Вилдау
Вилдау (германски: Wildau) — општина во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Се наоѓа близу Берлин и е поврзана со С-Железницата.
Вилдау | |
Техничкиот универзитет Вилдау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Даме-Шпревалд |
Градоначалник | Уве Малих (Левица) |
Основни податоци | |
Површина | 9,09 км2 |
Надм. височина | 45 м |
Население | 10.984 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.208 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LDS |
Пошт. бр. | 15745 |
Повик. бр. | 03375 |
Портал | www.wildau.de |
Местоположба на Вилдау во рамките на округот Даме-Шпревалд | |
Координати | 52°19′N 13°38′E / 52.317° СГШ; 13.633° ИГД |
Историја
уредиИсторијата на Вилдау почнува со рибарските семејства кои се населиле долж реката Даме и потоа испораката на песок, чакал и тули од областа со брод до Берлин.
Машинската индустрија го ставила Вилдау на картата при индустриската револуција. Во 1897, компанијата Шварцкопф основала фабрика за локомотиви и изградила населба за работниците од фабриките, која денес е заштитено културно наследство. Во текот на Втората светска војна, локалните фабрики биле вклучени во военото производство. По војната тие станале државни претпријатија во Источна Германија. По повторното обединување на Германија фабриките главно биле водени од Treuhand.
Во областа околу Вилдау, бројни технолошки и бизнис паркови биле отворени во претходните години, пред сè во услужната индустрија, логистички центри, како и компании за енергија и животна средина. Инженерска школа била основана уште во 1949, а од 1991 сојузната покраина Бранденбург го основала Техничкиот универзитет за применети науки Вилдау.
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди- Вилдау на Ризницата ?
- Официјална страница
- Страница на Техничкиот универзитет Вилдау Архивирано на 29 август 2017 г.
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |