Разговор со корисник:Тиверополник/Архива 6

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Распадот на СФРЈ

уреди

Здраво. Мислам дека е добро статијата за Распадот на СФРЈ да завршува со Формирањето на Сојузна Република Југославија, а останатиот дел од хронологијата да се префрли во статија Војните во бивша Југославија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:30, 9 мај 2010 (UTC)

Така некако. Всушност содржината на страницата не е лоша и така. Таа има само неколку настани кои следат по формирањето на СРЈ. Но, во основа добро би било да има и статија Војните во Југославија. Инаку, на англиската верзија има многу убава статија која содржи само хронологија на настаните, па од таму ми дојде идејата. Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:39, 9 мај 2010 (UTC)

Јас подоцна ке додадам и некои информации во врска со тоа кој е најголем губитник од распадот на Југославија,и ке вметнам некои детали кои не се спомнати тука.

Додадов уште една статија по име По Распадот http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Распаѓање_на_СФРЈ&oldid=1097872#.D0.9F.D0.BE_.D1.80.D0.B0.D1.81.D0.BF.D0.B0.D0.B4.D0.BE.D1.82

Шаблон претприемништво

уреди

Извини за доцниот одговор, но не сфаќам што е проблемот со шаблонот? Поздрав--Никола Стоіаноски 21:14, 15 мај 2010 (UTC)

Уф сум сакал да ја ревертирам за да ја бришам статијата ама сум стиснал провери. Ја избришав. Поз--Никола Стоіаноски 21:25, 15 мај 2010 (UTC)
Види меил. Поздрав--Никола Стоіаноски 21:57, 15 мај 2010 (UTC)

Категорија

уреди

Оваа категорија дали е ок ако стои во членувана форма?--Никола Стоіаноски 22:13, 15 мај 2010 (UTC)

Во принцип ако после името на државата има именка се става името во членувана форма, ама не и за придавка пред именка. Мислам дека принципот на именување е што помалку членувани да се користат и според тоа и јас мислам е правилно без -то. --Никола Стоіаноски 22:18, 15 мај 2010 (UTC)

Мал предлог

уреди

Здраво Тиверополник. Како е? Те гледам дека имаш мерак да правиш серија историски статии за одредена тематика, па реков да ти дадам предлог за правење ако ти фаќа око. Имено, не е лошо да направиш една серија статии за босанската историја, мислам таа средновековна правилна босанска со сите Твртковци и слично. Не оваа поновава, таа не е интересна. Само мал предлог, ништо повеќе  :) Поз--Никола Стоіаноски 22:20, 18 мај 2010 (UTC)

Здраво Тиверополник. како оди работата? Забележав дека си почнал да уредуцваш за историјата на Албанија, па да те предупредам ако може да ја категоризираш подобро и усогласиш статијата за востанието на Скендербег. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:32, 22 мај 2010 (UTC)

Да, статијата не е со содржина од некое друго јазипчно издание. Ова ми беше една од првите статии на Википедија.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 22:01, 22 мај 2010 (UTC)

Награда

уреди

Знаеш дека имаш право :) Ај ќе му дадам од двајцата. Поз--Никола Стоіаноски 20:29, 25 мај 2010 (UTC)

Дојран

уреди

Бидејќи си од тој дел на Македонија, сакам да те прашам нешто во врска за Дојран за да расчистам со некои конфузни тврдења на Википедија. Имено, Дојран бил град до светските војни, бил бомбандиран и целосно уништен така? Не постоел и не постои. Е сега, покасно се оформуваат две населби во близина на градот: Нов Дојран и Стар Дојран. Според законот за локална самоуправа Стар Дојран е село, за другото не знам. Дали знаеш што се Нов Дојран и Стар Дојран села или градови?--Никола Стоіаноски 01:01, 28 мај 2010 (CEST)Одговори

Супер, фала многу за овие информации зошто од секогаш сум бил во дилема дали Стар и Нов Дојранс е села или градови. Значи се села. Фала пак за да ги средам. Поз--Никола Стоіаноски 12:29, 28 мај 2010 (CEST)Одговори

Европа во...

уреди

Точно би било „Европа во Х година“ бидејќи годината е поширок поим, важи за сите краишта и сè останато. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:35, 28 мај 2010 (CEST)Одговори

Сакаш да дава „Европа во 1234“ или „Европа во 1234 година“ ? --Б. Јанкулоски (разговор) 17:22, 28 мај 2010 (CEST)Одговори

Наводна вмешаност на Ал Каеда и останати терористи во конфликтот

уреди

Postaviv nekolku resursi vo ovoj artikl se nadevam deka moze da bidat validni:

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Воен_конфликт_во_Македонија,_2001&stable=0&shownotice=1#.D0.9D.D0.B0.D0.B2.D0.BE.D0.B4.D0.BD.D0.B0_.D0.B2.D0.BC.D0.B5.D1.88.D0.B0.D0.BD.D0.BE.D1.81.D1.82_.D0.BD.D0.B0_.D0.90.D0.BB_.D0.9A.D0.B0.D0.B5.D0.B4.D0.B0_.D0.B8_.D0.BE.D1.81.D1.82.D0.B0.D0.BD.D0.B0.D1.82.D0.B8_.D1.82.D0.B5.D1.80.D0.BE.D1.80.D0.B8.D1.81.D1.82.D0.B8_.D0.B2.D0.BE_.D0.BA.D0.BE.D0.BD.D1.84.D0.BB.D0.B8.D0.BA.D1.82.D0.BE.D1.82

Българо-османски войни

уреди

Здравей Тиверополник, надявам се да съм ти от полза. Тази статия е за цялото османско нашествие на територията на България, макар да не е напълно изчерпателна и да липсват важни източници на места. Поради факта, че липсват особено значими битки за периода, мисля че подобния вариант е най-добре за списване на статия. Също могат да се добавят няколко изречения за Въстанието на Константин и Фружин. Надявам се, че съм бил полезен. --Подпоручикъ (разговор) 06:44, 9 јуни 2010 (CEST)Одговори

СП 2010

уреди

Здраво!! Гледам дека ја работиш СП 2010, што е и добро, па би сакал да те подржам, па ако ти треба помош, кажи за да ти помогнам, исто така да ја довршам статијата за 2010 Роланд Гарос и 2010 НБА Плеј-оф и ќе се концентрирам на оваа статија, а во меѓувреме ако треба помош слободно побарај, при пишување и др.

Здраво Тиверополник!! Па за да изгледа страницата поубаво треба да се досреди воведот, многу е краток, преведи го од Англиската Википедија, да се досред инфокутијата, да се досреди нешто во квалификации и да се создади подтема подготовки, да се направат составите, да се додади критериум во слачај на ист број бодови и сл, да се направи подтема за наградите, за топката, за песната, за контроверзии, за медиа и др. Доколку сакаш да изгледа статијата поубаво среди го т.е. преведи го од Англиската Википедија и да биде исто, доколку не сакаш добра е и онака статијата. --Stefan40-3e3e (разговор) 13:43, 11 јуни 2010 (CEST)Одговори

За мак. под османска власт

уреди

Имам ама станува збор за книги ги немам во електронска форма... ако можам некако да помогнам слободно прашај... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 13:07, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори

Химариотско востание (1596) - за ова немам.... Карпошово востание (1689) има податоци во историја на македонскиот народ и во документите за македонскиот народ... Негушкото востание (1828) има во има податоци во историја на македонскиот народ и во документите за македонскиот народ... , Халкидичко востание (1854).... има многу малку го третираат како грчко востание во кое учествуваат и македонци, Буни во Дебарската нахија (1560-1609) не сум сретнал, Мариовско-прилепска буна (1864/65) за оваа тема незнам дали е точна дата... Има прва и втора Мариовско-прилепска буна во 16 век, несум сигурен отприлика 1564/65... така нешто... сакам да те услужам ама незнам како... треба да набавам скенер еден па да копираам.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 13:54, 10 јуни 2010 (CEST) Па направи шаблон, а јас ќе се потрудам да најдам скенер па да ти ја префрлам литературата, инаку секоја помош е добредојдена поздрав... --Еден Македонец ? (разговор) 17:31, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори

Историја на Македонскиот народ три тома, Документи за борбата на македонскиот народ за создавање самостојна држава два тома, Документи за ајдуството во Македонија вториот том, Прилеп низ историјата - група афтори, Пелагонија во средниот век - Коста Аџиевски , последна глава за османлиите, Македонија во 14 век од Александар Атанасовски - последна глава за османлиите.... и други треба да проверам па ќе ти кажам.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 17:42, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори

Мислам дека ова би можело да ти помогне сега за сега книги--Еден Македонец ? (разговор) 17:49, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори

треба да провериш неделно се внесуват постојано нови книги... --Еден Македонец ? (разговор) 17:54, 10 јуни 2010 (CEST)Одговори

Треба да стои првин серска држава, прилепско кралство па маричка битка... државите и претходаат на битката со турците... инаку си е ок.. поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 18:41, 11 јуни 2010 (CEST)Одговори

Категорија

уреди

Здраво. Значи на македонски правилно е Отоманска империја, со мала буква. Другата треба да се замени и избрише. Ако ме прашуваш мене, јас мислам Отоманска империја е посоодветно зошто повеќе се користи. Во македонскиот јазик двата поима фигурираат, но повеќе се среќава Отоманска, многу повеќе. Поз--Никола Стоіаноски 18:49, 15 јуни 2010 (CEST)Одговори

Јас се извинувам Тиверополник, ама поточно било со голема буква. Сега видов во правопис и таму стои со голема буква. Со мала буква е почесто сретнувано и мислев е точно, но ајде заедно ќе средиме. Поз--Никола Стоіаноски 13:43, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори

Римско Царство

уреди

Сепак треба да постои Категорија:Римско царство а се разбира и Категорија:Римска Империја.--brest (разговор) 17:37, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори

Да, но со голема буква и мислам дека Тиверополник поради тоа го избриша. Поз--Никола Стоіаноски 17:41, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори
Попат, ја избриша и дискусијата на страницата за разговор на таа категорија, па затоа јас ја вратив категоријата. Сега не проверив можеби успеал и некоја статија која можеби спаѓала во категоријата да ја премести во категоријата Римска Империја, ама не е некој проблем, ако забележам покасно ќе ја рекатегоризирам.--brest (разговор) 17:50, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори
Само што не разбирам во што е проблемот. Нели се договоривме дека треба да постои само една категорија:Римска Империја. Сите категории од Римско царство и Римска империја ги префрлив во категорија:Римска Империја, а останатите ги избришав, а со тоа и разговорот, нормално... --Тиверополник (разговор) 21:32, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори
Иако од полесно е за преглед да има една категорија, сепак за овој случај ни се потребни повеќе бидејќи не се разботи за истата држава. Имено, прво било мало кралство кое најверојатно опфаќало територии во Италија, подоцна република која опфаќала повеќе територии и на крај империја која била на три континенти. Ни требаат трите категории (Римско Царство, Римска Република и Римска Империја) бидејќи не се работи за истата територија, истото уредување и истата, фактички држава. Проблемот е што сите треба имаат големи букви (Империја, Царство и Република). Мислам не е ова проблем иако е малку збунивачко, но таква била државата. поз--Никола Стоіаноски 00:14, 23 јуни 2010 (CEST)Одговори
А јас не се сеќавам каде се договоривме дека треба да постои само една категорија:Римска Империја? :)--brest (разговор) 21:36, 22 јуни 2010 (CEST)Одговори
Брест, ајде да се договориме тогаш... Историски како што сум запознат, постои Римско Кралство, Римска Република и Римска Империја. Е сега... Кралството не би требало да се поистоветува со Царството, бидејќи сметам дека Категорија:Римско Царство=Римска империја. Значи, би требало таа да биде избришана, а да се создаде Категорија:Римско кралство. Вака е најдобро да направиме...--Тиверополник (разговор) 13:02, 23 јуни 2010 (CEST)Одговори
Ајде, иако нема потреба од договарање, бидејќи таквии се фактите. Покрај, кралство, република и империја има и Света Римска Империја која често се побркува со Западната Римска Империја vs Источната Римска Империја или Византиската Империја. И да Империја, Царство, Република се со големи букви.
Очигледно е оти има... Јас пишувам дека според мене најправилно е Кралство, Република и Империја, само што по се изгледа не се читаме доволно. Ако не, да отвориме нова тема за тоа како треба најточно да бидат. --Тиверополник (разговор) 18:30, 23 јуни 2010 (CEST)Одговори

Прашање, ре

уреди

Да, таа статија треба да се префрли на Викиизвор, а потоа од тука да се избрише. Ако видиш и други вакви префрли ги. Поз--Никола Стоіаноски 19:07, 4 јули 2010 (CEST)Одговори

Имаш право... заборавам... ќе гледам да не се повтори... мала исправка не е БМОРО туку ВМОРО, ТМОРО или МРО... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 00:17, 7 јули 2010 (CEST)Одговори

Тоа е така зошти сметката ти е глобална. Е сега ако не сакаш да ти биде глобална мислам треба да побараш на Мета. Не сум сигурен како оди тоа, ама не е лошо да имаш глобална сметка. Поз--Никола Стоіаноски 15:26, 9 јули 2010 (CEST)Одговори

Поврзано

уреди

Не мора рачно да преименуваш „видете исто така“ -> „поврзано“, ботот сè ќе среди. --Brainmachine (разговор) 15:39, 9 јули 2010 (CEST)Одговори

Именување на кралеви

уреди

Неколку правила за именување на кралеви:

  • Имињата се македонизираат кајшто постои еквивалент, како што тоа го прават сите јазици, т.е. Џон е Јован
  • Никогаш не се става од каде бил, освен ако тоа е дел од името. на пр. не „Хенри I од Англија“, туку само „Хенри I“
  • Доколку станува збор за личности коишто не се кралеви, туку дел од кралски семејства со особено потекло, тогаш не се користи „од Х“ туку -ски или -ска. Пример „Катерина Арагонска“, не „Катерина од Арагон“. Постојат ретки исклучоци кога ова се прави за кралеви (на пр. Филип Македонски), но тоа е голем исклучок, не правило.
  • Имињата на странските кралеви на англиски се англизираат, исто како што кај нас се македонизираат. На пр. ако италијански владетел се вика Џовани, тоа е кај нас Јован. Но приметив дека имаш директно транскрибирано од англиски, како на пример Вилијам, крал на Сицилија. Бидејќи нема македонски еквивалент, тогаш се наведува (секако) италијанското име Гулјиелмо. Мислам дека ова се подразбира и не треба да се објаснува.

Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 01:34, 10 јули 2010 (CEST)Одговори

Да, Иштван е Стефан. Сè што има македонски еквивалент треба да се македонизира. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:11, 10 јули 2010 (CEST)Одговори

Извини, изумив. Во тие случаи кајшто истото име се јавува кај разни владетели од разни земји, се пишува на пр. „Стефан I (Англија)“, или ако има само еден, тогаш „Стефан (крал на Англија)“. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:23, 10 јули 2010 (CEST)Одговори

  • Сакав да ти напоменам еден поспецифичен случај. James е англиски еквивалент на македонското Јаков (иако имаат самите и Jacob). Тоа може да се види од Библијата. Значи кралевите со тоа име би требало да се „Јаков“, со тоа што треба да има пренасочување од Џејмс, но да не стојат како такви во врски, туку само ако некој специјално ги пребара така. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 10:49, 10 јули 2010 (CEST)Одговори
  • Не, треба да се вика Јаков I, а да се направи страница „Џејмс I“ која ќе пренасочува кон „Јаков I“. Не мора Англија во овој случај бидејќи тоа име не се среќава кај кралеви од други земји. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:31, 10 јули 2010 (CEST)Одговори

Англиски монарси

уреди

Па статијата за британските монарси е една, а онаа за англиските монарси е сосем друга (по урнек на англиската). Доколку не сакаш да ја преведеш англиската статија за англиски монарси, слободно прекопирај ги оние што се монарси само на Кралството Англија, но мој совет е сепак да го преведеш воведниот дел од англиската, кој се осврнува на англиската монархија. Исто така табелата би требало да се пренумерира. Кажи ми што си решил и дали ти треба помош при правењето на статијата. Јас одамна сакав да ја направам ама никако да дојдам до тоа, па затоа воедно волен сум да имам удел во неа, ако сметаш дека работата е опширна. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 12:52, 17 јули 2010 (CEST)Одговори

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 28 јули 2010 (CEST)Одговори

мери II

уреди

Тиверополник Мери II не се вика Марија II затоа смени ја страницата. Поздрав Stefan Milosevski (разговор) 11:59, 17 август 2010 (CEST)Одговори

Игри

уреди

Тиверополник сакам да те прашам нешто во врска со видеоигрите. Зошто кога во некоја статија на видеоигра ќе ставам инфокутија и статијата ќе ја зачувам не ми се појавува сликата? Stefan Milosevski (разговор) 16:27, 17 август 2010 (CEST)Одговори

Пиј vs Пие

уреди

Според Википедија:Чести правописни грешки#Србизми, правилно е да се користи Пиј, наместо Пие. --brest (разговор) 11:46, 22 август 2010 (CEST)Одговори

ок... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 15:52, 22 август 2010 (CEST)Одговори

Категории

уреди

еве види Категорија:Фракции на Македонската револуционерна организација ... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 15:57, 22 август 2010 (CEST)Одговори

ок... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 16:01, 22 август 2010 (CEST)Одговори

Категорија

уреди

Здраво. Еве добро е, средувам шаблони. И јас мислам економија е подобар термин, ама и стопанство се користи. Мислам остави ги двете па ќе видиме што да правиме. Најчесто под стопанството се подразбира производството во една државата па мислам може да нѝ биде од корист. Поз--Никола Стоіаноски 22:26, 24 август 2010 (CEST)Одговори

Здраво and Благодарам you so much for your support!

уреди

Здраво, I'm Claudi Balaguer (User Capsot from the Catalan Wikipedia) and I wanted to thank you for your support. If you should ever need something about Catalan or Occitan or something else, just let me know I'll be real glad to help you the best I can. Take care. I wish you, your Wikipedia, your language and your country a magnificent future! Capsot (разговор) 00:34, 25 август 2010 (CEST)Одговори

Macedonians (ethnic group)

уреди

Моменталното име на статијата Македонци на англиската википедија е Macedonians (ethnic group) што според мене е доста добро компромисно решение. Но пред неко време на страницата за разговор еден грк отворил расправа тоа да се промени во Macedonians (modern ethnic group) или Macedonians (South Slavs) што и двете се апсурдни. Ќе те замолам да гласаш за против промена на името на статијата и ако си во можност да известиш се повеќе македонски корисници да се изјасната исто. Поздрав Tомица1111 (разговор) 11:54, 30 август 2010 (CEST)1111tomicaОдговори

Ѓорѓе Иванов

уреди

Здраво, добро е се тера некако :) Како е натака? Имаше еднаш на вести за тоа, но мислам беше минатата година. Некој идиот почнал да пишува глупости за прецеднико ама реагиравме, ја избришавме статијата и повторно ја напишавме за да не се гледа историјата. Од тогаш мислам дека нема такви испади. Поз--Никола Стоіаноски 23:58, 3 септември 2010 (CEST)Одговори

Категоризација

уреди

Во последно време вршиш рекатегоризација на некои статии. Поголемиот дел од работата е во ред, но сепак во некои делови мислам дека правиш грешки, па затоа и те ревертирам. Пример, тука, не може Категорија:Демократска Федерална Македонија да биде категоризирана под Категорија:Историја на Македонија (1944-1991) бидејќи во најмала рака периодот 1944-1991 некореспондира со времето на постоење на овој политички ентитет. Има и други места каде твојата категоризација нема смисла или не е точна. Пред да започнеме војна на ревертирања, подобро да продискутираме за твоите намери и крајни цели. Поздрав. --brest (разговор) 19:46, 9 септември 2010 (CEST)Одговори

Демократска Федерална Македонија било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федерална Југославија. Ова име се користело во периодот од 1944 до 8 март 1946 кога Президиумот на Народното Собрание со закон се менува во Народна Република Македонија. (баш кореспондира).
Плус, ти Брест правиш грешки со ревертите. Користиш дупли категории или само слепо ревертираш. Еве тука. Сега е безвезно испокатегоризирана. Позз--Р ашо  20:08, 9 септември 2010 (CEST)Одговори
Здраво и од мене. Значи да разјасниме една работа на почеток. Категоризацијата ја вршам врз основа на англиската верзија. Пример, не гледам на ниту едно посериозно издание од википедиите дека Категорија:Масакри во Македонија треба да биде сместена во Категорија:Македонија, наместо во Категорија:Историја на Македонија или слично. Еве еден пример за Турција од англиската. Ова се однесува на најголемиот дел од категориите кои си ги вратил моите уредувања. Што се однесува до Категорија:Демократска Федерална Македонија, мислам дека оваа земја постоела од 1944 до 1946 година. Сега незнам што е проблемот овде. Јас едноставно историјата на Македонија ја разделив на 6 периоди, и мислам дека се добри како категории. Подобро би било ДФМ да стои во Категорија:Историја на Македонија (1944-1991) отколку во само Категорија:Македонија.
Ентитетот ДФМ е дел од историјата на Македонија, што е точно. Ако категоризираме во Историја на Македонија од 1944-1991, формално исто така е точно ама не наведува на тоа дека ДФМ постоела се до 1991?! Индикативно е зошто да категоризираме период 1944-1991, демек социјализам и крвави комунизам? Пред тоа славна историја, а после тоа убава иднина? Зошто сметате дека македонската википедија е несериозно издание на википедија а англиската сериозно кога се работи за Македонија. Ова овде, после х промени еве прилика да се среди, само треба да се избришат двашати напишаните категории.--brest (разговор) 20:32, 9 септември 2010 (CEST)Одговори
Според мене нема никаква врска социјализам и крвави комунизам... Тоа е едноставно период од нашата историја, исто како полската, белоруската, литванската... Значи, немав намера да зборувам за никаков комунизам, туку за праведниот начин на категоризација. Барем досега никаде не сум сретнал дека во ГЛОБАЛА би требало да се дели нашата историја од... до 1944, од 1944-1946, 1946-1989 или 1990 шо знам... да ги разделиме и економски според кировите реформи? Не ми е јасно... За сериозност, погрешно си ме разбрал, едноставно напишав оти препишувам и копирам единствено и само од англиската, бидејќи ние сме далеку од неа, а не дека не сме сериозни. Доколку сметаш оти сме несериозни, зошто ќе си го губам поголемиот дел од слободното време на нашата вики!!!--Тиверополник (разговор) 20:51, 9 септември 2010 (CEST)Одговори

Kruševo Republika

уреди
 
А, си викав -кој ли ќе ги прае сите овие статии во шаблонот? Еве ова нека биде една мала
крушевско-комитска награда
--Р ашо 

Категоризација на пренасочувачки страници

уреди

Здраво Тивериополник, ако се сеќаваш на овие разговори: тука и тука, кои сме ги воделе уште 2008 година, погледни ја дискусијата Википедија:Селска чешма#Конфликт при категоризација која што се одвива сега а во врска со овој разговор, се надевам дека ќе сфатиш која е техниката која те интересираше 2008 година. Еве ти и пример на пренасочување: Црква "Свети Доменико" пренасочува во Арапска џамија, при што пренасочувачката страница е категоризирана во Категорија:Цркви во Истанбул а основната статија во Категорија:Џамии во Истанбул, погледни ги категориите и ќе видиш дека врската до Црква "Свети Доменико" е со закосени букви. Ова е една примена на категоризирање на пренасочувачки страници. Друга примена е она за што расправаме во моментов на селска чешма и тука. Поздрав. --brest (разговор) 15:34, 13 септември 2010 (CEST)Одговори

Здравствуі

уреди

Како е? Ја предложив статијата СССР за избрана, па видов дека ти си ја правел (или се лажам?). Јас ја разгледав и ми седеше сè ОК, ама сепак ако можеш пројди ја уште еднаш за печатни грешки. Поз--Никола Стоіаноски 18:33, 13 септември 2010 (CEST)Одговори


Нистрово

уреди

Зашто е тргната промената за село Нистрово во врска со црквата и џамијата? Martinn (разговор) 14:38, 14 септември 2010 (CEST)Одговори

Јас не вандализирам македонската Википедија. Пишувам вистината, а вие не ја согласувате. Зошто?

