Волтерсдорф (Бранденбург)
За други истоимени места, погледајте Волтерсдорф.
Волтерсдорф (германски: Woltersdorf) — општина во округот Одра-Шпре, во Бранденбург. Често е нарекувана и како Волтерсдорф кај Берлин или Волтерсдорф кај Еркнер поради големиот број на места со истото име во Германија.
Волтерсдорф | |
Плоштадот со општинското собрание во позадина | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Одра-Шпре |
Градоначалник | Волфганг Хене (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 9,12 км2 |
Надм. височина | 50 м |
Население | 8.423 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 924 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LOS |
Пошт. бр. | 15569 |
Повик. бр. | 03362 |
Портал | woltersdorf-schleuse.de |
Местоположба на Волтерсдорф во рамките на округот Одра-Шпре | |
Координати | 52°26′52″N 13°45′26″E / 52.44778° СГШ; 13.75722° ИГД |
Географија
уредиОпштината се наоѓа на три езера, Флакенско, Калкско и Бауернско Езеро, помеѓу Шенајхе, берлинската шума и Еркнер. Волтерсдорф се граничи со Ридерсдорф, Еркнер, Берлин и Шенајхе.
Историја
уреди- Околу 1240 година, 14 фармерски семејства се населиле во селото. Денес, црквата, општинското собрание и старото училиште се наоѓаат овде, претставувајќи го центарот на Волтерсдорф. Првите жители биле земјоделци и рибари.
- Во 1319, Волтерсдорф бил запишан првпат како Валтерсдорф славика.
- По првпат Волтерсдорф бил забележан во 1375 во земјишната книга. Заедно со Рансдорф требал да плати данок на замокот Кепеник.
- Во 1487 Берлин го припојува Волтерсдорф.
- Во 1550 била изградена брана помеѓу Флакенско и Калкско Езеро.
- Во 1550 била изградена првата црква во Волтерсдорф.
- Од 1618 до 1648 Волтерсдорф бил напуштен (Триесетгодишна војна) и привремено ненаселен.
- Околу 1886 била изградена туристичка кула за набљудување на врвот на Кранихсберге. Пружа прекрасен поглед од височина околу 105 метри. При ведри денови може да се види Берлинската телевизиска кула.
- На крајот на 19 век била завршена железничката линија од Берлин. Во соседната општина, Еркнер, била изградена железничка станица. Многу Берлинци имале свои летни резиденции во Волтерсдорф.
- Од 1913 постои трамвајска линија помеѓу браната и станицата во Рансдорф.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Волтерсдорф на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Трамвај во Волтерсдорф[мртва врска]