Преку езерото
Преку езерото (полски: Poprzez jezioro) е македонски филм од 1997 година на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски. Филмот е инспириран од вистински настан [1] и е „своевидна драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески - ‘Љубовта на Кочо Топенчаров’“.
„Преку езерото“ | |
---|---|
постер за англиското издание | |
Режисер | Антонио Митриќески |
Продуцент | Игор Нола Горјан Тозија |
Сценарист | Антонио Митриќески Ташко Георгиевски |
Главни улоги | Екрем Ахмети Љупчо Бреслиски Џемаил Максут Мирче Доневски Агњешка Вагнер Владимир Ендровски Бедија Беговска Никола Ристановски Нада Гешоска Кирил Ристоски Љубе Терзијев Стево Спасовски Јосиф Јосифовски Фехми Груби |
Музика | Ѓорѓе Замфир Љупчо Константинов |
Монтажа | Мирослава Гарлицка Малгоржата Орловска |
Премиера | 1997 |
Времетраење | 83 мин [1] 102 мин [2][3] |
Земја | Македонија Полска |
Јазик | Македонски Албански |
Кратка содржина
уредиДејствието на филмот, кое опфаќа период од неколку децении, во главно, е сместено во Албанија, но почетокот и крајот на филмот се одвиваат во Охрид. Вистинитата приказна се плете околу ликот на младиот Константин Бочваров (Никола Ристановски), кој во 1948 година, ја сретнува Елена Златарева (Агњешка Вагнер), Македонка која живее во Корча, Албанија. Двајцата се вљубуваат, но истата година, границата меѓу Македонија и Албанија е затворена. Константин, не можејќи да живее без Елена, се решава да тргне со кајче преку езерото - одлука која ќе резултира со четири децении егзил во Албанија во времето кога таа е „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател“ [1]. Тука, Константин на двапати завршува во логор. По излегувањето од него првиот пат, тој ја пронаоѓа Елена, но, покрај тоа што Константин добива работа во Тирана, а во меѓувреме им се раѓа и ќерка, „животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците“ [1]. Многу години подоцна, кога и по вторпат е пуштен од логор, Константин конечно се враќа во Корча да се види со Елена и веќе нивната израсната ќерка Донка. По безмалку половина век страдање, на крајот, Константин, Елена и Донка се враќаат во Македонија, во Охрид, родниот град на Константин.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Преку езерото“. Македонски информациски филмски центар. Посетено на 2008-09-15.[мртва врска]
- ↑ „Преку езерото“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-15.
- ↑ „Poprzez jezioro (Преку езерото)“. Wikipedia : wolna encyklopedia. Посетено на 2008-09-15.
Надворешни врски
уреди- Преку езерото на МИФЦ.