уреди

Јас не вандализирам македонската Википедија. Пишувам вистината, а вие не ја согласувате. Зошто? 83.97.67.221 (разговор) 18:43, 14 септември 2010 (CEST)Одговори

Јас само ги избришат информациите за кои нема доказ. Во написот за Илинденското востание, на сликата под која пишува "Повик за објавување на востанието", печатот на документот се вели "Свобода или смъртъ" (бугарски), а вие го пишувате "Слобода или смрт" (македонски). Ова не е ли вандализам? 83.97.67.221 (разговор) 19:11, 14 септември 2010 (CEST)Одговори

Знам дека не е измислен од Македонци или Бугари, но во Македонија била користена знаме со натпис "Свобода или смъртъ". Види страницата "Слобода или смрт", таму има едно знаме на кое пишува "Слобода или смрт", а не "Свобода или смъртъ", како треба да пишува, значи тоа знаме не е автентично. Ова е изобличување на историјата. Да не зборуваме дека во оваа Википедија се вели дека има врска помеѓу античките Македонци и сегашните Македонци. Докажано е дека тоа не е вистина. Има уште илјади измислени работи. Во овој сајт има доста историски лаги, но не можам да го менува целиот, а дури и да го менува, никој нема да ми одобри редакцијата. Како и да е, не сакам да спориме. Повеќе нема да пипам Македонската Википедија. Успех во работата! 83.97.67.221 (разговор) 20:13, 14 септември 2010 (CEST)Одговори

Когномени

уреди

Според формата за еднина, когномен, множинската форма логички треба да е когномени. Мислам когномени е правилно. Поз--Никола Стоіаноски 21:29, 14 септември 2010 (CEST)Одговори

јас милам дека дефинитивно не е папата. Треба да се интеревенира на Комонс. Поз--Никола Стоіаноски 00:01, 16 септември 2010 (CEST)Одговори
Прво избриши ја категоријата од папата од страницата за сликата. Нека стојат само соодветните категории. Ако е името грешно, предложи ја да ја избриша за да ја преподигнат со ново име, поточно. Мислам само ова треба, ако не ти успее, кажи. Поз--Никола Стоіаноски 21:35, 16 септември 2010 (CEST)Одговори

Проверување

уреди

Тивер ако можеш провери ја статијата Масакрот кај Мај Лаи. Поздрав и пријатна работа. Stefan Milosevski (разговор) 23:35, 16 септември 2010 (CEST)Одговори

Лига на шампиони

уреди

Абе сега ќе ја досредам, мислам прво да ја направам како англиската, но прво сакав да ја довршам главната статија, но бидејќи тие црвени линкови во групите ме иритираа ја креирав само за тоа.Stefan40-3e3e (разговор) 23:05, 17 септември 2010 (CEST)Одговори

Ок. мислев на крај кога ќе ја завршам... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 20:29, 20 септември 2010 (CEST)Одговори

Категорија

уреди

Да, мислам најсоодветен термин е Европски кралски семејства. Поз--Никола Стоіаноски 15:23, 22 септември 2010 (CEST)Одговори

РЕ: Виталиа

уреди

Здраво. Ја поправив статијата и сега не е напишана во прво лице еднина, што мислам дека е понеутрално и не остава впечаток дека е напишана за комерцијални цели. Само ќе те замолам ако може да го подигнеш логото на компанијата, кое не е слободно но може да се употребува за праведна употреба. Благодарам.--Igor51296 (разговор) 09:10, 24 септември 2010 (CEST)Одговори

Мала препорака

уреди

Здраво Тиверополник. Како оди работата? Забележав дека во разговор со еден нов корисник, наместо внатрешна врска до категоријата Статии за одржување, си навел надворешна врска. Претпоставувам дека ти се појавил проблемот на категоризирање на страницата за разговор и губеење на внатрешната врска. Овој проблем се решава со додавање на две точки („:“) пред запишувањето на категоријата, но во рамките на внатрешната врска (на пример: Категорија:Статии за средување). Поздрав.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 13:07, 24 септември 2010 (CEST)Одговори

Протестантство и богомилството

уреди

Меѓутоа покрај она што денес се подразбира под поимот "протестантство", на овие простори во 10 век се среќава нешто што иако се јавува и е познато под друго име, по својата суштина е вид на протестантство. Станува збор за богомилството. Богомилството се "стилизира" како еретичко движење во христијанството, кое особено во овие географски простори, значајно го детерминирало, а веројатно и како секвенца, се втопува во сценариото кое ја "конституирало" реформацијата во.... Го избришав овој дел од Протестантството во Македонија.... Богомилство е дуалистичко учење, неговите учења се сосоема различни од Протестантството... не може Богомилство да му претходи на Протестантството... Богомилство им претхиди на други учења Патарени, Албигојците и други... Нема литература историска мк. каде се поврзува Протестантството со Богомилство.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 16:08, 29 септември 2010 (CEST)Одговори

некој тој дел го отсранил од статијата, а ти си го вратил ама нема врска.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 09:24, 30 септември 2010 (CEST)Одговори

абе нема врска изини што те замарам... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 12:26, 30 септември 2010 (CEST)Одговори

ок.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 12:35, 30 септември 2010 (CEST)Одговори

Московски Кремљ

уреди

Тиверополник гледам дека во последно време пишуваш за статии поврзани со Москва и Црвениот Плоштад, па сакам да те прашам дали имаш намера да пишуваш за Московскиот кремљ зашто јас имам книга во неа пишува многу за Московскиот кремљ и сакам да напишам??? Stefan Milosevski (разговор) 15:38, 9 октомври 2010 (CEST)Одговори

Предмостна кула (Москва)

уреди

Hi, Tiveropolnik! Macedonian Wikipedia is very active and your job is very important.

You created this article, but I have two questions:

  • Why did you used this not so common name (Предмостная) instead of Кутафья?
  • This tower is not at the Red Square (if Google correctly translated text - you wrote it is)

My question comes from my participation in Polish Wikipedia article creation. Bogomolov.PL (разговор) 22:22, 10 октомври 2010 (CEST)Одговори

    • This is my questrions list:
  1. You translate or transliterate tower names? Боровитска кула (m.b. Боровицка?) - transliteration, but Водоснабдителна кула - you try to translate this name (Водовзводная - an ancient word not present in the modern Russian, it means "pumping water up", not "water supplying")
  2. Набатниска кула - translation or transliteration?
  3. Константино-еленска кула - Why st.Helen is not Елена but елена?
  4. Фроловска кула - better name Спаска, nobody knows the name Фроловска
  5. Николаева кула - св.Никола in Russian and Macedonian so Николска? Or I'm wrong in my hypothesis?
  6. Угловска кула - in Russian Угловая Арсенальная (Corner Arsenal)
  7. Средна кула - in Russian Средняя Арсенальная (Middle Arsenal)
  8. Управителна кула - in Russian Комендантская, so does Управител mean military commandant?
  9. Арсенална кула - in Russian Оружейная - Armor, not Arsenal Bogomolov.PL (разговор) 20:03, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори
      • Main idea is a translation or transliteration?
      • Боровицкая - name unique for this location (Боровицкий холм, Боровицкая башня) this is not any standard word as Боровая/Боровой (pine forest in nodern grammar). This is an ancient grammar form.
      • Водоснабдителна кула - you try to translate this name (Водовзводная - an ancient word not present in the modern Russian, it means "pumping water up", not "water supplying")
      • Набатниска кула - transliteration would be Набатна, isn't it?
      • Светиниколска кула or Кула Свети Никола (Москва) - why not Николска? Transliteration or translation would be the same, I guess. Bogomolov.PL (разговор) 08:54, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

"Ситни совети"

уреди

Тивер, извини вака кога ја прочитав пораката со наслов Ситни совети не разбрав баш најдобро. Потоа отидов во статијата Тито но никаде немаше за тоа што ми го напиша??? Stefan Milosevski (разговор) 11:54, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори

А јас би сакал да дадам уште еден совет во врска со употребата на шаблоните од типот на: {{роден на}}, {{роден во}}, {{починал на}}, .... Имено доколку биографската статија содржи и инфоктуја, тогаш овие шаблони подобро е да се ставаат во самата инфокутија. Видете ги разликите помеѓу шаблони во текстот на статијата и шаблони во инфокутијата.--brest (разговор) 15:03, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори
Да, да Брест е во право, тоа е пак најправилно. --Тиверополник (разговор) 15:21, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори

Кремљ

уреди

Бидејќи на македонски називот е Кремљ, придавка изведена од оваа именка би била кремљски. Поз--Никола Стоіаноски 17:14, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори

За кулите

уреди

Потешко ќе ми биде да се објасниме за кулите, па затоа би те замолил да ми дадеш кор. име за Скајп или МСН преку „Испрати е-пошта до овој корисник“. па така ќе можеме да се договориме и за нив и за други работи што ти се на ум. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:15, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

Додавање на шаблони за датуми

уреди

Здраво. Забележав дека деновиве си активен околу додавањето на ваквите шаблони, но мислам дека таа работа може да се среди со бот. Со тоа, нема да има потреба да се мачиш, додека бото брзо и едноставно ја средува таа работа. Барањето може да го поставиш на страницата за барање на бот услуги. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:36, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори

Досега се реализирани повеќе проекти со ботот, но многу од нив ги нема на страницата. Но, сепак во право си дека треба доста да се чека за да се реализира некое барање. Сепак, доколку сакаш побрзо да се заврши работата, уредувај ги сам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:15, 15 октомври 2010 (CEST)Одговори

биографските статии

уреди

Здраво Тивер. Гледам правиш одлична работа со шаблоните за роден и починат. Само би те замолил уште ова. Кога веќе ги вметнуваш нив, ставај ја и категорија по потекло од град, како на пр: кичевци, тетовци, скопјани и сл. Позз--Р ашо  11:32, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори

Малку касно се сетив и јас, знам дека треба, но за да не се враќам назад, бидејќи ова не ми е основната цел, ќе продолжам следните да ги категоризирам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 11:35, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Секако си до пола. Немора да се враќаш. Продолжи само од сега. И уште нешто. Имаме многу статии за членови на ДПМ. Сите немаат категорија. Ако забележиш некој додавај категорија:Членови на ДПМ. Јас колку можам ќе одам по тебе и ќе ставам референци. Барем да ги снема шаблоните за нереференцирани статии.--Р ашо  11:40, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Нема проблем, ќе го ставам шаблонот, и ќе категоризирам колку што можам. --Тиверополник (разговор) 11:44, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Рашо, веќе кога сме овде кај категориите, според тебе која е разлилата меѓи Родени во Прилеп и Прилепчани? --Тиверополник(разговор) 12:20, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Голема. Родени во Прилеп е за тие што се родено само во Прилеп (но не и прилепско, бидејќи за тоа има посебна кат), додена Прилепчани е за сите. И тие од Прилеп и тие од селата кои гравитираат кон Прилеп.--Р ашо  12:25, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори

Но, на некои места сретнав и категории од типот: Родени во Прилеп, Прилепчани и родени во Прилепско. Не се сеќавам за кои градови беше, треба да се провери.--Тиверополник (разговор) 12:29, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори

Мора да било некоја грешка. Ако видиш, средувај--Р ашо  12:31, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Ок, поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 12:33, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
;) Исто и на тебе--Р ашо  12:43, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Ај уште нешто. Види тука. Си ставил шаблон само на датумот. А треба и {{роден во|Прилеп}} да има ист таков. И тоа води кон скриената категорија. Ако е роден во некое село вака треба да изгледа: [[Пешталево]], {{роден во|Прилепско}}. Знам дека е досадно и има многу, но сега е моментот да се среди еднаш закогаш. --Р ашо  13:03, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
... треба да изгледа: {{роден во|Пешталево|Прилепско}} наместо [[Пешталево]], {{роден во|Прилепско}}. А може да се додаде уште еден надпоим, пример {{роден во|Пешталево|Прилепско|Македонија}}, но најповеќе до три.--brest (разговор) 23:31, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Не, не треба да изгледа така. Селата не се градови за да имаат толку луѓе за статии. Во биографските статии доволно е само категоријата на селото. Всушност негаде читав за да една категорија биде нормална, треба да има барем 5 статии во неа. А таа за родени во селата (барем 99%) не ги исполнува критериумите. И мислам дека тоа е доволен аргумент.--Р ашо  23:50, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
Кај си читал дека една категорија за да биде нормална, треба да има барем 5 статии во неа? И што и фали на некоја ненормална категорија со три статии во неа? Еве пример Категорија:Родени во Ореовец (Прилепско) има само три статии, и е ненормална, арно ама од Ореовец се: Марко Цепенков (1), Петар Ацев (2), Мирче Ацев, војводата (3), Мирче Ацев, народниот херој (4) и Вера Ацева (5) хероина. И сега што категоријата станува нормална? Поентата е во тоа што кога некој категоризира не знае однапред колку статии ќе има во категоријата и дали категоријата ќе биде нормална или ненормална. Правилно е да се категоризира, од тоа не боли глава. --brest (разговор) 00:20, 18 октомври 2010 (CEST)Одговори
Brest, гледам очигледно контрирањето Ви прави поголемо задоволство од уредувањето. Ако сакате да продолжиме со дискусијава (всушност како и сите до сега кои завршиле „успешно“), прво ќе Ве замолам да го стопирате вашиот Бот (пред да „попие“ блок) за кој бевте замолени, а Вие игнорирате, за да се прекине со играта на 2 милиона уредувања, поради која сме извадени од статистиката на мета. Значи бидете фер и човечен и прекинете го на кратко (барем додека се договараме). Лека ноќ и ќе пишеме утре.--Р ашо  00:41, 18 октомври 2010 (CEST)Одговори
Ај сега ми забегуваш од темата. Овде на оваа страница се дискутира друго.--brest (разговор) 08:46, 18 октомври 2010 (CEST)Одговори
Знам, знам дека треба да е така, и се трудам. Ова сум го направил од брзина. Ќе се трудам да не брзам, а за досадата, нееееее, ова е најинтересно нешто на што сум се нафатил на википедија:))--Тиверополник (разговор) 13:06, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори
ОК е ако ти е забавно. Мене страв ме фаќа од помислата на сите тие статии кои треба да се средат. Ајде сека ја с да си продолжам со црквичките.--Р ашо  13:09, 17 октомври 2010 (CEST)Одговори

