Ристо Стефановски

македонски театролог и глумец
(Пренасочено од Ристе Стефановски)

Ристо Стефановски (Скопје, 5 декември 1928 — Скопје, 22 март 2022) — македонски театролог и глумец.

Ристо Стефановски
Роден 5 декември 1928
Скопје, Кралство СХС (денес Македонија)
Починал 22 март 2022(2022-03-22) (возр. 93)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање театролог, глумец
Роднини Мирко Стефановски (брат)
Горан Стефановски (внук)
Влатко Стефановски (внук)

Животопис уреди

Ристо Стефановски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје. Се образувал на Државната театарска школа во родниот град, а потоа студирал глума на Театарската академија во Белград. Во периодот од 1951 до 1960 година работел како глумец во Народниот театар во Скопје, а од 1957 до 1983 година раководел со Куклениот театар кој подоцна прераснал во Драмски театар. Во меѓувреме ги завршил студиите на Факултетот за драмски уметности во Белград, на отсекот за организација. Од 1983 до пензионирањето во 1988 година бил извршен директор на Македонскиот народен театар.[1]

Тој бил дел од жирито на фестивалите Стериино позорје во Нови Сад (1988/89) и на Мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС, 1990). Освен тоа, бил претседател и на Меѓународниот театарски институт во Македонија (1994-1996) и на Советот на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1995/96).[2]

Ристо Стефановски починал ненадејно на 22 март 2022 година во Скопје.[3]

Творештво уреди

Напишал повеќе книги и текстови за театарската уметност. Автор е на книгите: „Театарот во Македонија“ (1976), „Театарот во Македонија од античкиот период до 1944 година“ (1990), „Од Хераклеја до народен театар во Битола“ (1994), „Театарот во Македонија – од партизанскиот до Младинско-детскиот“ (1998); историографските дела „Театарот во Македонија (1963-1967)“ (2006) и „Подемот на театарот (1968-1971)“ (2006); а се јавува и како соавтор на бројни трудови од областа на теаатарската дејност, вклучително „30 години Драмски театар“ и „Летопис на МНТ 1945-1995“.[2]

Награди уреди

Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи ги наградата „13 Ноември“, наградата „11 Октомври“, Стериината награда за животно дело, наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело и наградата „Св. Климент Охридски.[1][2]

Изјави за делото на Ристо Стефановски уреди

Според драматургот Јордан Плевнеш, Ристо Стефановски е личност кому театарот му е животно занимање и го смета за еден од најнеуморните трагачи низ историјата на театарската уметност во земјата, кој преку систематско истражување има напишано хронолошки трудови за театарот којшто се протегаат од антиката, римско, византиско, отоманско време и зачетоците на битовата драма, па сè до современите тенденции на македонскиот театар.[2]

Театарскиот режисер Владо Цветановски за неговиот театарски времеслед има забележано:

Ристо Стефановски поминува низ точките на историјата на македонскиот театар, не обидувајќи се да ни го раскаже неискажливото чувство за одредениот сценски настан, но грижливо ги опишува специфичните околности кои довеле до одреден сценски резултат. Низ податоци, факти, низ општествени превирања, низ драматичните мигови заробени во фотографии, низ реакциите на официјалните рецензенти, на цензорите во партиските ќелии, на верификацијата на настанот низ бројот на гледачите… Нам како на читатели на оваа хронологија ни останува вообразбата, моќта за претпоставка, ако сакаме да дознаеме каква била емотивната енергија што одредениот театарски настан го произвел кај гледачот...[2]

Филмографија уреди

Телевизиски серии

Наводи уреди

Надворешни врски уреди