Данчо Масев (р. 16 декември 1983 г. во Струмица) — македонски фудбалер. Од јуни 2018 е спортски директор на А репрезентацијата на Македонија.[1]

Македонија Данчо Масев
Лични податоци
Роден на 16 декември 1983(1983-12-16)(40 г.)
Роден во Струмица, СФРЈ
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција средина
Клупски податоци
Сегашен клуб завршена кариера
Младинска кариера
Беласица Беласица
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2003 ФК Беласица 74 (3)
2004- ФК Рад
2004-2005 ФК Вардар 40 (6)
2006-2007 ФК Металург (Запорожје) 8 (0)
2007-2009 ФК Работнички 24 (0)
2008-ФК Вардар 15 (0)
2009-2010 ФК Хоризонт 18 (1)
2010-2011 ФК Анагениси (Кардица) 3 (0)
2011-2012 ФК Беласица 26 (1)
Репрезентација
2002-2005 Македонија Македонија 5 (0)

Клупска кариера

уреди

Тој ја започнува својата кариера во ФК Беласица каде што играл во периодот од 2000 до 2003 година. Во 2004 година преминал во белградски ФК Рад каде што не се задржува долго и се враќа во Македонија каде што игра во ФК Вардар сè до 2005 година.

Во 2006 година се преселува во Украина каде што потпишува за ФК Металург од Запорожје. Како дел од ФК Металург во украинското првенство одиграл само 8 натпревари и два натпревари во првенство на двојки.

Во 2007 повторно се враќа во Македонија и во периодот од 2007 до 2010 играл за ФК Работнички, повторно за ФК Вардар и за струмичкиот ФК Турново. Од 2010 до 2011 година настапува за грчки ФК Анагениси од Кардица, Тесалија.

Во 2011 година се враќа во родното место и повторно игра за својот матичен клуб ФК Беласица каде што останува до 2012 година кога и ја завршува фудбалската кариера.

Кариера во репрезентацијата

уреди

Данчо Масев дебитира за репрезентацијата на Македонија од 20 ноември 2002 година, од пријателскиот натпревар против Израел. За време на својата кариера во репрезентацијата до 2005 година има одиграно 5 натпревари. На 19 јуни 2018 година е назначен за спортски директор на репрезентацијата.

Наводи

уреди
  1. „Данчо Масев е нов спортски директор на А репрезентацијата на Македонија“. Гол. 19 јуни 2018. Посетено на 19 јуни 2018.