Еве, за тоа ти зборев Категорија:Родени во Струмица, Категорија:Струмичани, Категорија:Родени во Струмичко. Ги има и за Скопје, можеби имаи оште. --Тиверополник (разговор) 07:47, 18 октомври 2010 (CEST)Одговори

Овие категории се во ред. Ги има за сите градови. Пример Тоше Проевски е роден во Прилеп, но е Крушевчанец. Затоа кај него ги има Категорија:Родени во Прилеп, Категорија:Крушевчани. Или кај Томе Серафимоски на пример. Тој е гостиварец, но не е роден во Гостивар, туку во Зубовце. Затоа кај него имаме Категорија:Родени во Гостиварско, Категорија:Гостиварци. Мислам дека ме разбираш, нели?--Р ашо  08:32, 18 октомври 2010 (CEST)Одговори

Грешки

уреди

Здраво. Би сакал да ти обратам внимание на неколку работи што се од големо значење во енциклопедијава, но гледам дека се пропуштени или грешно направени. Твојот труд знаеш дека многу го ценам - што е причина повеќе да имаме исправни содржини (со оглед на твоите големи придонеси). Највеќето можат да се увидат во статијата „Културата на Англија“, но ги има на многу места. Можеби некои од грешкиве веќе ги имаш увидено. Не сакам да бидам ретроспективен, но бидејќи немам сознанија за тоа, мое е да го искажам сето она што го имам забележано.

  • непотребно членување на наслови на статии (насловот на горенаведената статија. Треба да биде „Култура на Англија“.
  • Кралеви со „од Англија“ или „Англиски“, „од Шпанија“, „Шпански“ и сл. Тоа во нашиот јазик (а бога ми и во многу други) се прави само за благородници, а не за кралеви и цареви. Кога сте чуле/виделе такво нешто? Самото име на кралот и редниот број до него е нормата, и предоволно е. Ако има владетели со исти имиња, тогаш во насловот се става појаснување, на пр. Филип II (Шпанија), а никако „Филип II од Шпанија“.
  • погрешна англиска транскрипција - Глочестершир, Ворчестершир, Личестершир. Ова се посебни случаи кои не мора да се знаат (но затоа има речници). Транскрипцијата на извесни вакви поими е следнава: Gloucester(shire), Leicester(shire), Worcester(shire) = (Глостер)шир, (Лестер)шир, (Вустер)шир. Southwark = Савак. Местата што завршуваат со -ham се предаваат во највеќето случаи со „-ем“ (Durham = Дарем, како што Buckingham е Бакингем).
  • грешен збороред и граматика, т.е. англиски граматички правила невидени во македонскиот. Ова го прават доста луѓе, а никако не можам да си објаснам зошто, бидејќи едноставно не гледам начин човек да се збуни. На пример, Лајтхед проектот, Дорсет Вини плавото сирење, Чешир сирење, Егзит фестивалот, Инфест саемот и слично. Во англискиот тоа е нормално бидејќи именките (непроменети) играат улога и на придавки (покрај тоа, секако, не се разликувајќи лични од нелични). Кај нас таквото изразување не постои и никогаш не постоело на ниеден начин и облик (затоа не ми е јасно како се збунувате). Ако е лична именка, име на нешто, тогаш ќе биде „фестивалот Егзит“, ако е име на место, тогаш ќе биде „Чеширско сирење“. Дури видов некој напишал „Арафура морето“ наместо Арафурското Море. Такви работи. Енциклопедијава е преплавена со такви неверојатни грешки. Дајте луѓе, ве преколнувам, вакви работи да не се случуваат. Исто така внимавајте дека, за разлика од сите кирилични словенски јазици, македонскиот секогаш бара пишување на сите големи букви во топонимите - Бискајски Залив, Средоземно Море, Големи Езера (Хјурон, Ири и сл.) и така натаму.

Се надевам дека сето ова ќе е од помош и дај некако да смислиме како да им го свртиме вниманието на сите што ги прават овие грешки. Сите можат да нè исмеваат и да си поигруваат со нашиот благороден труд, и тоа не како на енциклопедиски аматери, туку како на неписмени (и тоа, нажалост, со право). Затоа дајте да се средиме, ова нема никаква смисла. Од огромна важност е да организираме начин темава сите да ја прочитаат и да се усогласат со нормите. Благодарам на разбирањето. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:54, 3 ноември 2010 (CET)Одговори

  • Можноста за поправка се однесува на некои транскрипции, и, да речеме, ставање на големи букви кај географските поими. Но граматичкиот редослед и облик на зборовите, тоа не може да се поправи по автоматизиран пат...тоа ќе мора (некако, којзнае како) да ги чешламе страниците, и да правиме списоци, па да се организираме да поправаме рачно. Немам претстава како може тоа да се изведе без колосален групен труд. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:15, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

Заборавив да напоменам уште два почести топонима со необичен англиски правопис (пред да ги испуштам): Norwich = Нориџ и Warwickshire = Ворикшир. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:40, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

  • Сосема исправно судиш. Мора да оди на чешмата и да се заангажираме како за исправување на овие пропусти, така и за подобрување на квалитетот. И јас почнав со лидерите, ама тоа некако е премногу мачно, нема лезет и мерак во пишување како кај статиите со вистинска содржина (наспроти чисто наведување). Имено затоа постојат работни групи наречени википроеекти. Колективноста и ентузијазмот, волјата, сето тоа многу ни страда. Без разлика дали сме мала земја со малку народ. Некако немаме доволно учество и интерес и за толкави колкави што сме. Не знам, мошне чудна појава. Многу нешта што се сработени, сработени се од неколку души. Чудно, од 4 милиони народ, на една рака се бројат баш активни уредници. Тоа е просто социолошка појава за научно разгледување...Да, стави на чешмата и да дадеме на знаење да се гледа таму, ова што сега го споменавме, сосе горенаведените примедби и напатствија. Го поздравувам ваквиот трудољубив дух. Секое добро. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:13, 4 ноември 2010 (CET)Одговори

