Стадион „Благој Истатов“
Стадионот „Благој Истатов“ — фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.
„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.
Меѓународни натпревари
уреди- Списокот не е целосен и претставени се само меѓународните натпревари на ФК Беласица по 1991 година и на Македонската репрезентација.
Датум | Натпреварување | Противник | Резултат | ||
---|---|---|---|---|---|
ФК Беласица | |||||
— | Квалификации за УЕФА куп 2002/03 | Леишоинс | 2–2 | ||
— | Квалификации за УЕФА куп 2003/04 | Публикум | 0–5 | ||
Фудбалска репрезентација на Македонија | |||||
12 април 1995 | пријателски натпревар | Бугарија | 0–0 | ||
10 февруари 2009 | пријателски натпревар | Канада | 3–0 | ||
5 септември 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | Албанија | 1–1 | ||
9 октомври 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | Лихтенштајн | 4–0 |
Наводи
уреди- ↑ „Што доби Македонија со реконструкцијата на „Младост": Нов претставителен објект за европски натпревари“. ekipa.mk. 15 септември 2017. Посетено на 7 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- „Спортски објекти“ - стадион „Младост“. www.strumica.gov.mk - официјално мрежно место на општина Струмица.
Оваа статија поврзана со фудбалот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |