Трој Дини
Трој Матју Дини (роден во Бирмингем, 29 јуни 1988) — англиски фудбалер, напаѓач на Бирмингем Сити.
Трој Дини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Трој Матју Дини[1] | ||
Роден на | 29 јуни 1988[2] | ||
Роден во | Бирмингем, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[3] | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бирмингем Сити | ||
Број | 36 | ||
Младинска кариера | |||
Астон Вила | |||
Челмсли Таун | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006–2010 | Волсол | 123 | (27) |
2006–2007 | → Хејлсовен Таун | 10 | (8) |
2010–2021 | Вотфорд | 313 | (107) |
2021– | Бирмингем Сити | 21 | (4) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Животопис
уредиДини е роден во Бирмингем, Западен Мидлендс,[2] а израснал во Челмсли Вуд. Тој е едно од трите деца родени од неговите родители, кои се разделиле кога тој имал 11 години. Тој бил избркан од училиште кога имал 14 години, пред да се врати на 15 години. На возраст од 16 години го напуштил училиштето без никаков GCSE и започнал да се обучува за ѕидар, заработувајќи 120 фунти неделно.[4]
На 25 јуни 2012 година, Дини бил осуден на десет месеци затвор заради удирање на човек со глава за време на тепачка.[5][6] Тој бил ослободен откако отслужил речиси три месеци од казната, покажувајќи дека се кае за постапката и поради фактот дека ова му било прво кривично дело. Од неговото ослободување од затвор во 2012 година, тој заработил GCSE од англиски јазик, наука и математика.[4]
Дини е оженет и има син, Милс, и ќерка, Амелија.[7] Неговиот брат, Елис, е полупрофесионален фудбалер, и за разлика од Трој е играч од средниот ред. Елис ја започнал својата кариера во Астон Вила, каде што бил капитен на нивниот академиски тим пред да биде отпуштен, а потоа играл за Кетеринг Таун, Хинкли Јунајтед, Ворчестер Сити и Тамворт.
Клупска кариера
уредиВолсол
уредиДини бил повикан од академијата на Астон Вила да учествува на четиридневна летна проба на возраст од 15 години со цел да заработи младински договор; сепак, тој ги пропуштил првите три дена "знаејќи дека во последниот ден ќе има натпревар" и не му бил понуден договор од страна на Вила.[8] Откако се приклучил на Челмсли Таун, тој бил воочен од главниот скаут на Волсол, Мик Халсал, кој присуствувал на натпреварот на кој настапил Дини, бидејќи исто така играл и неговиот син. Иако во тој натпревар Дини играл пијан, тој успеал да постигне седум гола во победата со 11-4. Веднаш потоа на Дини му била понудена проба во тогашниот клуб од Лига Два.[4] Откако официјално потпишал за Волсол на 18 декември 2006 година, Дини веднаш бил испратен на позајмица во Хејлсовен Таун за остатокот од сезоната 2006-2007.[9]
По враќањето од заем, тој го постигнал својот прв официјален гол за Волсал против Милвол во победата од 2-1 во септември 2007 година.[10] Сепак, овој гол се покажал како негов единствен за сезоната 2007-2008, а и следната сезоната 2008-2009 започнала слично, со тоа што тој успеал да постигне само два гола во првата половина од сезоната. Сепак, назначувањето на Крис Хатчингс како менаџер се совпаднало со пронаоѓањето на голгетерската форма од страна на Дини. Помогнат од фактот дека неговиот нов менаџер почнал да го користи на неговата омилена позиција, наместо на позицијата десно крило како претходниот менаџер Џими Мулен, Дини постигна девет гола во првите 12 натпревари под водство на Хатчингс.[9][11] На 9 септември 2009, Дини потпишал нов двегодишен со Волсол во трајност до 2011 година.[12] Во сезоната 2009-2010, Дини постигнал 14 гола и завршил како најдобар стрелец на Волсал за сезоната по што му била доделена и наградата за Играч на годината на клубот.[13]
Вотфорд
уреди2010–2012: Пробивот
уредиНа 4 август 2010 година, Дини поднел писмено барање за трансфер поради интересот за него од неколку клубови од Чемпионшип лигата. Одговорот на клубот бил дека доколку сакал да замине требало да го напушти Волсал порано во текот на летото, поради што тој започнал слабо да тренира и да не се труди доволно за време на пред-сезонските подготовки во знак на протест поради тврдиот став на клубот кој не сакал да го продаде.[4] Два дена подоцна тој потпишал за Вотфорд, за почетна сума од 250.000 фунти (што подоцна се зголемила до 500.000 фунти) потпишувајќи двегодишен договор со кој ја подигнал платата од 1.200 фунти на 6.000 фунти неделно.[4] Веќе истиот ден во кој Дини потпишал за Вотфорд, тој го имал и своето деби за клубот во нивната победа со 3-2 над Норич Сити на отворањето на сезоната, влегувајќи во игра на местото на Марвин Сордел во второто полувреме.[14] На почетокот на својата кариера во Вотфорд Дини наишол на проблеми во својата физичка подготвеност во споредба со неговите соиграчи, што било резултат на неговата слаба пред-сезонска подготовка.[4] Тој го постигнал својот прв гол за Вотфорд против Нотс Каунти во првиот круг на Лига купот на 24 август.[15] Во својата прва сезона Дини одиграл 40 натпревари за Вотфорд во лигата и куповите, постигнувајќи три гола, иако главно бил поставен како крило од страна на менаџерот Малки Макеј.[16]
На почетокот на сезоната 2011-2012, Дини првично тешко се здобивал со шанса да игра во почетната постава, бидејќи најголемиот дел од натпреварите во почетокот на сезоната ги започнал влегувајќи од клупата за резерви.[4] Сепак, во средината на октомври кога Андреас Вајман, кој бил на позајмица во Вотфорд од Астон Вила, бил повикан да се врати назад во својот матичен клуб за Дини се отворило место во почетната постава како партнер во нападот на Вотфорд на Сордел. Тој собрал вкупно 46 настапи под раководство на менаџерот Шон Дајч, играјќи на својата најпосакувана позиција како напаѓач.[17][18] Дини ја завршил сезоната како најдобар стрелец во Вотфорд со 12 гола во сите натпреварувања, а исто така ја освоил наградата за Гол на сезоната за неговиот погодок против Ипсвич Таун во март 2012 година.[19]
2012-2015: Плоден стрелец
уредиДини го направил своето прво појавување за Вотфорд, по неговото ослободување од затвор, против Бристол Сити на Викариџ Роуд на 22 септември 2012 година. Натпреварот завршил 2-2, а Дини влегол во второто полувреме и ја погодил стативата.[20] Во следниот натпревар против Хадерсфилд Таун на 29 септември, и го постигнал победничкиот гол со удар од белата точка во победата со 3-2.[21] На 16 февруари 2013, тој постигнал два гола во победата со 4-0 над Бирмингем Сити.[22]
Во март 2013, Дини потпишал нов договор со Вотфорд, кој го задржал во клубот до 2016.[23]
На 20 април 2013, Дини постигнал нови два гола во победата со 4-0 над Блекбурн Роверс, поставувајќи свој личен рекорд од 18 гола за една сезона.[24] Шест дена подоцна, тој го постигнал својот 19-ти гол за сезоната во следниот натпревар против Лестер Сити, постигнувајќи го првиот гол во важната победа за Вотфорд со 2-1.[25]
На 12 мај 2013 година, Ватфорд повторно се соочил со Лестер Сити во полуфиналето на плејофот за промоција во Премиер лигата. Во вториот натпревар игран на Викариџ Роуд, Дини постигнал гол во седмата минута од судиското продолжение со кој го одвел својот тим на во финалето на плејофот на Вембли во еден од најдрамартичните натпревари во англсикиот фудбал; откако најпрво Мануел Алмуниjа му одбранил пенал Антони Нокер, Вотфорд организирал брз противнапад кој бил завршен со голот на Дини со кој Вотфорд победил со 3-1 и на тој начин ја анулирале негативата од првиот натпревар (1-0 за Лестер) и избориле пласман во финале. Сепак, во финалето Вотфорд бил поразен од Кристал Палас по продложенија со што останале без промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал.[26]
Откако постигнал 20 гола во сезоната 2012-2013, Дини продолжил таму каде што застанал постигнувајќи го единствениот гол за Вотфорд во победата со 1-0 на гостувањето кај Бирмингем Сити во првиот натпревар од сезоната 2013-2014.[27] Една недела подоцна на 10 август, Дини постигнал хет-трик за Вотфорд во победата со 6-1 над Борнмут на Викариџ Роуд. Со тоа тој станал првиот играч на Хорнетс кој постигнал хет-трик уште од Мајкл Чопра во 2003 година, и првиот што го направил тоа на Викариџ Роуд уште од Дејвид Коноли на 7 декември 1996 година. Тоа, исто така, бил и првиот хет-трик во кариерата на Дини.[28]
Со двата гола против Шефилд Венздеј на 29 март 2014 година, Дини стигнал до бројката од 20 гола за сезоната 2013-2014. Тој станал првиот играч на Вотфорд кој постигна 20 или повеќе голови во сите натпреварувања во две последователни сезони, уште од Лутер Блисет во 1983 година.[29] Со новиот гол, во ремито 1-1 против Барнли на 5 април 2014, дошол нов рекорд како Дини станал првиот играч на Вотфорд кој постигнал 20 првенствени голови во две последователни сезони по Клиф Холтон кому му успеало ова во 1961 годината.[30]
Фантастичната сезона напаѓачот на Вотфорд ја завршил со 25 гола во сите натпреварувања по што освоил две награди за Играч на сезоната на Вотфорд како и за Играч на годината во избор на играчите на 2 мај 2014 година.[31]
По заминувањето на Мануел Алмунија, Дини бил назначен за капитен на Ватфорд од менаџерот Џузепе Санино пред почетокот на сезоната 2014-2015.[32] На 5 декември 2014, тој го постигнал својот втор хет-трик во кариерата во победата со 5-0 на гостувањето кај Фулам. За време на сезоната 2014-2015 во Чемпионшип лигата, Дини му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата постигнувајќи 21 гол со кој завршил на делба на второто место на списокот на стрелците (со Џордан Роудс) со 6 гола помалку од стрелецот на сезоната Дерил Марфи од Ипсвич. Тој исто така станал првиот играч во историјата на Вотфорд кој постигнал 20 или повеќе гола во три последователни сезони (2012-2013, 2013-2014, 2014-2015).
2015–2020: Годините во Премиер лигата
уредиНа 8 август 2015, Дини го направил своето деби во Премиер лигата, излегувајќи како капитен на Хорнетс во нивното отворање на сезоната 2015–2016, во ремито 2–2 со Евертон на Гудисон Парк.[33] На 24 октомври, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера, кога Вотфорд го поразил Стоук Сити со 2-0 на Британија.[34] На 21 ноември, Дини постигнал гол од пенал против Манчестер Јунајтед во 87-тата минута за да се изедначи; веднаш по тоа, тој постигнал автогол гол во 90-тата минута за да му помогне на Манчестер Јунајтед сепак да обезбеди победа од 2-1 над Вотфорд во драматична промена на настаните на Викариџ Роуд.[35] Дини ја продолжил својата гол-серија на пет од шест натпревари постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 против Норич Сити на 5 декември 2015 година.[36] На 13 февруари 2016, Дини за првпат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар од Премиер лигата, во победата на гостувањето кај Кристал Палас со 2-1.[37] Сезоната 2015-2016 ја завршил со 38 настапи и 13 гола во првенството и уште 2 гола во 5 настапи во куповите.
На 1 јули 2016, Дини потпишал нов петгодишен договор со Вотфорд.[38] Својата голгетерска сметка за сезоната 2016-2017 ја отворил на 10 септември, во победата со пресврт од 4-2 над Вест Хем Јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон.[39] На 26 декември 2016, Дини го постигнал својот 100-ти гол во дресот на Вотфорд во сите натпреварувања со успешно реализираниот пенал во ремито 1–1 на домашен терен против Кристал Палас, завршувајќи ја својата серија од 10 натпревари без постигнат гол. Тој станал тек петтиот играч во историјата со трицифран број на голови за Хорнетс.[40] Сезоната 2016-2017 ја завршил со 40 настапи и 10 гола (сите во Премиер лигата) во сите натпреварувања.
Сезоната 2017-2018 Дини ја започнал повреден, пропуштајќи ги првите два натпревари во сезоната: ремито 3-3 на домашен терен против Ливерпул поради повреда на препоните и победата со 2-0 на гостувањето кај Борнмут во кое не влегол во игра иако бил на клупата за резервни играчи. Својот прв гол за сезоната го потигнал 14 октомври 2017, помагајќи му на Вотфорд најпрво да израмни со неговиот гол од пенал, а потоа преку Том Клеверли и да направи целосен пресврт и дојде до голема победа над Арсенал со 2-1 на Викариџ Роуд. На 24 февруари 2018, Дини го постигнал единствениот гол во натпреварот против Евертон во победата на домашен терен со 1-0, а една недела подоцна на 3 март 2018, против Вест Бромвич Албион на истиот стадион му донел донел нова победа на својот тим со истиот резултат 1-0. Сезоната 2017-2018 ја завршил со 31 настап и 6 гола во сите натпреварувања.
Во мај 2020 година, по суспензијата на Премиер лигата поради пандемијата на КОВИД-19, Дини првично одбил да се врати во не-контакт тренинг форма со неговите соиграчи. Тој рекол дека не сака да го стави во ризик своето петмесечно дете, кое има тешкотии со дишењето, велејќи дека „потребно е само едно лице да се зарази во групата и не сакам да го донесам тоа дома“.[41] Дини на крајот се вратил на тренинзите и бил капитен на Вотфорд во нивниот прв натпревар после паузата поради пандемијата против Лестер Сити, играјќи ги сите 90 минути. На 11 јули, тој постигнал два гола од пенал во второто полувреме за да му помогне на својот тим да ја надополни негативата и да победи на домашен терен против Њукасл Јунајтед.[42] Дини по натпреварот открил дека страдал од повреда на десното колено од рестартирањето на сезоната, но ветил дека ќе го дочека крајот на сезоната како капитен на клубот и ќе се обиде да го спаси Вотфорд од испаѓање.[43] По оваа објава, Дини често бил заменет во втората половина од повеќето натпревари до крајот на сезоната за да го олесни обемот на работа на неговото колено. Тој повторно постигнал гол во поразот со 3–1 против Вест Хем Јунајтед на 17 јули.[44] Во последниот натпревар на Вотфорд во сезоната против Арсенал, Дини одиграл цели 90 минути и постигнал гол од пенал во првото полувреме, но не можел да го спречи Вотфорд да загуби со 3–2, завршувајќи на 19-тото место и претрпувајќи испаѓање во Чемпионшип.[45] По овој пораз, многу се шпекулирало дека Дини го одиграл својот последен натпревар за клубот; тој исто така прокоментирал, дека е „несигурен“ за неговата иднина во Ватфорд.[46]
2020–2021: Последните години во Вотфорд
уредиИ покрај широко распространетите гласини за неговото претстојно заминување[47] и интересот од Тотенхем,[48] Вест Бромвич Албион[49] и Фенербахче,[50] Дини останал во Вотфорд. Иако најчесто бил резерва и повеќе немал толку централна улога во клубот, со 19 настапи и 7 голови во Чемпионшип, Дини помогнал Вотфорд веднаш да се врати во Премиер лигата.[51]
На почетокот на следната сезона, Дини влегол како замена во 79-тата минута на местото на Том Клеверли во првиот натпревар на Вотфорд по нивното враќање во Премиер лигата на 14 август 2021 година, помагајќи тимот да обезбеди победа над Астон Вила на домашен терен со 3–2.[52] Својот последен настап за Вотфорд, го имал на 21 август во поразот со 2–0 на гости од Брајтон енд Хоув Албион, влегувајќи како замена во 78-мата минута на местото на Кен Сема.[53]
На 30 август 2021 година, Дини го напуштил Вотфорд како слободен агент по единаесет години во клубот; вкупно за клубот забележал 419 настапи и постигнал 140 голови.[54][55]
Бирмингем Сити
уредиНа 30 август 2021 година, Дини потпишал двегодишен договор со Бирмингем Сити, клубот за кој навивал уште од дете.[56]
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 19 септември 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2006-2007 | Волсол | ФЛ2 | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
2007-2008 | ФЛ1 | 35 | 1 | ФАКуп+ЛК | 4+0 | 0 | - | - | - | ФЛТ | 1 | 0 | 40 | 1 | |
2008-2009 | ФЛ1 | 45 | 12 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | ФЛТ | 2 | 0 | 49 | 12 | |
2009-2010 | ФЛ1 | 42 | 14 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | ФЛТ | 1 | 0 | 46 | 14 | |
Вкупно Волсол | 123 | 27 | 9 | 0 | - | - | 4 | 0 | 136 | 27 | |||||
2010-2011 | Вотфорд | ЧЛ | 36 | 2 | ФАКуп+ЛК | 2+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 40 | 3 |
2011-2012 | ЧЛ | 43 | 11 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 46 | 12 | |
2012-2013 | ЧЛ | 40+2[57] | 19+1 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 43 | 20 | |
2013-2014 | ЧЛ | 44 | 24 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 48 | 25 | |
2014-2015 | ЧЛ | 42 | 21 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 43 | 21 | |
2015-2016 | ПЛ | 38 | 13 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 14 | |
2016-2017 | ПЛ | 37 | 10 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 10 | |
2017-2018 | ПЛ | 29 | 5 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 6 | |
2018-2019 | ПЛ | 4 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 2 | |
Вкупно Вотфорд | 313+2 | 107+1 | 20 | 5 | - | - | 335 | 113 | |||||||
Вкупно во кариерата | 438 | 135 | 29 | 5 | - | - | 4 | 0 | 471 | 140 |
Наводи
уреди- ↑ „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 17 February 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Edinburgh: Mainstream Publishing. стр. 112. ISBN 978-1-84596-601-0.
- ↑ „T. Deeney“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 14 January 2018.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Smith, Frank (23 May 2015). „Troy Deeney speaks to Frank Smith about how he went from scoring seven times whilst drunk for Chelmsley Wood to captaining Watford into the Premier League“. Watford Observer. Посетено на 9 December 2015.
- ↑ „Watford striker Troy Deeney sentenced to ten months in prison for affray“. Watford Observer. 25 June 2012. Посетено на 25 June 2012.
- ↑ „Watford striker Troy Deeney jailed for ten months for kicking man in head“. Metro. London. 26 June 2012. Посетено на 23 September 2012.
- ↑ Downes Jr, Wally (9 May 2016). „Watford star Troy Deeney's summer wishlist includes a new contract, a trip to DisneyWorld and a new car-park space“. The Sun. London. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Lansley, Peter (29 November 2015). „Watford's Troy Deeney gloats over 'better than dream goal' at Aston Villa“. The Guardian. Посетено на 14 March 2016.
- ↑ 9,0 9,1 „Player profiles: Troy Deeney“. Walsall F.C. Архивирано од изворникот на 11 August 2009. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ „Натпревари одиграни од Трој Дини во 2007/2008“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ „Натпревари одиграни од Трој Дини во 2008/2009“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ „Deeney pens new Saddlers contract“. BBC Sport. 9 September 2009. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ „Watford sign striker Troy Deeney from Walsall“. BBC Sport. 6 August 2010. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ Chowdhury, Saj (6 August 2010). „Norwich 2–3 Watford“. BBC Sport. Посетено на 7 May 2012.
- ↑ „Watford 1–2 Notts County“. BBC Sport. 24 August 2010. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Натпревари одиграни од Трој Дини во 2010/2011“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ „Натпревари одиграни од Трој Дини во 2011/2012“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ „Troy Deeney: Leading From The Front“. Pundit Arena. 18 December 2015. Архивирано од изворникот на 2017-10-05. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „2011/12 Awards: Goal Of The Season“. Watford F.C. 5 May 2012. Архивирано од изворникот на 8 May 2012. Посетено на 7 May 2012.
- ↑ „Watford 2–2 Bristol City“. BBC Sport. 22 September 2012. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Huddersfield 2–3 Watford“. BBC Sport. 29 September 2012. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Birmingham 0–4 Watford“. BBC Sport. 16 February 2013. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Troy Deeney: Striker commits future to Watford“. BBC Sport. 8 March 2013. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Watford 4–0 Blackburn“. BBC Sport. 20 April 2013. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Jurejko, Jonathan (26 April 2013). „Leicester 1–2 Watford“. BBC Sport. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Prentki, Tom (12 May 2013). „Watford 3 Leicester City 1 (agg 3–2): match report“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 2 September 2014.
- ↑ „Birmingham City 0–1 Watford“. BBC Sport. 3 August 2013. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ „Watford 6–1 Bournemouth“. BBC Sport. 10 August 2013. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ Matthews, Anthony (29 March 2014). „Troy Deeney scores 20 goals for second consecutive season as Watford end 14-match winless streak on road at Sheffield Wednesday“. Watford Observer. Посетено на 12 April 2014.
- ↑ Matthews, Anthony (5 April 2014). „Scott Arfield cancels out early Troy Deeney strike as Burnley earn potentially priceless point at Watford“. Watford Observer. Посетено на 12 April 2014.
- ↑ „DEENEY: "A Real Honour"“. Watford F.C. 8 May 2014. Архивирано од изворникот на 17 May 2014. Посетено на 19 May 2016.
- ↑ Smith, Frank (23 July 2014). „Watford name Leicester City and Burnley transfer target Troy Deeney as captain“. Watford Observer. Посетено на 15 February 2016.
- ↑ „Everton 2–2 Watford“. Sky Sports. 8 August 2015. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Chowdhury, Saj (24 October 2015). „Stoke City 0–2 Watford“. BBC Sport. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Calvin, Michael (21 November 2015). „Watford vs Manchester United match report: Troy Deeney own goal gets United out of jail after late penalty“. The Independent. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Chowdhury, Saj (5 December 2015). „Watford 2–0 Norwich City“. BBC Sport. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Oscroft, Tim (13 February 2016). „Crystal Palace 1–2 Watford“. Sport. BBC. Посетено на 9 June 2017.
- ↑ „Troy Deeney, Isaac Success & Christian Kabasele agree Watford deals“. BBC Sport. 1 July 2016. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Woodcock, Ian (10 September 2016). „West Ham United 2–4 Watford“. BBC Sport. Посетено на 14 October 2016.
- ↑ Henry, Matthew (26 December 2016). „Watford 1–1 Crystal Palace“. BBC Sport. Посетено на 26 December 2016.
- ↑ „Opposition grows to Newcastle United's potential Saudi takeover“. BBC Sport. Посетено на 19 May 2020.
- ↑ „Watford 2 Newcastle United 1“. Newcastle United Football Club.
- ↑ „Deeney reveals knee injury battle after firing Watford to key win“. Evening Standard. 11 July 2020.
- ↑ „West Ham v Watford, 2019/20 | Premier League“. Premierleague.com.
- ↑ „Arsenal 3-2 Watford: Hornets relegated from Premier League on final day“. Bbc.co.uk. 26 July 2020.
- ↑ „Troy Deeney: Watford skipper unsure about future after relegation“. Bbc.co.uk. 26 July 2020.
- ↑ „Deeney's future remains unclear“. Watford Observer. Посетено на 2 December 2021.
- ↑ „Jose Mourinho wants 32-year-old Championship striker as his first summer signing as cover for Harry Kane“. 2 August 2020.
- ↑ „Watford give transfer update on Troy Deeney amid West Brom links“. 16 September 2020.
- ↑ „Fenerbahçe, Troy Deeney ile ilgileniyor“. Goal.com. Посетено на 2 December 2021.
- ↑ „Watford 1-0 Millwall: Hornets seal immediate return to Premier League - BBC Sport“. BBC Sport. 24 April 2021. Посетено на 18 September 2021.
- ↑ „Watford v Aston Villa, 2021/22 - Premier League“. Premier League. 14 August 2021. Посетено на 18 September 2021.
- ↑ „Brighton & Hove Albion: 2-0 Watford: Brighton make best start to a top-flight campaign - BBC Sport“. BBC Sport. 21 August 2021. Посетено на 18 September 2021.
- ↑ „Duxbury on Deeney: Chairman's comments on club captain“. Watford FC. 30 August 2021. Посетено на 30 August 2021.
- ↑ Shread, Joe (30 August 2021). „Troy Deeney joins Birmingham after announcing Watford departure“. Sky Sports. Посетено на 1 September 2021.
- ↑ „Troy Deeney comes home!“. Birmingham City F.C. 30 August 2021. Архивирано од изворникот на 2021-10-24. Посетено на 1 September 2021.
- ↑ Плејоф.
Надворешни врски
уреди„Трој Дини“ на Ризницата ? |