Горно Дивјаци

село во Општина Крушево, Македонија

Горно Дивјаци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Горно Дивјаци

Поглед на селото

Горно Дивјаци во рамките на Македонија
Горно Дивјаци
Местоположба на Горно Дивјаци во Македонија
Горно Дивјаци на карта

Карта

Координати 41°24′56″N 21°10′23″E / 41.41556° СГШ; 21.17306° ИГД / 41.41556; 21.17306
Регион  Пелагониски
Општина  Крушево
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16008
Надм. вис. 800 м
Горно Дивјаци на општинската карта

Атарот на Горно Дивјаци во рамките на општината
Горно Дивјаци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Крушево, на јужните огранки на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пласница.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Крушево е оддалечено 9 километри.[2] До селото може да се стигне преку регионалниот пат 2337.

Соседни села се Пласница и Дреново од северната страна, Белушино од источната страна, Арилево и Долно Дивјаци од јужната страна и Пуста Река од западната страна.

Месностите во атарот на селото се следните: Младеноа Слива, Арилеска Река, Петков Гроб, Волчев Камен, Рамна Нива, Распаќе, Усејноа Ливада, Беглишта и други.[3]

Историја уреди

Селото е настанато од доселеници, порано се викало Бајлак Дивјаци. Селото го основале три рода, Куменџиовци, Бајдевци и Грујовци.[3]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 819,5 хектари, на шумите отпаѓаат 252,5 хектари, а на обработливото земјиште 112,6 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Мештани се занимаваат со огледување жито и тутун.[4]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948275—    
1951351+27.6%
1961275−21.7%
1971183−33.5%
1981121−33.9%
ГодинаНас.±%
199164−47.1%
199461−4.7%
200246−24.6%
202111−76.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Дивјаци имало 285 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дивјаци имало 400 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Горно Дивјаци е мало село, коешто во 1961 година броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 61 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 46 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 400 275 351 275 183 121 64 61 46 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Горно Дивјаци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[3]

  • Доселеници: Куменџиовци (14 к.), доселени се од селото Косоврасти, Дебарско (денес Горно и Долно); Бајдевци или Јанкуловци (33 к.), доселени се од раселеното село Барбарос, Порече, се доселил предокот Бајдо, го знаат следното родословие: Соколе (жив на 59 г. во 1951 година) Никола-Сиљан-Ѓорги-Анѓеле-Бајдо, кој се доселил; Грујовци или Балабановци (2 к.), доселени се однекаде.

Иселеништво уреди

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:[3]

  • Од Куменџиовци во: Романија (три семејства), Белград (едно семејство) и во Врбоец (едно семејство).
  • Од Бајдевци или Јанкуловци во: Белград (едно семејство) и во САД (едно семејство).
  • Од Грујовци или Балабановци во: Романија (едно семејство).

Општествени установи уреди

Новата училишна зграда во село Горно Дивјаци, околија Крушевска, пред довршување. Фотографирано во месец април 1948 година.
Поглед на училиштето во 2021 година, кое денес се користи како куќа за живеење.
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Горно Дивјаци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Горно Дивјаци, се наоѓале и селата Арилево, Долно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1205 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Манастири
Потоци
  • Горнодивјачки Поток — мал поток низ селото

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 77. Посетено на 19 декември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Русиќ, Бранислав. Железник-Горно Дивјаци. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  4. „Горно Дивјаци-после 40 години доби асфалтен пат“. Зелена Берза. 2021-02-17. Посетено на 2021-12-19.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 172-173.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 декември 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 21 декември 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 200. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди