Алија (хебрејски: עֲלִיָּה‎ , aliyah „подем“) е имиграција на Евреите од дијаспората во Израелската земја. Дефинирано и како „одење нагоре“, односно кон Ерусалим, односно „правење алија“ со преселување во Израелската земја е едно од најосновните принципи на ционизмот. Спротивната акција, емиграцијата од Израелската земја, на хебрејски се нарекува јерида („спуст“).[1] Законот за враќање на Израел им дава автоматски права на Евреите, нивните деца и нивните внуци во врска со престојот и израелското државјанство.

Враќање во Ветената земја.

Во пооголем дел од еврејската историја, повеќето Евреи живееле во дијаспората каде што алија се развил како национален стремеж на еврејскиот народ, иако тој обично не се исполнувал сè до развојот на ционистичкото движење кон крајот на XIX век.[2] Големата имиграција на Евреите во Палестина започнала во 1882 година.[3] Од основањето на Израелската држава во 1948 година, повеќе од 3 милиони Евреи се преселиле во Израел.[4] Според податоците до 2014 година, Израел и соседните територии содржат 42,9% од светското еврејско население.[5]

Значење

уреди

Алија е важен еврејски културен концепт и основна компонента на ционизмот. Тој е запишан во израелскиот Закон за враќање, кој дава право на кој било Евреин и подобни не-Евреи (дете и внуче на Евреин, сопруга на Евреин, сопруга на дете на Евреин и сопруг на внуче на Евреин), законско право за помош на имиграција и населување во Израел, како и израелско државјанство. Некој што „прави алија“ се нарекува олех (м.р., мн. олим) или олах (ж.р., мн. олот). Многу религиозни Евреи се залагаат за алија како враќање во Ветената земја и го сметаат за исполнување на Божјото библиско ветување на потомците на хебрејските патријарси Авраам, Исак и Јаков. Моше бен Нахман го вклучува правење алија во неговото набројување на 613 заповеди.[6]

Враќањето во Израелската земја е повторлива тема во еврејските молитви што се читаат секој ден, трипати на ден, а празничните служби на Пасха и Јом Кипур традиционално завршуваат со зборовите „Следната година во Ерусалим“. Бидејќи еврејската лоза може да обезбеди право на израелско државјанство, алијата (враќањето во Израел) има и секуларно и религиозно значење.

Со генерации религиозни Евреи, алија го поврзувале со доаѓањето на еврејскиот Месија. Евреите се молеле да дојде нивниот Месија, кој требало да ја поврати земјата Израел од незнабожечко владеење и да го врати светското еврејство во земјата под халахска теократија.[7]

