Ханански јазици
Ханански јазици или ханански јазици — јазична група која е дел од северозападните семитски јазици од големото семејство на семитски јазици. Овие јазици биле зборувани од древните семитски народи во Ханан и Левант, региони во Блискиот Исток, поточно денешните територии на Израел, Јордан, Египет (Синајски Полуостров), Либан и Сирија.
Ханански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Левант, Картагина |
Класификација: | афроазиски
|
Гранки: |
феникиски (исчезнат)
|
Општата гледна точка е дека кананските јазици се зборувале од Израелитите, Феникијците, Амонитите, Моавите, Едомитите, Сутејците, Екронците и Амалеците. Хананските јазици престанале да се користат како секојдневни јазици на општење во 1 милениум п.н.е., но сепак хебрејскиот јазик останал да се користи од страна на Евреите во средновековието како литургиски јазик, но и како јазик на еврејската книжевност и трговија. Подоцна, кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, хебрејскиот јазик бил оживеан и станал прв, мајчин, јазик на Евреите во Палестина. Денес, тој е службен јазик на Израел, единствен жив канански јазик, и истиот го зборуваат над 9 милиони луѓе.
Оваа јазична група е значајна во јазичниот и историскиот круг поради тоа што е првата историски документирана јазична група која користела азбука за да го запишан усниот јазик. Исто така, оваа јазична група е една од најраните документирани во историјата.
Класификација
уредиХананските јазици (или дијалекти) се поделени на следниве подгрупи:[1][2]
- Северни
- Јужни
- хебрејски јазик, заедно со неговите дијалекти: библиски хебрејски, моапски, амонитски и едомитски
- Останати
Во групата на канански јазици понекогаш се сместуваат и угаритскиот и екронскиот јазик.
Наводи
уреди- ↑ Rendsburg 1997, стр. 65.
- ↑ Waltke & O'Connor (1990:8)
Литература
уреди- The Semitic Languages. Routledge Language Family Descriptions. Edited by Robert Hetzron. New York: Routledge, 1997.
- Garnier, Romain; Jacques, Guillaume (2012). „A neglected phonetic law: The assimilation of pretonic yod to a following coronal in North-West Semitic“. Bulletin of the School of Oriental and African Studies. 75.1: 135–145. doi:10.1017/s0041977x11001261.
- Rendsburg, Gary (1997). „Ancient Hebrew Phonology“. Phonologies of Asia and Africa: Including the Caucasus. Eisenbrauns. стр. 65. ISBN 978-1-57506-019-4.
- Waltke, Bruce K.; O'Connor, M. (1990). An Introduction to Biblical Hebrew Syntax. Winona Lake, Indiana: Eisenbrauns. ISBN 0-931464-31-5.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Некои западносемитски натписи
- Како азбуката е родена од хиероглифите Архивирано на 30 јуни 2016 г., Biblical Archaeology Review