Довишта (грчки: Εμμανουήλ Παππάς Емануил Папас до 1933 г. Παππάς, Папас,[2] до 1927 г. Δοβίστα, Довиста[3] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Довишта
Εμμανουήλ Παππάς
Црквата „Св. Христофор“
Црквата „Св. Христофор“
Довишта is located in Грција
Довишта
Довишта
Местоположба во областа
Довишта во рамките на Довишта (општина)
Довишта
Местоположба на Довишта во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°5′N 23°42′E / 41.083° СГШ; 23.700° ИГД / 41.083; 23.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&10000000000000280000000280 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно601
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 17 километри источно од градот Сер на надморска височина од 280 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 212 семејства со 600 жители Грци[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1500 жители Грци[5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1400 Грци[6].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 2038 жители[7]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 2407 жители, додека во 1940 година селото броело 2620 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 2077 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2049 жители, во 1971 година имало 1207 жители, во 1981 година имало 1133 жители, додека во 1991 година имало 1086 жители.[7] Денеска, населението на селото е 601 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2620 2077 2049 1207 1133 1086 1121 601
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παππάς - Εμμανουήλ Παππάς
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δοβίστα - Παππάς
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 123.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  7. 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.