Пак да не заборавам: што повеќе избегнувајте користење на интернационализми (примев „егзекутиран“, што впрочем не ни постои во македонскиот. тоа се вика „погубен“). Користете речници, без речник не се преведува. Многу добри зборови ќе ви даде. Еве еден одличен. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:43, 5 ноември 2010 (CET)Одговори

Кремљска награда

уреди
 
Кремљска награда за придонесите во врска со Московскиот Кремљ.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Секоја чест! Следејќи ги твоите постојани придонеси и уредувањето на бројни стататии на различни теми, мислам дека се раѓа интерес кај многу корисници за темите со коишто сакаш да ја збогатиш Википедија. Твоите придонеси се многу повредни од оваа награда, којашто ти ја доделувам како почит. Поздрав и продолжи така и понатаму.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:21, 15 ноември 2010 (CET)Одговори

Грчки кралеви

уреди

Мислам дека е најпаметно да стои „Кралеви на Грција“, бидејќи грчки кралеви имало многу во антиката, и не се однесуваат на ова обединето грчко кралство. Инаку приметив пак „Ото I Грчки“ - треба да стои „Ото I (Грција)“. Друг момент: „монах“ значи калуѓер, а „монарх“ значи владетел. А имињата, за да не се повторуваме, јас ќе веќе ги уредив во статијата. Поздрав и секоја чест за големите и уредни придонеси, особено за Москва!! --Б. Јанкулоски (разговор) 12:12, 19 ноември 2010 (CET)Одговори

  • Други две работи. Германска транскрипција: ü се предава како „и“ (значи „Гликсбург“, не Глуксбург), а ö се предава како „е“ (Göring = Геринг). А династиите на македонски се изразуваат множински, како семејство (House of Habsburg = „Хaбсбурговци“, па така House of Glücksburg = Гликсбурговци). Ова не важи само за „-бурговците“, туку за сите династии кајшто има смисла да се прави на македонски (Hohenzollern = Хоенцолерни) и тн. Значи тоа 'House of' секогаш се испушта бидејќи тоа е англиска идиосинкратија. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:19, 19 ноември 2010 (CET)Одговори

Транскрипција

уреди

Тажно е, ако не и сосем патетично, аматерски, инфантилно и бедно е што практично сите наши медиуми не водат никаква сметка за правилно пишување на имињата и поимите. Дури и италијанските ги грешат, а камо ли корејските. Сè препишуваат директно од англиски, буква по буква, без око да им трепне. Колку што знам, во други „кирилични“ земји тоа не е така (освен Србија - донекаде). Постојат правилници за транскрипција (во правописите), а за тие јазици што нема сум изработил тука. А не дај боже да им текне да го отворат ова... --Б. Јанкулоски (разговор) 12:59, 23 ноември 2010 (CET)Одговори

Нова Демократија

уреди

Мислам ова е најдобро решение: Нова Демократија (2002). Во заграда е годината на оформување. Поз--Никола Стоіаноски 19:29, 23 ноември 2010 (CET)Одговори

Ha ha исто мислиме. Веќе си ја избришал видов, па мислам сега е средено сè. Поз--Никола Стоіаноски 19:40, 23 ноември 2010 (CET)Одговори

Инфлација

уреди

Здраво,

Не знам кој е авторот на статијата за инфлација (авторството не е ни важно), но сакам да Ви укажам дека статијата е целосно утната, т.е. е многу лоша и треба да претрпи ептен големи измени. Ова Ви го кажувам конструктивно, т.е. немам намера да ја девалвирам добрата намера на авторот на тесктот, туку само укажувам на тоа дека статијата е многу далеку од она што би требало да се напише за инфлација. Бидејќи сум професор по економија (супспецијалност: монетарна економија кад ешто спаѓа инфлацијата), ветувам дека наскоро, кога малку ќе подослободам од обврските, ќе направам една голема и сеопфатна статија за инфлацијата.

Поздрав,

ГП (разговор) 23:10, 24 ноември 2010 (CET)Одговори

Инфлација и Муса Демири

уреди

Здраво Тиверополник, пред некој ден започнав темелно да ја уредувам статијата за инфлација. Ставив доволно текст, но ќе дополнам и некои други работи. Денес, направив некои ситни технички поправки, апотоа, кога се вратив повторно на статијата, на големо изненадување, под насловот Инфлација ми се отвора текст за Муса Демири, некој албанкси криминалец од кичевско. пробав неколку пати и пак истата работа. Што е проблемот: грешка во серверот или некој намерно или по грешка ставил погрешен текст во статијата? ГП (разговор) 21:48, 25 декември 2010 (CET)Одговори

Шуто Оризари

уреди

Не, мислам не треба бидејќи Шуто Оризари е населба, а општина е посебна единица. Поз--Никола Стоіаноски 21:20, 4 декември 2010 (CET)Одговори

Меил

уреди

Здраво, веќе ти пишав. Провери си го меилот. Поз--Никола Стоіаноски 18:19, 13 декември 2010 (CET)Одговори

Избрани статии

уреди

Здраво Тивер. Како е? Сакам да те прашам, дали имаш некоја добра, средена и голема статија за да ја кандидираме за избрана? Планирам да предложиме неколку, некои ќе седнам да ги средам деновиве, за да имаме за цел месец јануари. Поз--Никола Стоіаноски 20:22, 28 декември 2010 (CET)Одговори

ПС:Ако немаш, дај да седнеме и да средиме јас ти и Кирил по две добри статии и да ги кандидираме. --Никола Стоіаноски 20:25, 28 декември 2010 (CET)Одговори
Епа тогаш кога ќе ја средиш Старогрчка митологија (текст, правопис и викифицирање) кандидирај ја. Инаку јас одбирам од таа листа на долги статии, па само ги средувам во поглед на правопис и викифицирање и од таму ќе земам две да средам набрзо. Штом си зафатен со Старогрчка митологија, заврши ја, па понатака ќе видиме. Поз--Никола Стоіаноски 20:47, 28 декември 2010 (CET)Одговори
Назад на корисничката страница на „Тиверополник/Архива 6“.