Бас Тер
Бас Тер (француски: Basse-Terre) — главен град (префектура) на Гваделуп, кој претставува прекуморски регион и департман на Франција во островската група Мали Антили.[1] Градот е сместен на истоимениот остров, кој ја опфаќа западната половина на Гваделуп.
Бас Тер Basse-Terre | ||
---|---|---|
Улицата Морис Мари Клер во Бас Тер | ||
| ||
Местоположба на општината во Гваделуп | ||
Координати: 15°59′45″ N; 61°43′45″ W / 15.9958° СГШ; 61.7292° ЗГДКоординати: 15°59′45″ N; 61°43′45″ W / 15.9958° СГШ; 61.7292° ЗГД | ||
Земја | Франција | |
Прекуморски регион и департман | Гвадалуп | |
Округ | Бас Тер | |
Кантон | Бас Тер (I и II) | |
Општ. заедница | Јужен Бас Тер | |
Површина1 | 5,78 км2 (223 ми2) | |
Население (2009)2 | 11.894 | |
• Густина | 21/км2 (53/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 97105 / 97100 | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Иако претставува административен центар, Бас Тер е втор по големина во Гваделуп, по градот Поант а Питр. Поширокото градско подрачје има население од 44.864 жители, од кои 12.400 живеат во самиот град.[2]
ИсторијаУреди
Градот е основан во 1643 г. во планинскиот дел на островот Бас Тер (еден од двата острова на Гваделуп). Повеќепати е уништуван во екот на Англо-француската војна и како нејзина последица. Во 1976 г. се јавил страв од избувнување на вулканот Суфриер, поради што градот бил привремено иселен.
ЗабележителностиУреди
Главна црква во градот е катедралата „Свети Петар и Павле“ (Saint-Pierre-et-Saint-Paul) од XIX век, направена од сив камен со бели статуи. Бас Тер има многу зачувани градби од колонијално време. Позначајни градски свратилишта се плоштадот „Арбоово Поле“ (Champ d'Arbaud) и паркот Жарден Пишон на југ. На врвот на месниот рид се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина, сместени во поголем парк на брегот на реката Ерб кој претставува резерват на растенија и животни.
КлимаУреди
Бас Тер е сместен на преодно место помеѓу екваторскиот и монсунскиот климатски појас. Врнежите се застапени преку целата година, со нешто посув период од јануари до март. Најсувиот месец (февруари) има просечни врнежи од 60 мм. Температурата во градот е релативно рамномерна во текот на целата година.