Хоен Нојендорф (германски: Hohen Neuendorf) е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин.

Хоен Нојендорф
Водоснабдителна кула
Водоснабдителна кула
Водоснабдителна кула
Грб на Хоен Нојендорф
Хоен Нојендорф во рамките на Германија
Хоен Нојендорф
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Градски единици 4
Градоначалник Клаус-Дитер Хартунг (Левица)
Основни податоци
Површина 48,06 км2
Надм. височина 32 - 66 м
Население 27.139 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 565 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16540, 16556, 16562
Повик. бр. 03303
Портал www.hohen-neuendorf.de
Местоположба на градот Хоен Нојендорф во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Карта
Координати 52°40′N 13°17′E / 52.667° СГШ; 13.283° ИГД / 52.667; 13.283

Географија

уреди

Хоен Нојендорф се наоѓа на реката Хафел (изграден на Канал Одра-Хафел) и се граничи со берлинскиот кварт Фронау на југ, Миленбек (вклучувајќи го Шенфлис) на исток, Биркенверде и Ораниенбург на север и Хенигсдорф и Фелтен на запад.

Градски единици

уреди

Хоен Нојендорф се состои од 4 градски единици:

  • Хоен Нојендорф
  • Штолпе
  • Боргсдорф
  • Бергфекде

Историја

уреди

Хоен Нојендорф бил мал град со малку жители сè до крајот на 19 век, кога со развојот на железницата, почнал да се развива и самиот град.

Основањето на железничка станица во Хоен Нојендорф кон крајот на 19 век, благодарение на поголемото и побогато село Штолпе, довело до брз развој на Хоен Нојендорф, напоредно со самиот развој во Берлин. Денес, новата железничка станица Хоен Нојендорф е дел од берлинската С-Железница, додека старата зграда се користи како хотел.

Граница со Западен Берлин

уреди

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид. Помеѓу 1 јануари 1988 и 30 јуни 1990, селото Штолпе служело како граничен премин помеѓу Западен Берлин и Источна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите за меѓузонското движење, кои биле одредени со договорот од 1972. По 9 ноември 1989 источните контроли биле постепено намалувани, а на крајот на 30 јуни 1990 биле целосно укинати.

Меѓународни односи

уреди

Хоен Нојендорф е збратимен со:

 
Споменик на пчелите

Спорт

уреди

РУ Хоен Нојендорф, рагби клуб, се натпреварува во втората германска лига.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

  Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди