Субашќој (грчки: Νέο Σούλι, Нео Сули; до 1927 г. Σουμπάσκιοϊ, Субасќој;[2]турски: Subaşköy) — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Субашќој
Νέο Σούλι
Субашќој is located in Грција
Субашќој
Субашќој
Местоположба во областа
Субашќој во рамките на Довишта (општина)
Субашќој
Местоположба на Субашќој во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°5′N 23°38′E / 41.083° СГШ; 23.633° ИГД / 41.083; 23.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&10000000000000234000000234 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.399
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 7 километри источно од градот Сер и на 7 километри западно од Довишта, на надморска височина од 234 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 620 Грци[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 820 Грци и 15 Турци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 850 Грци[5], и функционирало грчко училиште.

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1239 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1349 жители[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Нео Сули[7].

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 1861 жител, додека во 1940 година селото броело 2275 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 2432 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2720 жители, во 1971 година имало 1963 жители, во 1981 година имало 1903 жители, додека во 1991 година имало 2070 жители.[6] Населението броело 2.399 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2275 2432 2720 1963 1903 2070 2539 2399
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди
 
Црквата „Успение на пресв. Богородица“
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 81.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди