Јохан Ерик Калвин Елмандер (27 мај 1981) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Својата кариера ја започнал во Холмалунд кон крајот на 1990-тите години. Продолжил да игра професионален фудбал во Холандија, Шведска, Данска, Франција, Англија и Турција пред да се пензионира во тимот на Оргрите во 2017 година. Професинален интернационалец бил од 2002 до 2015 година. Постигнал 20 гола на вкупно 85 натпревари за репрезентацијата на Шведска и ја претставувал својата земја на: Светското првенство на ФИФА во 2006 година, УЕФА ЕВРО 2008 и УЕФА ЕВРО 2012 година.

Јохан Елмандер за Галатасарај во 2012

Во 2011 година, неговиот гол за Болтон Вондерерс, на гостувањето кај Вулверхемптон Вондерерс во сезоната 2010-11, бил прогласен за најдобар гол во историјата на Премиер лигата до тој момент според анкетата на Гардијан.[1][2]

Клупска кариера

уреди

Почетна кариера

уреди

Елмандер е роден во Алингсос, општина Алингсос. Тој ја започнал својата кариера како напаѓач за шведските клубови, но се прекомандувал во централен играч за врска и тоа за време додека играл за Холмалундс ИФ и Ергрите. Подоцна тој преминал во холандскиот клуб Фејенорд и тоа кога имал само 18 години, каде што продолжил да игра на позицијата од средниот ред. Тој никогаш не бил член на првиот тим, туку влегувал како замена. Во финалето на Купот на УЕФА во 2002 година, исто така влегол како замена кога тимот постигнал победа со 3:2 против екипата на Борусија Дортмунд.[3]

Елмандер подоцна бил ставен на заем и вратен назад во Шведска во тимот на Ѓургарден, каде што ја освоил двојната круна на крајот на сезоната и тоа во Алсвенскан лигата како и во шведскиот куп во 2002 година. Во 2003 година, на него не му бил доделен медал. бидејќи во претходната година имал одиграно премалку натпревари за тимот. Првиот настап за репрезентацијата на Шведска го имал на пријателскиот натпревар против екипата на Грција во февруари 2002 година. Во 2003 година, тој бил позајмен на ривалите од холандската лига на Фејенорд, и на НАЦ Бреда.

Брондби ИФ

уреди
 
Персонализирана копачка на Елмандер од тимот на Брондби

Во сезоната 2004-2005, тој бил купен од Данската Суперлига од тимот на Брондби. И покрај тоа што не постигнал доволно голови за клубот како што се очекувало, тој бил организаторски и креативен дел од тимот на Брондби во сезоната 2004-05 во Суперлигата. Тој играл главно како втор напаѓач веднаш зад единствениотб напаѓач. Оваа формација ја поставил тренерот Михаел Лаудруп, а тоа била 4–3–3. Тимот на крајот на сезоната ја освоил двојната титула и во данската Суперлига и во Купот на државата Данска, а Елмандер бил избран за играч на годината во тимот на Брондби.

Во неговите две сезони во екипата на Брондби, Елмандер постигнал 22 гола на 58 натпревари во данската Суперлига, привлекувајќи го вниманието на неколку клубови низ цела Европа. Набрзо бил повикан да ја претставува Шведска на Светското првенство во 2006 година, каде одиграл два натпревари. Елмандер подоцна потпишал четиригодишен договор со францускиот тим Тулуз за сума околу 4.500.000 евра. Договорот бил потпишан на 7 јули 2006 година.

Тулуз

уреди

Елмандер постигнал 11 гола во својата првата сезона за тимот на Тулуз и бил номиниран за играч на годината од неговите колеги, играчи. Наградата сепак на крајот заминала во ФК Лион во рацете на крилниот напаѓач Флоран Малуда. Сезоната му била многу успешна, со тоа што Елмандер му помогнал на тимот на Тулуз да стигне до третото место во француската лига и пласман во квалификациските натпревари на Лигата на шампионите на УЕФА. Втората сезона, слично како и онаа на неговиот тим, била доста понеуспешна, иако тој постигнал ист број на голови како и претходната. Неговите голови не биле толку одлучувачки како претходните од претходната сезона..

Болтон Вондерерс

уреди

На 27 јуни 2008 година, Елмандер направил преселба во Премиерлигашкиот клуб Болтон Вондерерс [4][5] за сума од 8,2 милиони фунти која била рекордна за клубот во тоа време. Во договорот бил вклучен и Даниел Браатен, кој требало да се пресели во обратна насока односно во тимот на Тулуз. Елмандер потпишал тригодишен договор, носејќи го дресот со број 9. Тренер му бил Гери Мегсон.

Првиот гол на Елмандер во Премиер лигата бил удар со глава, и постигнат на неговиот прв натпревар против тимот на Стоук Сити на 16 август 2008 година во победата од 3:1.[6] Елмандер одиграл 30 натпревари за клубот на Болтон во сезоната 2008-09, постигнувајќи пет гола и две асистенции.[7]

Од декември 2008 до септември 2009 година, Елмандер поминал низ деветмесечна гол-суша, која завршила за време на натпреварот во Лига Купот против тимот Вест Хем Јунајтед, бидејќи постигнал гол во минутите од продолжението.[8] Неговиот прв гол во лигашкиот дел бил оној против тимот на Астон Вила кога Болтон загубил со резултат од 5:1. Овој гол бил постигнат по цели 11 месеци апстиненција.[9]

Елмандер конечно ја пронашол својата голгетерска форма во сезоната 2010-11, постигнувајќи шест гола на воведните 13 натпревари, сите на гостински терен, односно далеку од стадионот Рибок. Неговите први домашни голови сезоната биле против Њукасл Јунајтед. Сепак, неговата голгетерска форма подоцна се намалила и тој постигнал само три гола во периодот од декември до 12 март кога успеал конечно да даде гол против Бирмингем Сити во натпреварот од шестото коло на ФА Купот.[10] Овој гол му бил 11ти по ред во сите натпреварувања таа сезона.

Менаџерот на Болтон, Овен Којл, во интервју на 20 мај изјавил дека очекува Елмандер да се приклучи на тимот на Галатасарај.[11] Елмандер ја потврдил подоцна таа изјава и во месец мај го напуштил клубот.[12]

Елмандер во Премиер лигата одиграл 92 натпревари, постигнувајќи 18 гола; 11 настапи имал во ФА Купот,каде постигнал три гола; и пет настапи имал во Лига купот, постигнувајќи само еден гол.

Галатасарај

уреди
 
Елмандер во дресот на Галатасарај од Истанбул во септември 2011 година во натпревар против Ескишехирспор

На 27 мај 2011 година, Елмандер на неговиот роденден пристигнал во Турција, а на 30 мај 2011 година, Елмандер му се приклучил на тимот на Галатасарај со потпишан тригодишен договор откако истекол неговиот поранешен договор со тимот на Болтон.[13] Тој дебитирал во втората недела од сезоната во Супер Лига, влегувајќи во игра во 61 минута кога и го постигнал својот прв гол во победата од 3:1 на домашен терен над тимот на Самсунспор. Ова се случило на 18 септермври. Поради неговите одлични настапи, тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, ја променил формацијата на тимот во 4–4–2, дозволувајќи му на Елмандер да игра заедно со Милан Барош во нападот. На 26 февруари 2012 година, тој на почетокот на натпреварот го постигнал победничкиот гол на натпреварот против лутиот ривал Бешикташ во победата од 3–2. Исто така постигнал голови на сите дерби натпревари, вклучително и против тимовите на Фенербахче и Трабзонспор. Таа сезона тој постигнал 12 гола на 36 првенствени натпревари во сезона во која Галатасарај на крајот била и шампион на лигата.

Елмандер ја започнал сезоната 2012-13 со натпревар против тимот на Касимпаша. Својот прв гол во истата сезона го постигнал во ремито од 3-3 против тимот на Бешикташ. Во четвртата недела од лигата, тој го постигнал првиот гол против Анталијаспор во победата од 4-0 на гостински терен, а на 19 октомври 2012 година, тој постигнал неверојатен гол против екипата на Генчлербирлиги во ремито од 3:3 на гости. Со овој гол Елмандер го задржал првото место во лигата по постигнати голови. Од тимот на Галатасарај заминал во август 2013 година за да се приклучи на премиерлигашот Норвич Сити и тоа како позајмен играч за една сезона.

Позајмица на Норвич Сити

уреди

Елмандер се вратил во Англија, приклучувајќи му се на тимот на Норвич како позајмица за една сезона од Галатасарај. Својот прв натпревар за тимот на Норвич го имал против екипата на Хал Сити, а своите два први гола ги постигнал против екипата на Бури во Лига Купот на 27 август 2013 година.[14] Неговиот прв натпревар во лигата бил против тимот на Саутемптон на 31 август 2013 година. Елмандер својот прв лигашки гол го постигнал против Саутемптон во поразот од 4–2 на гостински терен на 15 март 2014 година.[15] Тој не успеал да ги импресионира сопствениците на Норвич, иако успеал да ги освои срцата на многу фанови со неговите настапи и големата желба за игра. 

Враќање во Брондби

уреди

На 24 јуни 2014 година, Елмандер се вратил во Брондби во Данска преку слободен трансфер, потпишувајќи двегодишен договор, по истекот на неговиот договор со Галатасарај. По враќањето во клубот му бил подарен дресото со омилениот број 11.[се бара извор]

Враќање во Оргрите и пензионирање

уреди

Елмандер ја поминал својата последна сезона како професионален фудбалер во тимот Оргрите, постигнувајќи 5 гола на 25 натпревари во сите типови на натпреварувања.[16]

Меѓународна кариера

уреди

Елмандер играл за репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија, потоа на УЕФА ЕВРО 2008 во Австрија и Швајцарија и на УЕФА ЕВРО 2012 година во Украина и Полска. Тој се повлекол од државната репрезентација во ноември 2015 година, откако одиграл вкупно 85 натпревари и постигнал 20 гола.[17]

Приватен живот

уреди

Елмандер има двајца браќа едниот Питер и другиот Патрик кои исто така се поранешни професионални фудбалери.[18]

Тој се оженил на 27 декември 2007 година со љубовта од средншколските години Аманда Калвин на раскошна церемонија во нејзиниот роден град Хемсјо, Шведска. Двојката Елмандер имала преку 200 гости, вклучувајќи ги и поранешните соиграчи Ким Келстром и Џон Јонсон. На нивната венчавка настапил пејачот, шведскиот идол Кристофер Хидинг.[19] Во август 2008 година, двојката Елмандер го објавила раѓањето на нивното прво дете.[20] На 18 ноември пак 2010 година, било објавено дека сопругата на Елмандер родила девојче по име Лили.[21]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статитика

уреди
Обновено на 17 јули 2018.
Клуб Сезона Лига Сооднос на натпревари и постигнати голови во лигата Куп натпревари Лига куп Континентални

Европски

Други Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Холмалунд 1997 Дивизиjа 2 Вестра Геталанд 4 0 4 0
1998 Дивизиja 2 Вестра Геталанд 19 5 19 5
Вкупно 23 5 23 5
Оргрите 1999 Алсвенскан прва шведска лига 18 2 18 2
2000 Алсвенскан прва шведска лига 21 2 21 2
Вкупно 39 4 39 4
Фејенорд 2000–01 Ередивизија прва холандска лига 16 2 16 2
2001–02 Ередивизија прва холандска лига 22 1 22 1
2002–03 Ередивизија прва холандска лига 1 0 1 0
Вкупно 39 3 39 3
Ѓургарден

(позајмен)

2002 Алсвенскан прва шведска лига 8 5 2 0 4 2 14 7
2003 Алсвенскан прва шведска лига 11 7 2 0 13 7
Вкупно 19 12 4 0 4 2 27 14
НАЦ Бреда

(позајмен)

2003–04 Ередивизија прва холандска лига 31 7 31 7
Вкупно 31 7 31 7
Брондби 2004–05 Данска Суперлига 27 9 27 9
2005–06 Данска Суперлига 31 13 31 13
Вкупно 58 22 58 22
Тулуз 2006–07 Лига 1

француска прва лига

32 11 0 0 32 11
2007–08 Лига 1

француска прва лига

32 11 0 0 6 1 38 12
Вкупно 64 22 0 0 6 1 70 23
Болтон Вондерерс 2008–09 Премиер лига 30 5 1 0 31 5
2009–10 Премиер лига 25 3 4 1 3 1 32 5
2010–11 Премиер лига 37 10 6 2 2 0 45 12
Вкупно 92 18 11 3 5 1 108 22
Галатасарај 2011–12 Супер лига

прва турска лига

36 12 0 0 36 12
2012–13 Супер лига

прва турска лига

16 4 2 1 1 0 6 0 25 5
Вкупно 52 16 2 1 1 0 6 0 61 17
Норвич Сити

(позајмен)

2013–14 Премиер лига 28 1 2 0 3 2 33 3
Вкупно 28 1 2 0 3 2 33 3
Брондби 2014–15 Данска Супер лига 20 1 2 1 22 2
2015–16 Данска Супер лига 25 5 4 1 8 3 37 9
Вкупно 45 6 6 2 8 3 59 11
Оргрите 2017 Суперетан

втора шведска лига

23 4 1 1 1 0 25 5
Вкупно 23 4 1 1 1 0 25 5
Вкупно во кариера 513 120 26 7 9 3 16 3 1 0 573 136

Меѓународни натпревари

уреди

Настапи и голови на годишно ниво[22]

Репрезентација Година Настапи Голови
Шведска 2002 година 2 0
2003 година 4 3
2004 година 4 1
2005 година 6 3
2006 година 9 1
2007 година 6 3
2008 година 8 0
2009 година 7 1
2010 година 5 1
2011 година 11 3
2012 година 6 2
2013 година 6 2
2014 година 8 0
2015 година 3 0
Вкупно 85 20
Број Дата Локација на игра Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 16 февруари 2003 Супхашаласај Стадион, Бангкок, Тајланд   Катар 1–0 3–2 203 Кралски куп
2. 2–0
3. 20 февруари 2003 Супхашаласај Стадион, Бангкок, Тајланд   Тајланд 2–0 4–1 2003 Кралски куп
4. 17 ноември 2004 Истер Роуд Единбург, Шкотска   Шкотска 3–0 4–1 Пријателски
5. 4 јуни 2005 Улеви Гетеборг, Шведска   Малта 6–0 6–0 Квалификации за светско првенство на ФИФА 2006
6. 8 јуни2005 Росунда стадион, Солна, Шведска   Норвешка 2–3 2–3 Пријателски
7. 12 ноември 2005 Сеул Светски куп стадион Сеул, Јужна Кореја   Јужна Кореја 1–1 2–2 Пријателски
8. 7 октомври 2006 Росунда стадион, Солна, Шведска   Шпанија 1–0 2–0 Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
9. 28 март 2007 Виндзор парк, Белфаст, Северна Ирска   Северна Ирска 1–0 1–2 Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
10. 2 јуни 2007 Паркен стадион, Копенхаген, Данска   Данска 1–0 3–0 * Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
11. 3–0
12. 12 август 2009 Росунда стадион, Солна, Шведска   Финска 1–0 1–0 Пријателски
13. 3 март 2010 Либерти стадион, Свонси,

Велс

  Велс 1–0 1–0 Пријателски
14. 9 февруари 2011 ГСП стадион, Никозија, Кипар   Украина 1–0 1–1 Пријателски
15. 3 јуни 2011 Зимбру стадион Кишењев, Молдавија   Молдавија 2–0 4–1 Квалификации за УЕФА ЕВРО 2012
16. 3–0
17. 6 септември 2012 Олимпија Хелсинборг,

Шведска

  Кина 1–0 1–0 Пријателски
18. 16 октомври 2012 Олимписки стадион, Берлин, Германија   Германија 3–4 4–4 Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014
19. 7 јуни 2013 Ернст-Хапел стадион Виена, Австрија   Австрија 1–2 1–2 Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014
20. 6 септември 2013 Авива, Даблин, Република Ирска   Ирска 1–1 2–1 Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014

* Натпреварот е прекинат.

Наводи

уреди
  1. „Premier League (Football),Football,Sport“. The Guardian. London. 15 December 2011.
  2. „O gol, İngiltere'nin gelmiş geçmiş en iyi golü oldu – Hürriyet Futbol“. Hürriyet. 19 December 2011.
  3. „UEFA Cup results and team details“. Telegraph. 8 May 2002. Посетено на 8 May 2019.
  4. „Wanderers land Swede“. Bolton Wanderers F.C. 27 June 2008. Архивирано од изворникот на 13 January 2009. Посетено на 29 June 2008.
  5. „Bolton sign £10m-rated Elmander“. BBC Sport. 27 June 2008. Посетено на 29 June 2008.
  6. Phillips, Owen (16 August 2008). „Bolton 3–1 Stoke“. BBC News. Посетено на 6 May 2010.
  7. „Johan Elmander 08-09“. ESPN. 22 August 2009. Архивирано од изворникот на 25 August 2010. Посетено на 22 August 2010.
  8. „Bolton 3–1 West Ham (aet)“. BBC News. 22 September 2009. Посетено на 6 May 2010.
  9. „Aston Villa 5 Bolton 1: Five-Star Villa Thrash Bolton For Third Year Running – FanHouse UK“. Football.fanhouse.co.uk. Архивирано од изворникот на 26 November 2009. Посетено на 24 November 2009.
  10. „Birmingham 2–3 Bolton“. BBC News. 12 March 2011. Посетено на 12 March 2011.
  11. „Owen Coyle expects Johan Elmander to leave Bolton for Galatasary“. The Guardian. London. 2011-05-20. Посетено на 20 May 2011.
  12. „Elmander: Time For A Fresh Challenge“. Bolton Wanderers F.C. 24 May 2011. Архивирано од изворникот на 25 May 2011. Посетено на 24 May 2011.
  13. „Istanbul Stock Exchange“. Kap.gov.tr.
  14. „Norwich 6 - 3 Bury“. BBC. 27 August 2013. Посетено на 27 August 2013.
  15. „Southampton 4 - 2 Norwich“. BBC. 15 March 2014. Посетено на 15 March 2014.
  16. „ÖIS Fotboll - Officiell hemsida för sveriges äldsta fotbollsförening från 1887“.
  17. „Johan Elmanders besked - slutar i landslaget: "Naturligt".
  18. Zendry Svärdkrona (1 July 2007). "Jag vill testa spel i England" | Aftonbladet“. Aftonbladet.
  19. „Elmander fångad av en stormvind – fick sin Amanda | Aftonbladet“. Aftonbladet. 28 December 2007.
  20. Sanna Casson (28 January 2009). "Så är det att leva med en kändis" | Nöjesbladet | Aftonbladet“. Aftonbladet.
  21. „Bolton boss Coyle confident flying Elmander will pen new contract | Premiership News“. tribalfootball.com. 20 November 2010.
  22. Strack-Zimmermann, Benjamin. „Johan Elmander“. National Football Teams (англиски). Посетено на 11 March 2020.

 Надворешни врски

уреди