ФК Беласица

македонски фудбалски клуб
(Пренасочено од ФК Беласица (Струмица))

ФК Беласицамакедонски фудбалски клуб од градот Струмица. Клубот е создаден во 1922 година. Беласица во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига - Исток. Своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Беласица
Основан13 август 1922; пред 102 години (1922-08-13)
Стадион„Благој Истатов“, Струмица
ПретседателСлавчо Васков - Пинда
ТренерВане Милков
ЛигаII македонска лига
2023/24Втора македонска лига,
7. од 16 места
Тековна сезона

Историја

уреди

Беласица заедно со Тиверија се првите фудбалски клубови од Струмица. Според историски извори фудбалот овде доаѓа од англиските војници, стационирани во градот по пробивот на Солунскиот фронт, кои им ја покажале играта на струмичани.[1] Фудбалот добил своја популарност во градот и се играл неколку години пред да се формира првиот клуб.

Основањето на фудбалскиот клуб Беласица се случило на 13 август 1922 година. Основачкото собрание се одржало во една од градските кафани. На собранието дошле педесетина струмичани кои застанале зад оваа идеја. Тие за прв претседател го избрале Ѓорѓи Москов, а клубот го крстиле по планината Беласица.

Успеси

уреди

Беласица игра важна улога во македонскиот фудбал и често е претставувана како „фудбалски расадник на таленти“. Школата на ФК Беласица важи за една од најдобрите во Македонија.[2] Клубот има дадено повеќе играчи за националната репрезентација меѓу кои се Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, браќата Роберт и Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев и други.

Во периодот на СФР Југославија, највисокото натпреварување во кое настапувала Беласица била Втората сојузна лига.[3] Во независна Македонија клубот учествува во формирањето на Првата лига. Во 2002 и 2003 година е вице-шампион на Македонија и за првпат игра во УЕФА Купот.

Најпознатиот фудбалер на Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Овде се вбројува и легендата на клубот, голманот Благој Истатов, по кој пред извесен период ФК Беласица го именуваше својот стадион.[4]

Европски натпревари
Сезона Натпревар Коло Држава Противник Резултати
2001/02 УЕФА Куп 1 коло кв.   Португалија Лешоеш 1:2, 2:2
2002/03 УЕФА Куп 1 коло кв.   Словенија Нов Публикум 0:5, 2:7

Пласман во лига

уреди

Во табелата е наведено местото кое Беласица го зазела во секоја од сезоните во кои играла.

Поз. 93 94 95 96 97 98 99 00 01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
1. 1 1 1 1 1 1
2. 2 2 2 2
3. 3
4. 4 4 4
5. 5
6.
7. 7 7
8. 8
9. 9 9 9 9 9
10. 10 10 10 10
11.
12. 12 12 12
13. 13
14.
15.
16. 16
17.
18.

Легенда

Прва лига
Втора лига
Трета лига

Беласица

Стадион

уреди
 
Прволигашки натпревар на „Младост“ меѓу Беласица и Академија Пандев

Домашниот терен на Беласица е стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Тој е изграден во 1950 година. Има капацитет за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. Стадионот претрпува поголеми реконструкции во 2005 и во 2017 година. До 2019 година го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.

„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА по реконструкцијата во 2017 година ги исполнува условите за квалитетни натпревари од висок ранг, што го прави единствен таков во државата заедно со Националната арена.[5] Македонската репрезентација во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.

Наводи

уреди
  1. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата[мртва врска], Струмица, 1969.
  2. „Истражување во „лига петка": Беласица е најдобрата македонска фудбалска школа“. МКД.мк. 15 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 12 октомври 2019.
  3. All-Time Table of First and Second Yugoslav Leagues. bihsoccer.coм
  4. „Стадионот во Струмица ќе се вика „Благој Истатов". sport1.mk преку web.archive.org. 15 септември 2019. Посетено на 22 септември 2019.
  5. „Што доби Македонија со реконструкцијата на „Младост": Нов репрезентативен објект за европски натпревари“. ekipa.mk. 15 септември 2017. Посетено на 7 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди