Вилает е турски збор, што означува крај, предел, покраина;[1] административна територијална единица што зафаќа повеќе општини. Управителот на вилаетот се викал беглербег (мирмиран), односно валија[1] и имал ранг на паша, што е еднакво на генерал во војската.

Битолски вилает

Во текот на 15 век, особено во пописните дефтери од тој период, терминот вилает се идентификувал терминот нахија, односно со најмалата административно-територијална единица, на чие чело се наоѓал субашија.[1]

Вилаетите биле воспоставени во 1864 година со танзиматските реформи.

Во Румелија имало шест вилаети: два на запад, населени претежно со Албанци: Јанински вилает и Скадарски вилает, еден на исток: Едренски вилает и три во Македонија: Солунски вилает, Битолски вилает и Скопски вилает. Цариград претставувал одделен округ.

Еден голем вилает бил поделен на два или три санџаци, чиј управител се нарекувал мутесариф, кој исто така има ранг на паша. Помала единица од санџакот е каза, управувана од кајмакам, кој има ранг на бег и е еднаков на полковник во војската. Најмала територијална единица е нахија, управувана од мудир[2].

Списак на вилаети во Европа (1867–1922)

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 103. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Governing property, making the modern state: law, administration and ..., p. 50, при Гугл книги By Martha Mundy, Richard Saumarez Smith