Под Кукуноса (Стањевци)
„Под Кукуноса“
| |
Местоположба | 41°57′27″N 21°54′12″E / 41.95750° СГШ; 21.90333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Стањевци |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Под Кукуноса— археолошко наоѓалиште во светиниколското село Стањевци. Претставува населба и некропола од римско време. На оддалеченост од околу 500 м јужно од селото, под ридот Голема Кукуноса, во нивата на Наце Иванов е најдена вотивна плоча од бел мермер со димензии од 25 × 25 × 5 см. Во горниот дел е заоблена лачно, а во централниот дел има релјефна претстава на жртвеник, со по една змија од страните, врз кој е поставен кантарос со сцена на жртвување. Се работи за претстава на синкретистичко божество од фригиско потекло. При обработувањето на нивите мештаните наоѓале темели од објекти и големи плочи од гробови. Теренот е во непосредната близина на населбата на наоѓалиштето Грамади. Вотивната плоча се чува во Народниот музеј во Свети Николе.[1]
Поврзано
уреди- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Манево Трло — средновековна населба;
- Орљак - Селиште — средновековна населба и некропола;
- Под Кукуноса — населба со некропола од римското време;
- Римски Бунар — некропола од доцноантичкото време;
- Слатина — могила од римското време;
- Слатина — Цистерна од римското време;
- Стањевци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 360, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |