Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Субашќој
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Субашќој, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1][2]
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
Поглед на црквата | |
41°5′41.5″N 23°38′44.3″E / 41.094861° СГШ; 23.645639° ИГД | |
Место | Субашќој, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1836 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиЦрквата се наоѓа во источниот крај на селото. Изградена е во 1836 г. врз темелите на храм подигнат во 1775 – 1785 г. или порано. Кон 1835 г. храмот бил во урнатини и селаните успеале да издејствуваат негова возобнова веројатно од султанот Махмуд II, веројатно со помош од митрополитот Григориј Серски (подоцна цариградски патријарх). Во ферманот има услов да не се смени големината на старата црква (7,60 м во висина, 13,50 м во ширина и 15 м во должина) и трошоците да ги преземе црквата без да се товари месното население. Обновата е завршена на 10 мај 1836 г. според натписот на плоча на северниот надворешен ѕид.[1]
Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Илија“, „Св. Ѓорѓи“, „Св. Марина“ и „Св. Димитриј“.[2]
Архитектура
уредиГрадбата претставува трикорабна базилика со нартекс и женска црква. Иконостасот е дрвен и има три реда икони — над царските ред со 12 икони и над него уште еден со 27. Храмот е делумно живописан во XIX век со 24 сцени. Во 1953 г. фреските се обновени.[1]
Во XX век е изграден нов нартекс на запад. Првичната камбанарија е подигната во 1882 г., но била ниска, и затоа во 1925 – 1927 г. е изградена нова, на пет ката. Во 1915 г. е срушено старото училиште и црковниот двор е проширен. Изградена е нова чешма, во која е вградена римска надгробна стела, откриена во месноста Хаџисулинар.[1]
-
Внатрешноста на храмот
-
Султанскиот ферман за обнова
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Δαβίτη, Φωτεινή. „Οι Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“ (PDF). Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-31. Посетено на 31 декември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Субашќој на Ризницата ?