Хенигсдорф
Хенигсдорф (германски: Hennigsdorf) е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин и се граничи со него, а границата е главно одредена од реката Хафел.
Хенигсдорф | |
Црква Мартин Лутер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Горен Хафел |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Андреас Шулц (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 31,29 км2 |
Надм. височина | 33 м |
Население | 26.728 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 854 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHV |
Пошт. бр. | 16761 |
Повик. бр. | 03302 |
Портал | www.hennigsdorf.de |
Местоположба на градот Хенигсдорф во рамките на округот Горен Хафел | |
Координати | 52°38′16″N 13°12′13″E / 52.63778° СГШ; 13.20361° ИГД |
Историја
уредиОпштината се граничела со поранешниот Западен Берлин, па затоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид.
Во 1951-1952 бил изграден Каналот Хафел за да го поврзе Хенигсдорф со Парец, со тоа избегнувајќи го преминот низ реката Хафел, помеѓу Шпандау и Потсдам, кој бил под политичка контрола на Западен Берлин. Каналот е сè уште во употреба, обезбедувајќи пократка рута за бродовите од западниот дел на Берлин до Одра-Хафел и Полска.[2]
Географија
уредиГрадски единици
уредиХенигсдорф се состои од 3 градски единици:
- Хенигсдорф
- Нидер Нојендорф (од 1923)
- Штолпе-Зид (од 1 мај 1998)
Соседни места
уредиМеѓународни односи
уредиХенигсдорф е збратимен со:
Спорт
уредиХенигсдорф е дом на рагби клубот Штал Хенигсдорф. Екипата создадена во 1948 под водство на Ервин Тизис била најуспешната екипа во Источна Германија, освојувајќи 27 национални првенства од 1952 до 1990.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ Шефилд, Бери (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 100. ISBN 0-85288-283-1.
- ↑ Рагби во Хенигсдорф - Хронологија (германски)Hennigsdorf
Надворешни врски
уреди„Хенигсдорф“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |