Далгов-Дебериц (германски: Dallgow-Döberitz) — општина во округот Хафеланд, во Бранденбург, Германија.

Далгов-Дебериц
Поглед на Деберицер Хајде
Поглед на Деберицер Хајде
Поглед на Деберицер Хајде
Грб на Далгов-Дебериц
Далгов-Дебериц во рамките на Германија
Далгов-Дебериц
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Хафеланд
Градоначалник Јирген Хембергер (СГ)
Основни податоци
Површина 65,96 км2
Надм. височина 37 м
Население 10.687 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 162 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HVL
Пошт. бр. 14624
Повик. бр. 03322
Портал www.dallgow.de
Местоположба на Далгов-Дебериц во рамките на округот Хафеланд
Карта
Карта
Координати 52°31′59″N 13°03′0″E / 52.53306° СГШ; 13.05000° ИГД / 52.53306; 13.05000

Географија

уреди

Се состои од селата Далгов-Дебериц, Рорбек и Зебург. На исток се граничи со округот Шпандау на Берлин. Соседни општини се Фалкензе на север и Вустермарк на запад. На југ се наоѓа поранешниот голем воен полигон Деберицер Хајде, сега главно природен резерват управуван од фондацијата Хајнц Зилман.

Историја

уреди

Царската германска војска основала воен полигон во 1894 околу историското село Дебериц, кое било напуштено од неговите жители.

Во текот на Летните олимписки игри 1936 во соседниот Берлин, општината била домаќин на дел од дисциплините во современиот петобој и коњичките спортови.[2]

Помеѓу 1945 и 1951, Далгов имал улога на граничен премин за автомобили помеѓу советската окупациска зона (до 1949, потоа Источна Германија) и британската окупациска зона (до 1949) и потоа со Западна Германија или поточно со Западен Берлин. Сообраќајот бил предмет на одредбите од Меѓузонскиот сообраќај. Откако преминот го презела источногерманската полиција преминот бил поместен кон исток.

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин, поради што во периодото 1961-1990 била одвоена од него со Берлинскиот ѕид.

Филмот „Бранот“ од 2008 бил снимен во гимназијата Марија Кири во општината.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Официјален извештај од Летните олимписки игри 1936. Архивирано на 9 јули 2007 г. Volume 2. pp. 830, 894.

Надворешни врски

уреди