Историска статистика

уреди
регион/ држава 1882–
1918
1919–
1948
1948–
1951
1952–
1960
1961–
1971
1972–
1979
1980–
1989
1990–
2001
2002–
2010
2011–
2020
вкупно
  Африка 4,033 93,282 143,485 164,885 19,273 28,664 55,619 31,558 20,843 561,642
  Алжир 994 3,810 3,433 12,857 2,137 1,830 1,682 1,967 324 29,034
  Египет и Судан 0 16,028 17,521 2,963 535 372 202 166 21 37,808
Предлошка:Country data Ethiopian Empire Абисинија  Етиопија и   Еритреја 0 10 59 98 309 16,971 45,131 23,613 10,500 96,691
  Либија 873 30,972 2,079 2,466 219 67 94 36 5 36,811
  Мароко 0 28,263 95,945 130,507 7,780 3,809 3,276 2,113 384 272,077
  ЈАР 259 666 774 3,783 5,604 3,575 3,283 1,693 2,560 22,197
  Тунис 0 13,293 23,569 11,566 2,148 1,942 1,607 1,871 398 56,394
  Зимбабве 0 37 22 145 393 82 26 14 719
други(Африка) 1,907 203 83 500 148 16 318 85 24 3,284
    Америка и Океанија 7,579 3,822 6,922 42,400 45,040 39,369 39,662 36,209 51,370 272,373
  Аргентина 238 904 2,888 11,701 13,158 10,582 11,248 9,450 3,150 63,319
  Австралија 0 116 107 742 1,146 835 977 524 4,447
  Боливија 0 0 0 199 94 80 53 84 510
  Бразил 0 304 763 2,601 1,763 1,763 2,356 2,037 4,320 15,907
  Канада 316 236 276 2,169 2,178 1,867 1,963 1,700 6,340 17,045
  Чиле 0 48 401 1,790 1,180 1,040 683 589 5,731
  Колумбија 0 0 0 415 552 475 657 965 3,064
  Куба 0 14 88 405 79 42 629 606 1,863
  Еквадор 0 0 0 40 38 44 67 69 258
  Мексико 0 48 168 736 861 993 1,049 697 4,552
  Нов Зеланд 70 0 13 91 129 124 142 42 611
  Панама 0 0 0 64 43 48 50 40 245
  Перу 0 0 0 269 243 358 612 1,539 3,021
  САД 2,000[8] 6,635 1,711 1,553 18,671 20,963 18,904 17,512 15,445 32,000 135,394
  Уругвај 0 66 425 1,844 2,199 2,014 983 1,555 9,086
  Венецуела 0 0 0 297 245 180 418 602 1,742
други (Средна Америка) 0 17 43 129 104 8 153 157 611
други (Јужна Америка) 0 42 194 89 62 0 66 96 549
друго(Америка и Океанија) 318 313 0 148 3 8 44 12 846
  Азија 40,776 237,704 37,119 56,208 19,456 14,433 75,687 17,300 1,370 500,053
  Авганистан 0 2,303 1,106 516 132 57 21 13 4,148
  Мјанмар 0 0 0 147 83 383 138 33 784
  Кина 0 504 217 96 43 78 277 74 190 1,479
  Кипар 0 21 35 28 21 12 32 0 149
  Индија,   Пакистан,   Бангладеш, и   Шри Ланка 0 2,176 5,380 13,110 3,497 1,539 2,055 961 1,180 29,898
  Индонезија,   Малезија и   Филипини 0 101 46 54 40 60 205 42 548
Предлошка:Country data Persia Персија  Иран 3,536 21,910 15,699 19,502 9,550 8,487 4,326 1,097 84,107
  Ирак 0 123,371 2,989 2,129 939 111 1,325 130 130,994
  Израел 0 411 868 1,021 507 288 1,148 1,448 5,691
  Јапонија 0 0 9 25 34 57 98 32 255
  Јордан 0 6 9 23 6 9 15 0 68
  Либан 0 235 846 2,208 564 179 96 34 4,162
  Монголија,   Јужна Кореја, and   Северна Кореја 0 0 0 4 5 10 100 36 155
  Саудиска Арабија 0 177 0 4 0 5 0 0 186
  Русија  СССР  Русија (Азија)[a] 61,988 12,422 74,410
  Сирија 0 2,678 1,870 0 0 0 1,664 23 6,235
  Турција 8,277 34,547 6,871 14,073 3,118 2,088 1,311 817 71,102
  Јемен 2,600[9] 15,838 48,315 1,170 1,066 51 17 683 103 69,843
други(Азија) 13,125 947 0 60 21 45 205 30 14,433
  Европа 377,487 332,802 106,305 162,070 183,419 70,898 888,603 96,165 162,320 2,380,069
  Албанија 0 0 5 8 0 0 376 0 389
  Австрија 7,748 2,632 610 1,021 595 356 368 150 13,480
  Белорусија 5,530 5,530
  Белгија 0 291 394 1,112 847 788 1,053 873 5,358
  Бугарија 7,057 37,260 1,680 794 118 180 3,999 341 51,429
  Чехословачка 16,794 18,788 783 2,754 888 462 527 217 41,213
  Данска 0 27 46 298 292 411 389 85 1,548
  Финска 0 9 20 172 184 222 212 33 852
  Франција 1,637 3,050 1,662 8,050 5,399 7,538 11,986 13,062 38,000 90,384
  Германија / Вајмарска Република 52,951 8,210 1,386 3,175 2,080 1,759 2,442 866 72,869
  Грција 8,767 2,131 676 514 326 147 127 48 12,736
  Унгарија 10,342 14,324 9,819 2,601 1,100 1,005 2,444 730 42,365
  Ирска 0 14 46 145 157 233 136 54 785
  Италија 1,554 1,305 414 940 713 510 656 389 6,481
  Луксембург 0 30 15 15 7 12 0 4 83
  Холандија 1,208 1,077 646 1,470 1,170 1,239 997 365 8,172
  Норвешка 0 17 14 36 55 126 120 19 387
  Полска 170,127 106,414 39,618 14,706 6,218 2,807 3,064 764 343,718
  Португалија 0 16 22 66 56 55 47 28 290
  Романија 41,105 117,950 32,462 86,184 18,418 14,607 6,254 711 317,691
  Русија  СССР  Русија (Европа) 47,500[10][b] 52,350 8,163 13,743 29,376 137,134 29,754 844,139 72,520 66,800 1,301,479
  Шпанија 0 80 169 406 327 321 269 178 1,750
  Шведска 0 32 51 378 372 419 424 160 1,836
  Швајцарија 0 131 253 886 634 706 981 585 4,176
  Велика Британија 1,574 1,907 1,448 6,461 6,171 7,098 5,365 3,725 6,320 40,069
  Украина 45,670 45,670
 Југославија 1,944 7,661 320 322 126 140 2,029 162 12,704
друго (Европа) 2,329 1,281 3 173 32 0 198 93 4,109
непознато 52,982 20,014 3,307 2,265 392 469 422 0 0 79,851
Вкупно 62,500[11][c] 482,857 687,624 297,138 427,828 267,580 153,833 1,059,993 181,233 236,903 3,857,489

