Историја на Ангола

Ангола е држава во југозападниот дел на Африка. Португалија го истражувала регионот и основала населби и градски подрачја. Во 1482 година португалската експедиција на морепловецот Диогу Кана ги открила бреговите на денешна Ангола. Денешната престолнина Луанда била основана од Пауло Диас се Ноаис во 1576 година. Територија била колонија од 1655 година и Ангола била позната како покраина на Португалија до 1951 година. До средината на 19 век, главната политика на португалците во Ангола главно била насочена кон трговијата со робови. Според некои проценки, во период од 300 години, од земјата биле изнесени повеќе од 5.000.000 робови, главно за намените на Бразил. Кон крајот на 19 век започнале преговори околу оцртувањето на денешните територии на земјата. Овие преговори главно биле водени помеѓу Португалија, Белгија, Германија и Англија. Во текот на 1950 година, во земјата избувнале првите востанија. Како едно од најголемите антипортугалски востанија било онаа од 1961 година, на чие чело застанал Холденом Роберто. Така бил означен почетокот на војната за независност. По војната за независност на Ангола (1961-1974), кој завршил со воен удар во Лисабон, Ангола станала независна од Португалија, и на 11 ноември 1975 година бил склучен договор.

Дел од темата Ангола

Историја на Ангола

Рана историја
Колонизација на Ангола
Холандиска улога
Португалска улога
Анголска војна за независност
Анголска граѓанска војна
Ангола

Портал:Ангола