Андреас "Енди" Вајман (роден на 5 август 1991 година во Виена) — австриски фудбалер, напаѓач на Бристол Сити.

Андреас Вајман
Лични податоци
Роден на 5 август 1991(1991-08-05)(33 г.)
Роден во Виена, Австрија
Држава Австрија Австрија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бристол Сити Бристол Сити
Број 14
Младинска кариера
Рапид Виена Рапид Виена
Астон Вила Астон Вила
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2015 Астон Вила Астон Вила 113 (17)
2011Вотфорд Вотфорд 21 (4)
2015-2018 Дарби Каунти Дарби Каунти 81 (9)
2017Вулверхемптон Вулверхемптон 19 (2)
2018- Бристол Сити Бристол Сити 8 (5)
Репрезентација
2009-2012 Австрија Австрија 21 10 (6)
2012- Австрија Австрија 14 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Рапид Виена

уреди

Вајман ја започна својата кариера во родниот град во клубот на Рапид Виена, приклучувајќи се кај нив на тринаесет години. Тој останал таму за три години, пред да потпише за англискиот клуб од Премиер лигата, Астон Вила. Тој вели дека тој сè уште го носи Рапид во своето срце.

Астон Вила

уреди

Рана кариера и заемот во Ватфорд

уреди

Вајман беше претставени на клубот за време на Пис купот во 2009 година против Јувентус, Атланте и Порто. Како ветувачки напаѓач беше важна фигура во резервниот тим на Астон Вила, особено во сезоната 2009-10 кога тој ја пополнува празнината што ја остави Нејтн Делфоунесо каде тој ја завршил сезоната како резерви Јужна Лигата најдобар стрелец со девет гола во Јужната конференција на Премиер лигата за резервни тимови.

По импресивните перформанси во резервите, Вајман потпиша продолжување на договорот, кој го врзува за клубот до јуни 2012.

На 14 август 2010 тој го прави своето деби за првиот тим на Вила во мечот со Вест Хем Јунајтед кога се појавува како замена на местото на Ешли Јанг во 86-тата минута. Во јануарскиот преоден рок тој замина во Вотфорд на позајмица до крајот од сезоната.

Враќање во Астон Вила и пробив во првиот тим

уреди

Пред почетокот на новата сезона 2011-2012 тој се врати во Вила за пред-сезонски натпревари и одигра еден официјален меч во второто коло на Лига купот против Херефорд. Во мечот влезе како замена на местото на Дарен Бент. На 26 август тој го продолжи својот договор со клубот до 2014-тата година. И покрај тоа од клубот решаваат дека најдобро ќе биде тој да собере уште малку искуство пред да заигра за првиот тим го праќаат одново на позајмица, по вторпат во Вотфорд.

Само еден месец подоцна на 23 септември тој се враќа во својот матичен тим поради проблеми со повредени играчи од нападот. Тој се враќа пред мечот со КПР. По добрите игри за резервистите и на позајмиците, навивачите бараат од менаџерот Алекс МекКлиш Вајман да биде замена за повредениот Дарен Бент, кој мора да го пропушти остатокот од сезоната.

На 10 март 2012 година, откако влезе како замена за Шарл Н'Зогбија, Вајман го постигна својот прв гол за Вила во 92-та минута, носејќи му водство и победа на тимот од 1-0 над Фулам. Голот произлегува по шутот на Гери Гарднер, а Вајман реагираше најбрзо на одбиената топка за да го постигне винерот и да стане инстант фаворит на навивачите.

На 9 април 2012 тој постигна гол и против Стоук Сити во 32-ата минута за да ја доведе Вила во водство од 1-0, но накрајот мечот заврши нерешено 1-1.

Титули

уреди

  Астон Вила

уреди

Надворешни врски

уреди