Географија на Туркменистан
Туркменистан е континентална држава во Средна Азија, која се граничи со Каспиското Езеро на запад, Иран и Авганистан на југ, Узбекистан на североисток и Казахстан на северозапад. Туркменистан е најјужната република од ЗНД, лабава федерација создадена кон крајот на 1991 од повеќето Советски држави.
Најдолгата граница е со Каспиското Езеро (1.786 км). Другите граници се со Иран (на југ, 992 км), Авганистан (на југ, 744 км), Узбекистан (на север и исток, 1.621 км) и Казахстан (на север, 379 км). По територија, Туркменистан е малку поголем од Калифорнија, опфаќајќи 488.100 км2. По големина Туркменистан е четвртта држава од поранешните советски републики, по Русија, Казахстан и Украина. Најголемата ширина на државата од запад до исток е 1.100 км, а најголемата далечина од север до југ е 650 км.
Физички одлики
уредиЗемјиште: рамно песочно и пустинско со дини до планините на југ; ниски планини на границата со Иран; се граничи со Каспиското езеро на запад. Депресии може да бидат најдени во пустината Каракорум.
Највисока и најниска точка:
Најниска точка: Аќагаја Депресија во северозападен Туркменистан, -81 м (вистинската длабочина во ова езеро варира од -110 метри до најплитките -60 метри).
Просечната висина во Туркменистан е 100 до 200 метри надморска височина, со највисокиот врв Маунт Ајрибаба (3139 метри) во Којтендаг на Памир-алтајската верига на југоисток, и најниската точка р во Сарјгамишкото Езеро. Планината Арлан е највисока во пределите на западен Туркменистан. Скоро 80% од републиката лежи во Туранската Депресија, која се движи во правец југ-север и од исток до запад.
Планините во Туркменистан вклучуваат 600 км од Копет Даг, која ја дели со Иран. Копет Даг е регион карактеризиран со високи предели, суви и песочни предели, планински плата; Шахшах 2.912 м, исто познат како Ризех, југозападно од Ашхабад е највисокиот врв на Копет Даг во Туркменистан. Копет Даг е во фаза на тектонска промена, што значи дека на регионот му се закануваат земјотреси како тој што го уништи Ашхабад во 1948 кој беше со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала. Красноводското и Устјуртското платп се најпознати топографски одлики во северозападен Туркменистан.
Доминантна одлика во релјефот на државата е и пустината Гарагум (Каракум), која опфаќа 350.000 км2. Промена во правецот на ветровите создаде пустински планини кои се движат од два до дваесет метри во висина и може да бидат долги неколку километри.
Клима
уредиТуркменистан има студена пустинска клима која е континентална. Летата се долги (од мај до септември), жешки, и суви, додека зимите генерално се благи и суви, иако понекогаш студени на север. Влажноста претежно паѓа меѓу јануари и мај; влажноста е мала низ државата, со годишен просек од 300 милиметри во Копет Даг до 80 милиметри на северозапад. Главниот град, Ашхабад, кој се наоѓа во близина на иранската граница во југоцентрален Туркменистан, добива 225 мм дожд годишно. Просечната годишна температура се движи од високи 16,8 °C во Ашхабад, до ниски -5,5 °C во Дашогуз, на узбекистанската граница во североцентрален Туркменистан. Скоро секогаш ветровите се северни, североисточни и западни.