Наводи

уреди
  1. "Aliyah": The Word and Its Meaning“. 2005-05-15. Архивирано од изворникот на 2009-12-19. Посетено на 2013-04-29.
  2. Rosenzweig, Rafael N. (1989). The Economic Consequences of Zionism. E.J. Brill. стр. 1. ISBN 9-004091-47-5. Zionism, the urge of the Jewish people to return to Palestine, is almost as ancient as the Jewish diaspora itself. Some Talmudic statements ... Almost a millennium later, the poet and philosopher Yehuda Halevi ... In the 19th century ...
  3. Schneider, Jan (June 2008). „Israel“. Focus Migration. 13. Hamburg Institute of International Economics. ISSN 1864-6220. Архивирано од изворникот на 2019-05-14. Посетено на 2013-04-29.
  4. „400 olim arrive in Israel ahead of Independence Day - Israel Jewish Scene, Ynetnews“. Ynetnews.com. Посетено на 2013-04-29.
  5. DellaPergola, Sergio (2014). Dashefsky, Arnold; Sheskin, Ira (уред.). „World Jewish Population, 2014“. Current Jewish Population Reports. The American Jewish Year Book (Dordrecht: Springer). 11: 5–9, 16–17. Посетено на January 3, 2016. Israel’s Jewish population (not including about 348,000 persons not recorded as Jews in the Population Register and belonging to families initially admitted to the country within the framework of the Law of Return) surpassed six million in 2014 (42.9% of world Jewry).
  6. Golinkin, David. „Is It A Mitzvah To Make Aliyah?“. Responsa in a Moment. Schechter Institute of Jewish Studies. Посетено на 9 October 2012.
  7. „עליית החסידים ההמונית לא"י“. ץראב םתושרתשהו א"רגה ידימלת. Daat. 2 август 2008.
  8. Goldsceider, Calvin (January 1974). „American Aliya / Sociological and Demographic Perspectives“. Berman Jewish Policy Archive. Behrman House Publishers. Архивирано од изворникот на 15 December 2014. Посетено на 11 October 2012.
  9. „First Aliya“. Посетено на September 9, 2013.
  10. The Divided Self: Israel and the Jewish Psyche Today - David J. Goldberg - Google Books. Books.google.com. 2011-03-15. Посетено на 2013-04-29.
  11. „Statistical Abstract of Israel 2012 - No. 63 Subject 4 - Table No. 2“. Cbs.gov.il. Посетено на 2013-04-29.

Надворешни врски

уреди