Марвин Сордел
Марвин Сордел (англиски: Marvin Sordell) — англиски фудбалер, напаѓач на Бартон Албион.
Марвин Сордел | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 17 февруари 1991 | ||
Роден во | Лондон, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бартон Албион | ||
Број | 17 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2012 | Вотфорд | 75 | (21) |
2008 | → Вилдстоун | 5 | (2) |
2010 | → Транмир Роверс | 8 | (1) |
2012-2014 | Болтон | 25 | (4) |
2013-2014 | → Чарлтон | 31 | (7) |
2014-2015 | Барнли | 17 | (0) |
2015-2016 | Колчестер Јунајтед | 21 | (4) |
2016-2017 | Ковентри Сити | 20 | (4) |
2017- | Бартон Албион | 61 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Англија 20 | 1 | (1) |
2011-2013 | Англија 21 | 14 | (3) |
2012 | Велика Британија 23 | 3 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Својата кариера ја започнал во младинската школа на Фулам, но подоцна се преселил во Вотфорд каде продолжил да тренира. Своето деби во Чемпионшип лигата за Вотфорд го направил на 15 август 2009 против Шефилд Јунајтед. За Хорнетси одиграл две импресивни сезони во кој запишал 83 првенствени натпревари и постигнал 27 гола, по што тој потпишува за Премиер лигашот, Болтон Вондерерс на 31 јануари во последните часови од преодниот рок. Сумата на трасферот не била објавена, но Сордел потпишал договор на 3 и пол годишна верност. За Болтон дебитирал на 4 февруари, влегувајќи како замена на местото на Давид Н'Гог во поразот на неговата екипа од Норич Сити со 2-0. За сезоната 2013-2014 бил позајмен на Чарлтон Атлетик каде на 31 натпревар во Чемпионшип постигнал 7 гола. Во летото 2014, тој се преселил во Барнли за да соработува одново со Шон Дајч кој му бил тренер и во Вотфорд. Потоа одиграл по една сезона во Колчестер Јунајтед и Ковентри Сити пред да се пресели во Бартон Албион во летото 2017.
Сордел е младински репрезентативец на Англија во селекциите под 20 и под 21 година. Во 2012 тој исто така бил избран во тимот на Велика Британија под водство на Стјуарт Пирс за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.