Туркменистан

(Пренасочено од Туркменија)

Туркменистан (туркменски: Türkmenistan), или претходно Туркменија[4] — држава во Средна Азија. Сè до 1991 година, таа била дел од СССР. Туркменистан се граничи со Авганистан на југоисток, со Иран на југозапад, со Узбекистан на североисток, со Казахстан на северозапад и со Каспиското Езеро на запад. Државата е континентална и нема излез на отворено море. Името на државата доаѓа од персиско потекло и значи „земјата на Туркмените“. Главен град на Туркменистан е Ашхабад. Членка е на ОН од 2 март 1992.

Туркменистан
Türkmenistan  (туркменски)
Знаме Грб
ХимнаНезависна, неутрална, туркменистанска државна химна
Местоположба на Туркменистан
Главен град
(и најголем)
Ашхабад
37°58′N 58°20′E / 37.967° СГШ; 58.333° ИГД / 37.967; 58.333
Службен јазик туркменски
Интеретнички јазици руски
Народности (2003)
Демоним Туркмен
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Сердар Бердимухамедов
Независност од СССР 
 •  Објавена 27 октомври 1991 
 •  Призната 8 декември 1991 
Површина
 •  Вкупна 488,100 км2 (52-ра)
 •  Вода (%) 4.9
Население
 •  проценка за декември 2006 г. 5,110,023 (112-та)
 •  Густина 9.9 жит/км2 (208-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $30.091 милијарди[2] 
 •  По жител $5.710[2] 
ИЧР (2013) 0.698[3]
среден · 103та
Валута Манат (TMT)
Часовен појас TMT (UTC+5)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+5)
Се вози на десно
НДД .tm
Повик. бр. 993

Туркменистан е претседателска република. Од јануари 2013 претседател на републиката е Гурбангул Бердимухамедов. Државата се дели на 6 административно-територијални единици, 5 кои се вилаети, 1 - град кој има право на вилает.

Мнозинството од населението се муслимани.

Туркменистан е четврта држава во светот по Производство на природен гас. Има втори по големина резерви на гас во светот.

Независноста на државата била прогласена на 27 октомври 1991. Пред тоа, 69 години била членка на СССР.

Етимологија на име

уреди

Името на државата потекнува од зборот Türk, име на народот во Туркменистан и наставката -stan која е идентична на македонската наставка „-ија“. Така, името значи „земја на туркмените“.

Историја

уреди

Територијата на Туркменистан има долга и забележана историја. Тоа е територија која била под владеење на различни царства и крстопат на различни култури. Најраните записи датираат од времето на Ахеменидското Царство.

Во средината на 11 век, туркменскиот водач на Селџучкото Царство воспоставила контрола на територијата на денешен Туркменистан и се обидела да ја прошири контролата во Хорасан, денес во Авганистан. Царството се распаднало во средината на 12 век и Туркмените ја изгубиле независноста кога биле под власта на Џингис Хан.

Подоцна територијата била под раководство на различни царства, за да подоцна стане дел од СССР. Туркменистан се здобил со независност во 1991 година.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Туркменистан.

Со 488.100 km2, Туркменистан е 52 најголема земја во светот.

Околу 80% од територијата на Туркменистан е покриена со пустината Каракум. Во центарот на земјата доминира туранската депресија и пустината. Планинскиот појас Копет Даг минува покрај јужната граница и достигнува висина од 2.912 метри. На запад од земјата се наоѓа планинскиот појас Балкан.

Климата во Туркменистан е тропска и суптропска, со многу малку врнежи. Зимите се суви.

Брегот на Туркменистан е 1.768 километри долг и се наоѓа на Каспиското Езеро.

Политички систем

уреди

После 69-ен период под Советска власт, Туркменистан објавил независност на 27 октомври 1991 година.

Доживотниот претседател на Туркменистан Сапармурат Нијазов, поранешен бирократ на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, владеел со Туркменистан од 1985 до неговата смрт во 2006 година. Тој имал апсолутна моќ во републиката после распадот на СССР. На 28 октомври 1999, Нијазов бил прогласен за доживотен претседател на Туркменистан од страна на парламентот.

Туркменистан е претседателска република, во која претседателот е на чело на државата и на владата. Под власта на Нијазов, Туркемнистан бил еднопартиски систем. Во 2008 година, Народниот Совет на Туркменистан го усвоил новиот устав со кој се преуредила државата од еднопартиски во повеќепартиски систем.

Моментален претседател на Туркменистан е Гурбанбули Бердимухабедов, кој ја презел оваа функција по смртта на Нијазов.

Поранешната Комунистичка партија на Туркменистан, сега позната како Демократска партија на Туркменистан. Политичките собири во Туркменистан не се дозволени, освен ако се одобрени од владата.

Туркменистан е една од дваесеттите најкорумпирани држави во светот.

Административна поделба

уреди

Туркменистан е поделен на пет покраини („вилаети“) и областа на главниот град. Покраините понатаму се делат на окрузи („етрапи“).

Стопанство

уреди

Половина од обработливата земја во Туркмениста е посадена со памук, со кој државата е десетти најголем производител на памук. Покрај тоа, Туркемистан е петта земја во светот со количество на природен гас.

Туркменистан презел претпазлив пристап кон економските реформи во земјата, надевајќи се дека ќе ги контролира гасот и памукот. Во 2004 година невработеноста во Туркменистан достигнала до 60%.

Население, јазик и религија

уреди
 
Девојка во традиционална туркменска облека.

Повеќето од населението на Туркменистан се етнички Туркмени со значително малцинство на Узбеци и Руси. Помали малцински групи се: Казаци, Татари, Украинци, Ерменци и Азери. Во Туркменистан, според ЦИА, 85% од населението се Туркмени, 5% се Узбеци и 6% се останати.

Туркменскиот јазик е службен во Туркменистан, иако рускиот јазик е сè уште широко зборуван во државата. Туркменскиот јазик го зборуваат околу 72% од населението, руски зборуваат 12%, узбечки 9% и 7% се служат со останатите јазици.

Исламот е доминантна религија во Туркменистан со околу 89% од населението. Покрај муслимани во Туркменистан има и православни (9%) и 2% од населението се изјасниле како без религија.

Верници во Туркменистан
Муслимани
  
89 %
Православни
  
10 %
Други
  
1 %

Култура

уреди
 
Традиционална туркемнска облека со телпекот.

Туркмените биле номадски народ, па така дури и денес има такви мали номадски заедници во Туркменистан. Традиционално тие биле поделени на кланови одошто да бидат обединети како една етничка група, но тоа така било сè до потпаѓањето на Туркменистан под советска власт кога чувството за националност се воздигнало.

Симбол за Туркмените е нивната традиционална капа „телпек“ и со тоа се препознатливи во светот.

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cia.
  2. 2,0 2,1 „Turkmenistan“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. „Independence of Turkmenia Declared After a Referendum“. The New York Times (англиски). 1991-10-28. ISSN 0362-4331. Посетено на 2017-10-23.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Друго

Поврзано

уреди