Знаме на Туркменистан

Знамето на Туркменистан (туркменски: Türkmenistanyň baýdagy) е национално знаме на државата од 24 јануари 2001.

Знамето на Туркменистан со сооднос од 2:3

Знамето е зелено со вертикална лента од страна на знамето на кој се претставени пет шари од тепих поддржани од гранки од маслинка. До лентата се наоѓа бела полумесечина и над неа се наоѓаат пет бели петокраки.

Зелената и црвената боја се сметаат за историски за Туркменците. Белата полумесечина значи надеж на народот за подобра иднина додека ѕвездите ги означуваат петте покраини на Туркменистан.

Петте шари од тепихот го симболизираат петте најголеми туркменски племиња. Венецот од маслинка означува неутралност на земјата, но хералдички и естетски не се прифатливи за знамето.

Историски знамиња на Туркменистан

уреди

Поврзано

уреди