Кенигс Вустерхаузен

град во Германија

Кенигс Вустерхаузен (германски: Königs Wusterhausen) — град во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Кенигс Вустерхаузен
Замок во Кенигс Вустерхаузен
Замок во Кенигс Вустерхаузен
Замок во Кенигс Вустерхаузен
Грб на Кенигс Вустерхаузен
Кенигс Вустерхаузен во рамките на Германија
Кенигс Вустерхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Даме-Шпревалд
Градски единици 7
Градоначалник Штефан Лудвиг (Die Linkspartei)
Основни податоци
Површина 95,83 км2
Надм. височина 36 м
Население 38.929 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 406 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LDS
Пошт. бр. 15537, 15711, 15751
15754, 15758
Повик. бр. 03375
Портал www.koenigs-wusterhausen.de
Местоположба на градот Кенигс Вустерхаузен во рамките на округот Даме-Шпревалд
Карта
Карта
Координати 52°17′30″N 13°37′30″E / 52.29167° СГШ; 13.62500° ИГД / 52.29167; 13.62500

Географија

уреди

Положба

уреди

Кенигс Вустерхаузен или „КВ“ (KWодносно Ка-Ве) како што често е нарекуван, се наоѓа на каналот Ноте и реката Даме југоисточно од Берлин.

 
Каналот Ноте во Кенигс Вустерхаузен

Делови на градот

уреди

Кенигс Вустерхаузен е најголемиот град во округот Даме-Шпревалд. Со општинската реформа во 2003 кон градот се припоиле седум општини меѓу кои: Цезен, Каблов, Дипензе, Нидерлеме, Зенциг, Вернсдорф и Цернсдорф, со што површината на градот шесткратно се зголемила, а неговото население се дуплирало.

Историја

уреди

Во 1320 првпат бил споменат замокот во градот, како и околината. Од 1400 биле поседи на благородничко семејство од Шлибен.

На 14 октомври 1669, Фридрих фон Јена го добил замокот и селото Вендиш Вустерхаузен. На почетокот на јули 1683, Фридрих кој подоцна станал изборен кнез и крал на Прусија, го добил замокот и селото. Во 1698, Фридрих Вилхелм го добил замокот како подарок од неговиот татко. Во 1707, крунисаниот принц и подоцна крал, Фридрих Вилхелм I ја основал неговата компанија. Помеѓу 1713 и 1718, замокот бил претворен во ловечка куќа. Во 1718, градот со името Вустерхаузен, го добил моменталното име Кенигс Вустерхаузен.

Во 1862, романописецот и поетот Теодор Фонтане го посетил Кенигс Вустерхаузен кога го пишувал својот патопис.

Од 1901, Кенигс Вустерхаузен е дом на бранденбуршкото школо за слепи и слеповидни, финансирано од хамбуршкиот трговец Херман Шмит.

Во 1920 бил пуштен првиот радиски предавател во Германија во близина на градот, а во 1935, Кенигс Вустерхаузен го добил статусот на град. Во 1937 била изградена и осветена католичката црква Св. Елизабета.

Во 1938 била отворена обиколницата околу Берлин, сега автопат 10, кога ги опслужувала градовите околу Берлин. Во 1944 бил изграден концентрационен камп во близина на железничката товарна станица.

По Втората светска војна Кенигс Вустерхаузен се наоѓал во Источна Германија.

Во 1972 паднала централната кула, висока 243 метри, дел од радиските предаватели. Истата година во близина на градот се срушил Иљушин Ил-62 во кој загинале 156 луѓе.

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди