од 9 градски единици:

  • Фридрикстал
  • Гермендорф
  • Лениц
  • Малц
  • Ораниенбург
  • Заксенхаузен
  • Шмахтенхаген
  • Вензикендорф
  • Целендорф

Историја

уреди

Првичното име на Ораниенбург било Бецов. Градот бил основан во 12 век и бил првпат споменат во 1216. Се верува дека Алберт I ја наредил изградбата на замок на бреговите на Хафел. Околу замокот постоела населба на трговци и занаетчии.

Во 1646, Фридрих Вилхелм I се оженил со Луизе Хенриете. Таа била восхитена од градот Бецов, па поради тоа нејзиниот маж ѝ го подарил целиот регион. Принцезата наредила да се изгради нов замок во холандски стил и го нарекла Ораниенбург или Замок Ораниенбург. Во 1653, градот Бецов бил преименуван во Ораниенбург.

Силвио Гезел, основачот на слободната економија („Freiwirtschaft“), живеел во Ораниенбург помеѓу 1911 и 1915, објавувајќи го своето списание, „Der Physiocrat“. Се вратил во градот во 1927 и останал тука до својата смрт во 1930. Градот останал средиште на движењето за слободна економија додека не бил преземен од нацистичкиот режим во 1933 и многу следбеници на Гезел завршиле како затвореници во концентрацискиот камп во градот.

Еден од првите нацистички концентрациски кампови бил тој во Ораниенбург во 1933. Во 1936 бил заменет од концентрацискиот камп Заксенхаузен, кој продолжил да работи до крајот на нацистичкиот режим; 200.000 луѓе биле затворени во 9 годишниот период на кампот. 22.000 биле убиени од нацистите пред ослободувањето од советската Црвена армија во 1945. Потоа, местото било повторно отворено во август 1945 како советски специјален камп 7. Околу 12.000 луѓе (главно нацисти кои чекале судење) умреле за време на кампот пред тој да биде затворен во 1950. Нивните остатоци не биле пронајдени до почетокот на 1990-тите.

Ораниенбург бил исто така центар на проектот за јадрена енергија на Нацистичка Германија и според воениот историчар Ентони Бивор, отпочнувањето на Битката за Берлин од Сталин било мотивирано од неговата желба за освојување на објектот.[2] Исто така се тврди дека уништувањето на објектите на американските воздушни сили на 15 март 1945 било направено како превентива од потпаѓање во советски раце.[3]

Меѓународни односи

уреди

Ораниенбург е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Antony Beevor Berlin: The Downfall 1945, Penguin Books, 2002, ISBN 0-670-88695-5 Preface xxxiv
  3. Richard G. Davis,Bombing the European Axis Powers. A Historical Digest of the Combined Bomber Offensive 1939–1945 Архивирано на 8 април 2008 г. Alabama: Air University Press, 2006, page 518

Надворешни врски

уреди